ТЕМА: Втор брак ДА или НЕ?

Мислење 31 Јан 2012, 19:49

Накратко ќе кажам дека сум за. Верувам дека во втор брак и те како е потешко да се стапи, пред се поради страв од неуспех, но мислам дека секој треба да има човек покај себе што ќе му дава подршка, љубов и внимание.

Туку ми одвлече внимание расправата за Калиас. Не треба да си светица за да запазиш некои основни човечки норми. Да не бидеш себичен и да размислуваш малку за другите луѓе околу тебе. Особено па во овој случај кога станува збор за дете! Нема ни да влегувам во туѓа кожа, ниту па да се ставам во таква умрсена ситуација ако не сум спремна за тоа. Разбирам и љубов и се, но да ти се превртуваат цревата од неговото дете? Па затоа тие бракови и не се за секого и се голем залак за оној што не може да го проголта. Што ли ќе биде ако имаат дете од новиот брак? Едното дете сакано, мазено, чувано, а другото вечно отфрлено и запоставено од едниот родител. Па после следува ривалство и љубомора помеѓу децата. Да, можеби не го родила, но не може да се однесува ко да и е некое комшивче од улица.
Но го окривувам и мажот. Треба многу да се пази каков човек носи во домот каде што му расте детето.

Не сакам вакви егоистични размислувања и тешко на тие деца што треба да поминуваат низ вакви моменти. Место да се ставате во кожа на невестата, пробајте малку во таа на детето.
Аватар на корисникот
Giovanna

Сино цветче
 
5531
Мислења: 169
Зачленет: 20 Јан 2011, 08:39

Мислење 02 Фев 2012, 17:13

Јас мислам дека не би можела,само би била во врска...
Аватар на корисникот
maca99

Жолто цветче
 
14702650
Мислења: 1755
Зачленет: 19 Сеп 2010, 22:54

Мислење 02 Фев 2012, 17:36

Секој заслужува втора, трета ...шанса која според него ќе му го подобри животот.
Секој заслужува среќа, љубов, внимание, почит...
Кога сме во врска, ако ни е убаво остануваме во неа, ако не ни е ,бараме човек покрај кој би се осеќале среќно, сакано и исполнето.
Која е разликата од брак до врска??? И во бракот треба да се има врска помеѓу партнерите, жално е тоа што 90% тоа го забораваат, веројатно поради тоа што сега нема веќе потреба од докажување и искажување љубов, чувства, зошто нели партнерот сега ни е сигурен. НЕ , НЕ Е ТАКА.
Една врска, дали е на хартија или не се негува постојано, за да трае.

Некој ќе каже “не е така, во бракот има деца“. Да, има деца но, што кога тие деца ќе пораснат, што ќе прават двајцата партнери, вечно ќе останат сами??? Ма ајде, малку реално да погледнеме, на кое живо суштество му е убаво да биде вечно сам?? Пак ќе каже некој , “не е сам, има пријатели, деца, внучиња“.
Да сите ние имаме пријатели,али ај сеа малку реално, колку тие пријатели се тука секој ден да се гледаат со вас, на 50-60години, зарем вас ќе ве тинтрат? Е за тогаш ,за тие денови е потребно да си имаш “другарче“ до себе, а уште поубаво и помило е кога тоа другарче ќе те сака, почитува и кога би имале некои прекрасби заеднички моменти на кои би се присетиле. А тогаш, децата ќе се далеку со своето семејство.

ДА , јас сум за втор, трет, четврт брак, јас сум за среќа, љубов, разбирање, без разлика со кој партнер ќе го пронајдам тоа и ќе го барам се до оној момент додека не го пронајдам(иако сметам дека веќе го пронајдов :inlove: ).
Аватар на корисникот
meU

Сино цветче
 
25254
Мислења: 473
Зачленет: 22 Ное 2010, 15:03
Слика

Мислење 03 Фев 2012, 19:28

Jaс искрено се надевам дека мажот на Калиас ќе го прочита ова.
Кога веќе не му кажала дека од детето негово таа добива нагони за повраќање, тогаш тој добро ќе биде да го знае тоа
Во брак сепак мислам дека се влегува со човек со кој ќе те врзува и неговото минато и твоето. Треба да се прифатите како такви, а ако не за друго треба барем да го почитуваш детето затоа што е дете на твојот маж.
Згорзена до немајкаде сум.. тешко на детето..само тоа ќе кажам.

Инаку да. Сум и за втор и за трет брак. Ако не оди, зошто да се нервираш непотребно.. кога и за тоа има решение?
Не би сакала тоа да го доживеам нормално, но и да би..нема да се затворам во себе.
Со македонските старински сфаќања, секоја што има втор маж.. сигурно во бракот со првиот се курвала.
Аватар на корисникот
Ashling

Зелено цветче
 
1369228
Мислења: 993
Зачленет: 19 Дек 2010, 15:43

Мислење 14 Мај 2012, 14:53

meU напиша:Секој заслужува втора, трета ...шанса која според него ќе му го подобри животот.
Секој заслужува среќа, љубов, внимание, почит...
Кога сме во врска, ако ни е убаво остануваме во неа, ако не ни е ,бараме човек покрај кој би се осеќале среќно, сакано и исполнето.

ДА , јас сум за втор, трет, четврт брак, јас сум за среќа, љубов, разбирање, без разлика со кој партнер ќе го пронајдам тоа и ќе го барам се до оној момент додека не го пронајдам(иако сметам дека веќе го пронајдов :inlove: ).

Се согласувам :!:
секој има право да биде среќен
ете може првиот пат се избрзало,не се познавале доволно.... :tmi:
simonice

Сино цветче
 
1117
Мислења: 144
Зачленет: 10 Мар 2012, 17:31

Мислење 17 Мај 2012, 13:38

Јас сум ну втора жена на мм. Тој има ќерка 18-годишна од првиот брак. Кога се земавме таа имаше 14 години. Јас родив дете кое сега има 4 години, и се сложуваат многу убаво со сестра му. Ние го учиме дека таа му е сестра (што и вистина е) и тој така ја доживува. Одлично функционираме. Девојчето многу ме почитува и цени, ме прифатила како жена на татко и, свесна е дека нејзините се развеле бидејќи не можеле да функционираат заедно, и секој си тргнал по својот пат. Од кога сум дојдена кај маж ми, таа (поќерката) не ме ни погледнала лошо, а камоли да ме навреди или рече нешто што не треба, но и јас враќам со иста мера. Мила ми е, и ја почитувам, се трудам околу нејзе во секој поглед, се грижам дали и е добро, дали јадела, како е во школо.....значи скоро како да сум и мајка, зошто таа си има здрава и жива мајка со која контактира, и јас си имам мое родено дете, и не можам да речам дека не правам разлика меѓу неа и него.
Зборот ми е само напред, дали е прв или втор брак нема врска се додека има разбирање, љубов и толеранција. :!:
Аватар на корисникот
bibitri

Фем почетничка
 
50
Мислења: 35
Зачленет: 21 Јан 2010, 13:55

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: ana.s.28, kuc, nitokris и 9 гости

Site Meter