PEPELJUGA2 напиша:teddygirl напиша:Незнаев каде да го сместам овој пост, но мислам дека ова е најдобра тема затоа што здравје боже ако сум и во иднина со дечкоми типката ќе ми биде јатрва.Значи стварно не знам што се случува, но уште од самиот почеток иако има поминато цела година она никако не сака да ме прифати.И додека сите ми зборат,ме прифатиле неговите како да сум ќерка нивна онa све под око ме гледа.Кога беше скарана со дечко ми не ми збореше ни мене.А кога пак ми збори повеќе од едно здраво немаме.Неможам да ви опишам колку ми е глупаво и некако во себе се измачувам кога ќе појдам кај дечко ми ако е она тука.Пред 2-3 недели се верија тие али она сеуште не с епреселила таму,така да кога она не е таму јас сум ведра,насмеана, зборам а кога е она тука јас уста не отварам, просто нема ни да забележиш дека сум во собата и јас.За на дечкото родителите неможам да кажам лош збор како и за брат му, со нив имаме супер комуникација али со неа...Дали тоа што порано дечко ми немал никогаш долга врска и не идела никоја кај нив и сега ја фаќа страв јас да не и превземам дел од вниманието на другите што кон неа било насочено изминативе 8 год. е причината незнам.Утре треба да идам на ручек кај нив, мајкаму планирала семеен ручек па сум повикана и јас, али верувајте не ми се иде ич.Еве вечерва после 1 недела одам кај дечко ми и она беше таму.Како и секогаш поминав се поздравив со сите а исто и со неа и она знаете ми рече само едно здраво онака низ заби и ни збор више.Мајка му и татко му ќе ме прашаат нешто и јас уште не сум одговорила на тоа што ме прашале она ќе ги праша нешто нив и така да јас нема ни да одговорам на тоа што ме прашале.И така вечерва дури седев на тросед се трудев со сите сили да не заплачам.Не знаете како е кога некој ве игнорира а не знаете за што тоа го прави.Да сум имала со неа некогаш комуникација, дружење па да сум ја навредила би разбрала али вака овие постапки не ги разбирам што се од нејзина страна.Никогаш до сега не сум се пожалила за ова,секогаш го притискав во себе али вечерва на дечко ми прв пат му кажав и се изнаплакав.Он ми вика као дека сите го имаат забележено тоа, и дека на никој н ему е јасно зошто го прави тоа и дека според него немало потреба да се замарам со некоја кокошка како незе.Што да правам, како да се однесувам за да најдеме заеднички јазик?
Мила да ти кажам и јас го имав истиот проблем што се случи додека одевме со маж ми таа беше ладна со мене а свекорот и свекрвата ок како да ме сакаат како ќерка, е после од кога се веривме почнаа малце да се менуваат старите а откога направивме свадба им го сврте паметот на старите и тие ме гледаат со други очи.Таа си користи се ги финансираат за ништо пари не даваат,а јас и маж ми оставени сами на себе и што е најжалосно неможеш да кажеш лош збор за нив сега.Те советувам покажи заби од почеток зошто после касно е,и гледај си го дечкоти а другото не фермај само почитувај како родители,брат и снаа на маж ти.Најбитно е дечкоти да те подржува во све сама неможеш ништо,ако ќутиш како мене готова си.Таа ти љубомори да ти кажам искрено како на мене јас да не се жалам ама имам повеќе пари слобода пријатели итн. од нејзе и тоа најмногу ја боли,остај живци за чување деца малада си.....
Знам дека ми љубомори, тоа ми е јасно од самиот почеток.А за заби да покажам хмм јас сум мн наивна и едноставно неможам да реагирам така, полесно ми е од ко ќе си појдам дома да се изнаплачам од колку да се расправам.Дечко ми во се ме подржува, и тоа ме држи а за тоа што викаш дека неговите родители се смениле после вашата веридба, неможам да коментирам останува времето да си го покаже своето.Се надевам ќе се среди






