Ме интересира дали е можен абортус со помош на таблети кога се работи за рана фаза на бременоста ? Името на таблетите и точното време до кое што би биле ефективни (мислам на периодот после нормалниот циклус)
Да, постои, и мислам дека може да се направи најдоцна до 9тата недела од бременоста. Ефективноста на таблетите е доста голема, 97 од 100... ( The name for "the abortion pill" is mifepristone. It was called RU-486 when it was being developed)
Мислам дека има и дека се за до 4та недела бременост, ама не сум сигурна.Ама и така сигурно треба рецепт за нив, па прашај на гинеколог.
^Во Австралија се користи апчево(две се не е едно)последниве 3-4години се дава за прекин на бременост до 8недела значи рана бременост.После испивање на првото апче се пие второто после 12 часа и абортусот настанува во наредните 24-48 часа.Овој метод на прекин на рана бременост е помалку инвазивен од класичниот(нема анастезија,вшумкубање на плодот)и досега немало некои поголеми нус појави како искрварување итн.Самата постапка е под надзор на лекар или може и дома да се врши само ако е општата здравствена состојба во ред.Самото апче е доста скапо во Австралија е околу 450-500долари што е околу 25000денари,само мислам дека во МК сеуште го нема.
леле ама ме наежи темава уф леле ми се згрози сања1993 ако имаш некаков проблем, консултирај се со гинеколог, немој ништо да превземаш сама, оти само можеш да си наштетиш со вакви работи не се игра играчки и не се експериментира
Добро бе девојче зошто се мешаш во секоја манџа,нема потреба од наежување и абортусот е секојдневна појава. Апчево може само ЛЕКАР да го даде неможе на своја рака да се зема,значи мора лекар да востанови бременост,да изврши преглед на здравствената состојба итн.А апчево во секој случај за рана бременост е 100 пати посигурно од класичен абортус.
зошто да не се мешам кога сакам да и помогнам битер свит сум премногу чуствителна и неможам да го смислам овој процес бе што е толку чудно??? и некако ми е чудно со лек ама таа која си има мака си знае.
^па баш затоа дека сакаш да помогнеш а немаш познавање,значи некој го измислил тоа апче тоа е тестирано и одобрено за употреба.
битер свит точно дека имам познавање од темава-учев средно медицина и познавам личности со вистинити случаеви на абортус ете затоа МИ СЕ ГАДИ И НЕМОЖАМ ДА ПОДНЕСАМ абортус, ниту дебати на оваа тема како што велат дека после е*ење нема каење така и после несакана бременост нема така лесно ослободување-некако ризично е со лекови ама тие што ги имаат овие маки си знаат
Јас напишав дека немаш познавање,по самото тоа што си напишала после е*ење нема каење се гледа твоето познавање.Абортус се врши од безброј причини има девојки кои се силувани,има девојки кои имаат плод со малформација итн Ако неможеш да ја поднесеш темата зошто коментираш,прескокни ја. Самото тоа што си завршила средно медицинско би требало да бидеш малку потолерантна и да даваш ако знаеш стручни одговори,а апчето за абортус не е лек,не лечи ништо,предизвикува грчење во матката за ослободување од плодот.
мислам дека кај нас се уште го нема инаку постојат во поразвиените држави и се една од најновите методи и многу попрактични и со помал ризик јас за оваа метода слушнав пред 2 месеци од една моја другарка кој сега е во германија та таму абортираше со апчиња во 6 та недела од бременоста
Aбортус Може ли некако да се абротира во 3 недела од бременоста ама да не е на клиника ....... итно еее
Aбортус Колку што знам јас не, а и нема играчка со оваа работа. Ако си во прашање ти или некој твој близок те советувам пред се да размислиш дали МОРА да го направиш тоа. Ако си цврсто решена тогаш (По искуството на моја блиска пријателка) ќе те советувам тоа да го сторите на проверено место. Мојата пријателка имаше абортус во 4 недела го направи во Неуромедика. Абортусот колку што се сеќавам ми кажа дека чинел околу 7-8.000 но без киретажа (гребење на матката) туку со вшмукување на плодот (некоја нова технологија) траел околу десетина минути. Девојче провери крвна група, да не си направиш проблем. Разговарај со некој близок по возрасен. Немој да направиш грешка за која цел живот ќе се каеш. Многу работи можат да се искомплицираат, размисли убаво. Не брзај!
Aбортус Има некои приватни гинеколози кои го прават тоа,но мораш да знаеш дека тоа е премногу ризично .Сепак болница (дали државна или приватна) е најдобриот избор.