Бидејќи кога одев на гинеколог ми кажуваше таа недела оваа недела а јас не знаев кој месец е тоа. Па еве една табела за сите кои што тоа ги буни. Пс. Се надевам дека ке биде корисно.. и ке им послужи на повеќе мамички ако темава е дупла клуч !
Е супер,и мене ми беше малку нејасно,мада и тука не е баш најјасно но сепак е Ок,Значи 18 недела е почеток на 5 ти месец.лелее супер не ми се верува,колку многу ми звучи 5ти месец хиихи п.с што значи Viability?
ee И мене не ми се верува дека влегов во 5 ти месец како вчера да беше кога дознав дека сум бременаа. ...
Фала за табелава, конечно ми се разјаснија некои работи околу пресмеувањето на гест. недели и месеци.
Кој би кажал дека 4те месеци толку брзо ќе се дуплираат и ќе бидат 8 Сега сфаќам како брзо минува времето, лета. Сега дефинитивно почнува да ми станува реално, да сфаќам дека уште многу малку остана
ee meu лета времетоооо и јас не можам да поверувам дека сум сега 9ти месец и дека чекам бебуш да излезе во секој момент... : )
Леле леле мамички, фуфка а...? Мене уште сега ми е фуфка а не па да сум на ваше место да чекам за некој ден или некоја недела. Ама па све тоа е за убаво. После ќе има мазење до бескрај. А што си лета времево-лета. Кога и јас во 5-ти влегов.
хаха, ако силк само смеј се ќе видиш колку брзо доаѓа фуфката , да се чуди човек Со лесно нека ни е , живи и здрави да се родат, па ни фуфка ни ништо нема да ни текне тогаш, јас мислам деак повеќе ми фуфка сега додека да влезам во 9ти, за што како, дали... а тогаш веќе дошло нема каде да се бега, тоа е тоа, ќе биде работава
Денес ја почнуваме последната недела од 8ми месец, официјално ни започнува 35недела. Правам договор со бебуш да издржи барем уште 2недели за да се средиме низ дома, а се + е во нејзина корист, да биде подебелка
Ајде Меу со среќа нека ти е влегувањето во 9-ти месец (мислам на идната недела), и не се секирај ќе си почека бебушката, па и она сака на средено да си дојде, а не тогаш да и се мафтате околу глава и да редите по дома . Срциња мали, колку се само изгубени кога ќе се родат, незнаат кај се наоѓаат... И со лесно на пороѓај, ти се изнамачи во бременоста, па јас верувам дека барем на породуванње лесно ќе поминеш, ќе го снесеш набрзинка што се вика . Иначе мене фуфката ме фати од почеток уште, ама незнам дали е кај сите така, сега како поминува времето така по спремна се осеќам. Фуфката не е намалена, ама кога знаеш дека нема кај да бегаш, веќе ќе се помириш со тоа.
Пак јас Од денес конечно официјално сме во 9ти месец , 36недела Незнаете колку сум среќна, успеавме да стасаме до овде Ова го сметам за еден од успесите во мојот живот, а најголемиот успех допрва следува. Мислам дека празник ми е денес