1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколози

Дискусија во 'Бременост' започната од bebaa, 19 октомври 2012.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    ^^
    Да се надоврзам, мене тој скрининг во 22ра недела кај Димчев ме кошташе 3500ден. Тоа беше пред 2 месеца.
     
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    И мене исто двата скрининзи кај Димчев ме чинеа по 3500 ден. еден
     
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    девојки митко ивановски е на одделот за инвитро лечи стерилитет не е за водење бременост едино води нс оние кои им помогнал да забременат.
    павле димчев е најдобар за бременост исто и гордана петровска е мн добра
     
  4. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    За Обедниковски имам слушнато само убави работи... не сум била кај него но навистина верувам дека е многу добар :) мило ми е што имаш и ти убаво искуство со него :D
     
  5. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    E da si go pofalam i jas Blagojce Obednikovski prekrasen doktor toj me porodi.
     
  6. bihterka

    bihterka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    55
    Мамички јас ви ја препорачува м-р др.Адела Стефанија од ГАК.Подобра докторка немало и нит ќе има.Закон е!Многу е професионална,многу е блиска со своите пациентки.Лично моето искуство и на неколку другарки ни беше топ со докторката!Ви ја препорачувам :hai:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mamicka123

    Mamicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Др. Кристинка од Плодност, прекрасен доктор и прекрасна личност, а се придржувам и на пофалбите на Др. Обедниковски се нај од срце и најискрено....
     
  8. femina993

    femina993 Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    здраво сакам да прашам дали знаете на др сандица од кочани во колку часот и завршува прва смена. фала мн позз
     
  9. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    694
    Здраво на сите :) би сакала да ми препорачате некој матичен добар гинеколог од Скопје затоа што мојот не работи со плави картони,а ќе имам потреба заради упут. Ви благодарам на сите однапред :*
     
  10. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Од се срце ги препорачувам сите доктори од ординација Ложанковски, фантастични специалисти, а и за сестрите немам коментар, за таков третман и услуга сеуште не сум чула, или јас претходно имав многу лошо искуство со матични лекари :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Во вторникот имав ужасно искуство со др. горан кочовски и сестрата некултурна што е кај него. Прво на закажан термин чекав саат ипол во неклиматизирана просторија без место за седење(зафатени беа сите) и со страшно усмрден тоалет во кој не се влегува. Откако поминаа петнаесетина минути од терминот влегов кај сестрата да прашам зошто сеуште не ме викаат, а таа дрско се развика :"Седи таму додека да те викнам" и ја тресна вратата, нормално дека не и прекутев ама тоа не го убрза чекањето. После многу долго време влегов кај докторот и почна вистинскиот хорор. За време на прегледот цел беше потпрен врз мене а со лактот ме стискаше на дијафрагмата и нормално дека неможев да дишам, господинот доктор уште и ми се развика дека немало да ме убие со тоа (дека ние сите отидени на смртна пресуда таму). И јаготката на шлагот за крај, бидејки ништо не коментираше туку само некои фаци правеше го прашав дали е се во ред, одговорот беше, цитирам: "Вакаааа сегаааа за сегааааа не гледам некои деформитети и аномалии, што не значи дека покасно ке ги нема " Мислам дека понатаму коментар не е потребен.
    Се извинувам за долгиот пост ама морав да ви доловам зошто во никој случај да не одите кај него.
    Јас лично ја бришам ГАК од мојата мапа на градот, уште 200 години реформи малку ке им бидат.
     
  12. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    значи што стока од народ сме бре...јас би го пријавила и ич око не би ми трепнало..и ќе терам докрај,вака се понашаат дека законот не проработел,да работел пиперевка сите до еден би играле.
     
  13. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Кај кого ке пријавиш, кого го итересира? Се се тоа кланови, фамилии како црева се, ке се замараат они со обични смртници, мислат дека се богови ..... само приватни клиники се решение, нормално кој може да си дозволи
     
  14. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Руси Мила што не си кажала дека треба да идеш кај него одма ќе ти кажев јас со него го имав најлошото искуство за Приската мојата матична ме прати кај него за мислење за Приската Март месец беше ми ставиле некој слаб ризик и као овој постручен да ме види пријател и бил,и поодвратен поарогентен човек не сум видела не па доктор што треба да работи со пациенти особено со трудници дотичниот го чекав 1 час,во породилна сала бил не се ни извини туку ајде да те видам,немаш ништо на ехо ама тоа не значи дека се е во ред со бебето најдобро аминоцентиза да правиш најсигурно ти е тоа ќе знаеш на што си така,цела вечер око не склопив ради тој идиот и по 3 дена одма кај Димчев во Систина закажав,и на него му кажував за случајот со дотичниот Кочовски и он се чудеше како може така да ми каже на здраво бебе ради него ја замразив таа државна и не стапнувам таму да си кажела дека ќе идеш кај него за да не го доживееш тоа непријатно чуство со тој гаден доктор ама веќе биднало уживај бебчо ти е супер тој доктор е забеган терај си свиркај си :*
     
  15. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    и да мислам дека треба да се преземат некои мерки за тој да не работи таму,само ги плаши трудниците искомплексиран доктор ама во право си во оваа наша држава ништо не вреди се е со врски,и он сигурно е со врски штом работи таму таков ајван доктор сигурно не го примиле од што многу знае,сигурно има јаки врски на кој и да кажеме џабе е жално за тие што треба да идат кај него ќе ги извади од памет,како нас државна нема ни да се оправи за 500 години тоа е....
     
    На Rusi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22
    Некоја да не има искуство со Д-р Ана Данева која работи во ГАК :?:
     
  17. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Мила, знам дека има јаки врски и дека можеби не му можеме ништо, ама идејата за постот ми беше што повеке трудници и воопшто жени, да сватат дека е штетно по здравје да се оди на преглед кај него.

    Жени ширете ја оваа информација, навистина не би сакала никој друг да помине низ тоа што јас поминав, а еве и Тигарче има исто искуство.
     
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    реално од постот на тигарче, можам да кажам дека секој гинеколог истото би го препорачал,за единствени најточни резултати дава само амниоцентезата,не ја гледам причината за револтот што го има тигарче према докторов..мене баш ми се допаѓаат стручни лица да те советуваат или предложат во врска со тестови кои што може да се извлече најдоброто,повеќе би се замислила да не ме информира,поточно да се преќути..за нешто не дај боже да немам моја одлука за што понатаму..да не биде ко гром од ведро небо во поодмината бременост.
     
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Да, добри се докторите кои знаат да насочат на подобри испитувања ама не и ако нема потреба. На пример амносинтезата не е без ризик за плодот а да не зборам за стресот на мајката додека три недели ги чека резултатите, што исто така лошо ќе влијае на бебето и сето тоа поради низок ризик на приската и несоодветно тумачење на ехото со резултатот од докторот.
     
    На Rusi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    па не би рекла дека е безпотребно амниоцентезата...знаејќи дека приската и не секогаш дава точни резултати,не секогаш димензиите на плодот можат да се правилно измерени,не секогаш бебето е свртено за време на мерењето за носната коска,а знаеме колку е битна таа носна коска во моментот да се види и измери и итн..за амниоцентезата може потпишуваш за тој 1% ризик,чисто колку законски да се заштитат самите тие,ама и не постои ризик,ако стручно лице ја изведе постапката(значи не може било кое медицинско лице да изиграва експерт за амниоцентеза и да се фати за иглата).A за стресот :!: подобро да чекам три недели за толку битни резултати,отколку девет месеци да мозгам,ако е све ок или не.