да синми нонстоп си спие во пижамки, може ако го повивам поубаво ќе спие без да се штрека бидејќи вака слободен ќе се удри со рачињата и се плаши ама полесно му е за спиење вака слободен
До 6 недели јас му облекував пижами што се копчат како шпикозни, а сега и дводелни и како шпикозни. Од мало треба да се навикне дека за спиење пижами се носат
И ние од прв ден спиеме во пижами Јас тргнав од себе, многу поубаво спијам во пижами отколку облечена во нешто друго. Претпоставувам дека и синко поубаво ќе нанка така облечен. Имаме три пара минијатурни пижамчиња! Едните ни одат комплет со ќебенце, абе да ти е мерак да спиеш!
Сигурно имате Стружанка во Охрид.Баш прашував во Скопје ми рекоа дека имаат шарени (бели со шари) 650 денари се десет или по 65 денари парче.
Ајде едно прашање до поискусните мајки .Колку парчиња боди ми требаат за почеток и дали да земам и 56ки и 62ки??? Нас терминот ни е 13 Октомври , така да секако ќе се по долги ракави, ако го земам во предвид и периодот на подолго сушење (пошто ќе залади нели) незнам со колку би можела да истуркам до 40 дена бар.
Според мене околу 10 за да бидеш на раат и да не переш преку ден два зависи колкаво че се роди бебето, ама имај неколју 56 и пивеќе 62. Брзо еатат бебињата а бидејќи доаѓа зима и малку поголемо води да носи не е страшно, одозгора секако ќе има шпихозни.
астра јас имав 5 боденца купено 3 пара хулахопчина и 5 -6 комплетчина за почеток. комплетчината беа знајш или дводелни или шпикозни со капче и нараквичина и лигувчина имав 2-3. чорапчина исто имав 3 пара. за почеток мислам дека се доволно. а понатаму како идат ќе ти носат па сега мочкава моја има фазла алишта од мене и маж ми
Баш сега се позанимавав и еве го нашиот шопинг за бебето досега : - 10 х боди со кратки *терминот ми е октомвири, и веројатно згрешив што ги купив со кратки ама такви се продаваат летно време - 6 х боди со долги - 8 х панталончиња - 3 х капчиња - 11 х лигавчиња - 2 х чорапчиња - 2 х ракавички - 2 х шпихозни - мора да докупиме - колку би ни биле доволни за 0-3? - дуксерче - бенкиче - јакничка - 4 х тенки прекривки - 3 дебели кебенца (ќе зоврие детето ) - постелнина (чаршави 3, 2 оградици, 2 перничиња, две навлаки за јорганче, јорганче) - 20 тетра - 5 осмици - 2 пешкирчиња - бањарки - едно мече и играчка онаа спирална на количка, на креветче што се става
Нема Стружанка и јас се зачудив (барем на веб страната на Стружанка нема продажно место во Охрид)...иначе не сум од Охрид тука ќе бидам овој месец, па бидејќи на големо се припремаме за бебушот...мислев да не најдам тука некои интересни...фала ти на одговорот во секој случај
можи моево прашање е глупаво ама оти служат тетра пелениве,оти знам дека сега памперс се користи.. ај некоја мамичка нека ми појасни во лп..оти наскоро и јас ке бидам мамиичка и секогаш ме бунат ваквите постови.
Тетра пелените се мултифункционални и имаат повеќе намени... - се користат за широк повој во првите денови-месеци, да се стават под главчето на бебето додека си спие, да се стават под бебето во количка, при лежење, кога не сте на домашен терен секаде каде што бебето лежи и може да бљуцне, на рамо за да бљуцне после јадење , за бришење, за покривање... *може да се користат и за одозгора при пеглање на нешто поосетливо Спојлер Некоја искусна мама нека додаде друга намена Корисни се од едноставна причина што се памучни и меки, пријатни за бебето, а можат да се перат на висока температура (инаку тешко дека може да се исчистат флеки од бљуцкање на облека која се пере на 40 степени) и да се пеглаат за додатна дезинфекција (за да се спречат осипи на лицето и телото на бебенцето) Поради тоа што се користат за се и сешто, никогаш не се доста добро е да се имаат повеќе парчиња - 20 пример!
ке благодарам срцка за објаснувањето,јас знаев само за широк повој,иако јас ке си поцнам со памперс сепак ке ги побарам овде оти не живеам во мк и не ни знам како ги викаат овде ама ке се снаоѓам само на синко да му биде убаво
На англиски се muslins или muslin squares...Еве линк од mothercare http://www.mothercare.com/Mothercar...-Pack/803604,default,pd.html#q=muslin squares
Мамички ве молам за помош ние сме влезени во 9 ти месец веќе се ни е спремно ми останаа уште неколку ситници,кажете ми каде да најдам водоотпорни чаршавчиња со ластик само долни ми требаат постелнини имаме поздрав до сите
Vo Jumbo gledav vakvi carsafcinja ama ne mi teknuva na cenata.. jas si zemav obicni podlogi bez lastik, ima razlicni dimenzii, moiete se 60 x 80 po 170 denari bea.. Odozgora si imam staveno obicen carsaf..
мамичкии, дали пумпа за носете ми е неопходна да ја купам сега или може воопшто да не ми притреба.. и која е подобра, денеска гледав ама немам искуство и незнам која си ја врши добро работата.. грицкалка за ноктињата, и таа незнам дали е ми треба да ја земам сеа или? хидрогден 3% дали ќе ми треба?? газички и 70% алкохол зедов.. топломер зедов дигитален.. павловичева земав, шампонче исто зедов, бекутан се. овие ги земав одделно, па сеа ќе треба да приземам.. пудрата дали ја врши истата функција како павловичевата? масло за тело дали ќе ми треба?? мнооогу прашаањаа имам а? за капките д3 не е рано да побарам сега рецепт ?? оти повеќе нема да одам кај матичната, уште оваа недела и толку.. аај ако можее помоош! хаха
За капките рецепт не ти треба рецепт јас така ги купив Пудра масла воопшто не користам со мустела ја мачкам целата од лиценце до газе За папочето мене ми рекоа само со спирт т.с алкохол 70 посто газа не ставав дека треба да дише и на петиот ден векје ни падна Топломер во ред е дигитален За ноктиња како ти е полесно така..на почеток се мн мали и тенки јас ракавички ставам страв ми е да ги сечам