здраво девојки вќера прв пат испитав ова,д-димерите ми изнесуваат 1124,2 и сум 7 месец,до понеделник не можам да одам на гинеколог па сакам да прашам дали некој има претстава за ваквите бројки и што се всушност д-димерите не сум сигурна дали има ваква тема колку што видов нема, а доколку има КЛУЧ.
д-димери во бременост незнам што точно е нивната функција мада мислам дека е поврзана со коагулациониот систем. Јас испитував два пати, еднаш во 2-ро тромесечие и еднаш во 3-то тромесечие поточно во 31 недела. Првиот пат ми изнесуваше 700 и нешто, а сега вториот пат 1069 и на последниот лист отпозади ми пишува дека коагулациониот наод е соодветен на гестациската недела, мора и кај тебе такво нешто да пишува провери убаво. И кај тебе е во ред, некаде како да имам прочитано дека кај бремена жена е дозволено до 1500. позз
д-димери во бременост Здраво на сите идни мајки ,јас сум 6-ти месец бремена и денес ми дадоа клексан инекции па ме интересира доколку некој има искуство со нив како ги примил ,дали сами сте се боцкале? поздрав
д-димери во бременост Сите сте испитувале ова?? Јас сум еве 38 недела што се вика и скоро пред породување а немам испитано. Еднаш ја потпрашав докторката и она ми рече дека не испитувале сите, само ако има некакви индикации... Ме фаќа сеа страв пошто слушам сите испитуваат
д-димери во бременост зависи до лекарот, ја неам за даунов испитано а скоро сите го прават уживај, иначе гинекологот ми рече тие резултати ми се одлични.
д-димери во бременост Па нема потреба да с е плашиш, веќе си влезена во 9 ти месец и сигурно бебето си напредува како што треба. Јас испитував бидејќи матичната виде лагуни на мојата постелка, но среќа д-димерите беа во нормала, бидејќи ако беа покачени тоа ќе значело дека постои згрутчување на крвта, дека нема доволно храна да оди до бебето и нема да напредува како што треба, за тоа кај жени со покачени димери даваат инекции за да се намали тоа згрутчување, така нешто одприлика сфатив, значи немаш потреба за загриженост.
д-димери во бременост samo sto gi zemav rezultatite od D-Dimeri, i mi iznesuvaat 1976.5 ng/ml... Na naodot mi pisuva blago pokaceni, a endokrinologot mi vika se si e OK, ne e mnogu strasno. Terapija nikakva ne mi dade. Imala nekoja vakvo iskustvo?
д-димери во бременост според некоја си граница на интернет максимумот е 1700 и нешто,мене ми беа 1125 а тука некаде сме со неделите, не ти кажа ништо превентива ? тоа терапија ако даде е сосем друго,ама штом ти рекол благо покачени не треба некоја терапија само превентивно нешто да се преземе, во исхрана или не знам. Можеш и да прогуглаш. Сигурна сум дека ке најдеш нешто. Ти си веке во 8 месец затоа и не ти дал, мислам дека немаш гајле сваќе.
д-димери во бременост Имам упат од матичната, по итна постапка ме пријавели, и ми рече во рок од 1 недела да отидам. Треба ли да се прејавам и да закажам, или доволно е само со упатот да отидам? И до колку саат боцкаат?
д-димери во бременост во која недела се испитуваат д димери... јас треба во 27 недела да одам на трансфузиологија за рх негативен ништо не ми кажа мојо гинеколог.. шо треба да пишува на упатот... треба да биуде нагласен за д димери или ???
д-димери во бременост на мене ми пишува на упат rh incompatibilia in obs всушност зошто се испитува д димери. прочитав за постелката нешто ако е се во ред треба ли да се испитува... objasni mi...просветли ме
д-димери во бременост кај мене беше се во ред со постелката,само што тоа е рутинска контрола, за тоа колкава можност има да се добие тромбоза после пораѓај,јас тоа не испитав во трансфузија него во клиничка лабораторија , и на обичен упат за испитување крв имаше допишано само Д-димер.
д-димери во бременост јас испитав во мојот град, во Тетово, значи мора да го има секаде,е можда ако неможе во лабораторија,тогаш те праќаат во трансфузиологија,ама секако може во матичниот град.
д-димери во бременост Прашај си ја Радица, она најубаво ќе ти објасни. Вака нагаѓање од нас, џабе е. Не ти ги објаснија? Мене во воена трансфузиологот ми ги прочита резултатите и првиот и вториот пат.