Модератор: Во оваа тема нашите идни мамички ќе можат да се консултираат во врска со различни болки со кои често се среќаваат, најчесто загрижени дали тоза што им се случува е нормално. Тука ќе можеме да се советуваме за болки во грбот, главоболки, зуење во ушите, киселини, и други состојби кои не мачат во текот на бременоста. Луѓе помагајте , 30 недела сум и имам ужасни болки во грбот и почнаа ноќе да ме будат ужасни киселини ....некој совет , лек , вежби било што на некој што му помогнало
Киселини и болки во грбот За киселини, од искуства на други, што повеќе да јадеш морков. Морковот најмногу ги неутрализирал киселините и го регенерирал желудникот . Покрај морковот, можеш да јадеш и мед. Исто и тој многу помага.
Киселини и болки во грбот taska јас киселини имам од самиот почеток на бременоста и до ден денес ме држат. Единствено нешто што ме спасува е јадење , почесто , а помалку. Јадам на одприлика 4-5ч. Од сабајле задолжително доручкувам веднаш штом ќе станам, после 5ч. јадам ручек без леб, наредното јадење може да е со кришка леб и сл... Инаку имам читано дека киселините се сузбивале и со чаша ладно млеко, меѓутоа после тоа се создава во организмот многу поголема киселина. Компотот од суви сливи мене ми помага за одење во вц, што ми е голем проблем моментално. И да ти кажам на крај се и свашта пробав, но тоа е, ако имаме киселини џабе ни е се, пак ќе мора да си излезат. Ајде ти при крај си, храбро и смирено, наскоро сето ова ќе ти биде едно минато Заборавив да ти допишам за болките во грбот, нека ти прави сопругот секој ден блага масажа , по еден или два пати, а кога седиш седи со перница позади грб. Засега мене тоа ме смирува.
Киселини и болки во грбот И јас имав премногу киселини.Викаат дека детето ќе се роди со косичка,моите и двете се родија со коса. Си пиев Рупурут,безбедни се за време за бременостаНо немој на своја рака,прашај лекар.Немој премногу зачинета храна,за компот од сливи не сум слушнала. За болките во грбот,нека не те плашат,тоа е од тежината.Пробај со јога вежби,слушам многу им помагаат на трудниците.
мамички јас осетив болки долу кај органот некој како да ме сече мн ме заболе неможев да одам а и на десната страна јајникот ме заболе ама во пооловината не осетив ништо има ли шанси да се тие најавувачките боолки?
девојки цел ден имам болки како менструални а посебно ко се движам некој како да ме сече во петокот правев цтг немаше контракции па нз што може да е?
Еленика а имаш болки постојано или на периоди, зошто јас имав вчера болки не беа силни од типот на оние менструалните ама не на периоди и една пријателка ми кажа дека не е ништо страшно дека бебето се местело во положбата за раѓање. позз
не се на периоди ама почна сеа и грбот да ме боли али овие се трпат болки само некако чудни ми се како некој да ме сече кај јајниците нз како да ти опишам поз
Здраво мешиња. Сакав да се консултирам. Имам претерано јаки болки во пубичната коска. Какво е вашето искуство со тоа????
Постојано боли. Почна пред околу една недела. Не сум имала прилика да слушнам па се мислев дека ми е нешто од температурата и настинката која баш убаво ме изнамачи неколку дена.
може ми е малку глупаво прашањево, ама со текот на бременоста како што расте мешко се осека се позатегнат така?? јас веке почнувам така да осекам, и ако стојам повеке време ме заболува во грбот дијагонално со желудникот
јас во поселдно време се почесто имам болки во долниот дел на стомакот, и тоа такви болки како што се менструалните, и треба да легнам да ми поминат, инаку не поминува и неможам да одам на долги стази. На некоја и се случува ли ова во овој период од бременоста? нормално ли е?
^^^ Кој месец си?? Јас чувствувам исто, не премногу често. Не се баш болки, повеќе е како тап притисок. Не ме плаши искрено
Пробај повеќе да одмараш. Влегуваш во по ризичен период од бременоста, така да не се форсирај. Ова ти се лажните Брекстон контракции, но многу е рано за да ги осеќаш до таа мера да мора да легнеш.
јас денес повеке време пешачев , и сега од време навреме и јас осекам така некои послаби болки како менструални во долниот дел од стомакот може е од пешачењето