1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Да споделиме искуства, совети и мали трикови за побрзо враќање во форма по породувањето. Кога мамички почнавте да вежбате и какви вежби? Особено за стомачниот дел да му се врати еластичноста и првобитната состојба. И како доењето ви влијаеше на враќањето во форма? Во неврзан разговор уште додека бев бремена чув од познаничка држела диета и доела, ама некако не ми е верно заради млекото да не се намали. Какви совети имате за нас тазе мами на ова прашање?
    И да, стриите после пораѓај, јас имам малку и се чудам што да им правам?М?
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.882
    Допаѓања:
    102.916
    Пол:
    Женски
    Јас за време на бременоста качив околу 13 кг , но потоа кога се измерив дома ми останаа 2 килца да симнам за да се вратам во нормала :D
    За враќање во форма немав толку време да одам да вежбам некаде или дома , цело време бев зафатена со бебето искрено главната вежба ми беше буткање на количката. :D Така да ако си заинтересирана да вежбаш нека ти кажат другите мајки какви вежби практикувале ;)
    Јас не ти препорачувам да држиш диети поготово ако доиш , ти сега треба да јадеш се ( повеке овошје и зеленчук , месо пилешко , телешко..) , за да биде квалитетно и млекото и да имаш и доволно :)
    За стриите... по пораѓајот имав малку и уште ми стојат така да мислам дека нема некој лек за нив :?:
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ништо ноел стриите сега ви се розеви или црвени а после4-6 месеци ке станат бели и тоа е крај со нив со тек ан време и со сончање можно и малку да избледат али углавном ке си ги имаш а за вракањето во форма после порашајот можам да ти кажам дека таа килажа од бременоста после2 месеци јас си ја вракав ама после од кај 4 месец на бебето си сттавав плус килограми и си ги носам :lol: :lol:
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Уште не сум почнала, ниту вежбам ниту пак планирам да вежбам се` додека дојам.
    Можеби и би имало ефект :?: , ама со оглед на тоа дека многу често и количински и калорично јадам едноставно сметам дека за џабе би вежбала.
    Имам 10 кг. повеќе, ама барем ме собра во 2-та пара фармерки што ги купив лани непосредно пред да останам бремена (еластичен тексас) и за мене тоа е доволно :lol:
    Малиов уште само цица и искрено не гледам дека сум ослабела поради тоа, добро малку стомакот ми е спаднат, ама пак имам спојлери и тоа 2. камуфлирам со мидер ;)
    Диети не држам и нема ни да држам се` додека цица. Планирам некаде на пролет да го одбивам, кога ќе има некои 8-9 месеци, а потоа активно се фрлам на слабеење и со диета и со вежбање. :) Тогаш ќе видам што ќе практикувам, засега не се замарам, едноставно си уживам во храната додека можам :lol:
     
    На Lana del Rey и NoellePage им се допаѓа ова.
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    И јас симнав веднаш 10кг по пораѓајот, а сега еве останаа некои си 6-7 килца кои мачат. Најтешките мислам. А за камуфлажите Лолита, камуфлираме како знаеме и умееме :lol: Тоа кај зимски бебуши, нема многу надвор со колички шетање, па ќе мора низ дома да сме креативни
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    ^^Jaс шетам количка по дома :) .
    Sега малиов ми фати навика во количка да го успивам. До душа полесно ми е, тежок е и не се држи во раце повеќе од 10-на мин., а некогаш ми треба повеќе време да заспие, па така јас буткам количка и на тој начин си ги вежбам рацете и нозете. :D
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Јас почнав со диета кога ќерка ми имаше 6 месеци. Не траеше долго, некои 3 недели, ама строга беше, од оние режимите на Тања и Цеце, ја препишав од некој. Тој период ослабев 7 кг, колку што имав вишок.

    Инаку ќерката ја доев речиси до година, и диетата не ми влијаеше на млекото. Сепак, решив да не почнувам порано од 6 месеци, туку кога ќе почнам посериозно со дохрана.

    Со синот ослабев дури после година и пол, и тоа прво се здебелив уште повеќе, некои 7 килограми плус од оние 7 што ги имав од бременоста, значи вишок од 14. Тоа ми е највисок резултат :D . Се стегнав, и ги ослабев, ама две години подоцна со стресови на работа пак качив 7 кои еве ги имам веќе две години и уште се мачам да ги симнам.

    Знам дека не чини да се вежба додека се дои, или треба да се измолзуваш, па на крај памет не ми паѓаше да вежбам. Три месеци по породувањето пробав да правам стомачни, ама не можев од раната, и се откажав.
     
  8. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Јас почнав во депресија да паѓам ,ич не си го сакам телово неможам да се помирам и со кг и со стрии.
    Имам 10 кг да симнам ,сакам на диета да се ставам ама и ова млеко малку што го имам ќе го снема ,а за вежбање еве сега трети месец ке почне па сакам да пробам мислам дека нема да смета на царскиот.
    Инаку незнам за другите кои се со царски ама јас долниот дел од стомакот уште не го чуствувам ,језа ме фака како утрнато ми е местово до кога вака :^) .
    А што се однесува до гардероба е тука е проблемот во ништо не се сакам, сакам да си купам нешто ама ме фака страв да одам по продавници и да се разочарувам (пишете од кај да се снабдам со добра гардароба да е младелачка а со поголем број ,или научна фантастика е тоа ).
    И уште што да пишам само фрустрации од мене ке читате ;( ;( ;(
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Во бременоста се здебелив некои 13-14кг, после породување во минус бев 5 кг најмногу. На почетокот не се заморував многу со тежината, не можев да вежбам поради царскиот рез, а на диета не мислев да се ставам поради тоа што доев. Стомакот ми се повлече прилично поради тоа што носев мидер, ама најмногу го носев за да не ми тежи вишокот над раната. Јадев доста овошје (иако го мразам) и зеленчуци, пиев многу течности, јогурт и млеко за јас да имам млеко и џабе, на син ми не му беше доволно, па го дохранував. Меѓутоа, кога направи 6 месеци, не сакаше да чуе за никакво друго млеко освен моето и тогаш ми се чини дека буквално ме стопи, некои 7-8 кг бидејќи многу цицаше, а сè уште имаше само два немлечни оброци. А кога наполни 9 месеци, и јас почнав да ставам на тежина бидејќи веќе млекото не му беше главна храна. Со лесни вежби почнав некаде после 7 месец од породувањето, колку да се зацврстам, ама и тие ги баталив. Летово видно ослабев во обем, сега некако се трудам да го одржувам тоа, со модификација на Дајмонд начинот на исхрана (не го можам овошјето ;( ).
    А за стриите, јас немам на стомакот од бременоста, мене ми се од порано. Исто и на колковите. Така што, не им се замарам. Ама целулит имав за извоз. Сега ми е видно намален после масажите во салон летоска, и сега постојано кога можам се масирам дома и се мачкам со антицелулитни кремови.
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Кога се породив со син ми ,дома се вратив со 1кг плус од оние што ги имав пред забременувањето,така да и немав што да симињам.Со ќерка ми се вратив со 3кг во плус,но и тие ,а и плус уште 2-3 кг ми ги снема од јадење само леб/двопек и павлака или абц крем ,во првите 4 месеци ,се со цел да не и правам грчеви кои и онака ги имаше .Во принцип јас никогаш не сум имала проблем со килограмите ,а и кожата ми е многу еластична па веќе до 40тиот ден стомакот ми беше рамен.Е сега да не биде дека не сум вежбала :D до 4 месеци малата по некои 20 часа ми беше во раце,а тоа е и тоа како вежбање,па дури и мускулите на рацете ми се зајакнаа.Од шетањето по дома освен по некој испукан капилар по нозете ,друга промена нема ;) Сега после речиси 11 месеци и ноќи и ноќи неспиење имам едвај 48 кг и мислам дека ми фалат некои 2кг плус ,за да си бидам онаа старата со малкууу мевце на мене :!:

    За жал тапото чувство останува засекогаш па дури на моменти може да го чувствуваш како да ти се превртува/прескокнува и тоа обично при промена на време,а и при месечниот циклус.За среќа при втората бременост не прави проблем ;) Мислам дека вежби по царски смеат дури после 6тиот месец :^)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    јас имав срека да ги намалам килограмите одма и без некоја мака :D
    качив 15кг а симнав 17кг
    на почетокот од кога се породив уште си ги носев трудничките пантолони, пошто старите тешко ме факаа ама сега таман ми се :)
    не држев диети , пошто и така пребирлива сум во јадење , ке треба да се изгладнував а ја доев малата :)
    вежби исто , немав време а ни желба :|
    имав земено цд Зумба , како демек ке вежбам :x ни вежбање се види ни ништо
    Со количката натака навака ја шетав малата и то
    :wasntme: :wasntme:
     
  12. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Ама ме утеши :worried: јас си мислев дека ке помине а тоа осакатена за секогаш.
    Браво за сите мамички што си немаат проблем со кг ,останува ваквите како мене да ви завидуваат.
    Ајде сега кажете од каде да си купам нешто убаво може се чуствувам жива барем малку ,знам вие си немате проблем но ако знаете некоја продавничка со XL облека пишете :call:
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Leontina како јас да сум пишувала. Потполно истото чувство, неможам, несакам да се гледам. Стомакот, не би одела ни во вц само за да не си го гледам :worried: Стрии, вишок кг, па ми се појавија на зглобовите на прстите и некои темни флеки, а дека имам бел тен ептен ми се познаваат.
    Што и да облечам како некоја дебела тетка се гледам.
    Ај се ова физички, да не почнам за психичкиот дел после пораѓајот, полошо незнам дали може да биде :x
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    ајде драга само ведро размислување треба , па килограмите и ке се симнат со мала упорност
    Па сме родиле , неможе да се очекува одма да изгледаме како манекенки :$
    ;)
    јас дека цело време по дома , страв ми е да се погледнам во огледало ...
    коста не средена , цело време фатена
    сум си се здосадила сама на себе ваква
    :| треба да си посветам повеке време , ама како кога цело време сум со бебуш натака навака
    :sweat:
     
  15. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Некои викаат се се може кога се сака,епа јас сакам да одам да се шатирам ама како :?: ,три саати ми требаат а бебево кај да го носам,претходниот месец исто ме фати депресија и ај да не одам кај мојата фризерка бидејки ми е подалеку тркнав тука во мало и што да ви кажам наместо во депресија во септичка јама паднав што би рекол Тошо ме унакази,а мажот ми да ме утеши ми вика е вака некако послаба ми изгледаш, дал да плачам дал да се смеам беше работава.
     
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Бебуш мој е мал, малкуцка да потпорасне, па да им ги оставиме на татковците мили да се частиме некој повеќечасовен третман за релаксација и разубавување, со слатки мали здрави закуски, чак и шампањ може да се нарача.Па сите мами заслужуваат да се најубави. Колку и сите бљуцки на бебуши и бељи на поголемките дечиња да се слатка мака со растењето, па мама заслужува најдобро за на најмилите да им уште подобро. Педијатарот мој му вика на мм Пази ја многу мама, дека кога мама е среќна сите се среќни, а кога не е, е тогаш да му ја мислите колку тешко е :)
     
    На daki-86, Micika80 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Леонтина па немав намера да те растажам ,само да ти кажам за чувството околу резот.Јас мојот после првото породување го немав пипнато цели 4 години,значи кога се бањав таму не пипкав,ама сега некако дека навикната на чувството(а и ти ќе се навикнеш) па немам гајле.И јас кога се породив се чувствував лошо ,но почнав да се облекувам во сукњи и по дома да шетам со штикли,па дури и да се шминкам секој ден и некако брзо се почувствував секси и како жена.Јас после 3-4 месеци отидов на фризер и тоа во Сандра зошто се многу брзи за шатирање и договорот беше ако ми се јават одма да си одам ,сосе фолии ,сосе се :)Среќа ќерка ми издржа ,па се вратив само со мокра коса :tmi:Е сега косата што ми ја изгореа ,тоа е веќе друга приказна и за во друга тема,ама па битно јас си го направив кеифот.
    Ако немате на кого да ги оставите децата ,донесете ги јас ќе ви ги чувам ;) Се само да бидете среќни :*
     
    На Eli23, girl1985, meU и 3 други им се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    сега може тешко ни е вака .. ама па ке си се врати се во нормала ;) ;)
    Како што кажа Ноел ке закажеме повекечасовен третман, или па Спа викенд некаде мммм
    др исто и јас почнав по дома да се шминкам , сеа не многу ама за разлика од претходно има и те како има разлика :$
    Јас си се тешам , кога сите мои другарки ке се мажат и ке имаат бебенце ке поминуваат низ сето ова што јас го минувам сега .... Јас ке имам веке пораснато дете ^_^
     
    На wolf4e, koritsaki, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас со ништо неможам да се утешам, шминка заборавив како изгледа, за фризер ми плаче косата, вчера кога се видов дека до половина ми е порасната лошо ми стана, ја носам постојано фатена во пунџа за да не ја јаде бебушот, па не ја гледам, инаку катастрофа невидена.
    Гардероба немам никаква, среќа мајка ми ми купила два пара тренерки. Погледот постојано ми бега по излози од бутиците, но брзо ми текнува дека ништо не би ме собрало.
    Немам волја ни за гости, ни за луѓе околку мене... страшна работа, дај Боже само што поскоро да се вратиме во форма.
    АИТ срце се :*
     
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Јас во бременоста се поправив 10 кила, а бебе се роди 3.400, и по тоа не се измерив, ама сооглед на тоа што за два дена излегов од дома во најтесните фармерки од порано, пртпоставувам дека сум била само 1-2 плус, од пред бребеноста. За среќа немав скоро никаква промена, на стомакот му требаа3-4 недели да биде со скоро ист изглед, стрии немам, ниту една, целулит ниту грам. Истата бев после 40 дена. Не вежбав многу, после 40 дена почнав, ама иако не бев со царски ми беше чудно, па прекинав, па после не вежбав туку чат пат подвежбував. Не би знаела на што се должи, можеби е генетски, или пак е резултат на здравиот начин на живот и исхрана кој го практикувам со години, а посебно внимавав во бременоста. Ниту едно утро не ми почнува без чаша вода со лимон и ѓумбир, и зелен чај, овошје,па дури после појадок. Бебе не цицаше скоро ич, неки месец дена се мачевме само, така да, веројатно на ова се должи, е сега во моментов сум најслаба за последниве неколку години, ама и за првпат стомакот ми е подуен и ми е проблем, не пуштен, не голем, немам ни спојлери ни салце туку подуен, најверојатно затоа што малце повеќе се опуштив со храната, јадам скоро се што не ми е по крвна група, ама еве, работам и на тоа, да се вратам на стариот режим. До оние што немале толку среќа како некои од нас, останува повеќе труд, како и за се во животот, и да знаат дека ништо не е невозможно, и возможно само од себе, преку ноќ, туку полека, чекор по чекор, со упорност ќе стигнат до посакуваната цел. Мислам дека првенствено треба да сме среќни што сме мајки, да ни се здрави сонцата, и со тоа да можеме светот да го поместиме, а да не правиме муабет за неколку кила, и целулит. Менување храна, и вежбање барем по 40 минути, 3-5 пати неделно, од време на време некое парче гардероа, фризурка, и среќни мајки, среќни деца.
     
    На okcenzi, wolf4e, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.