Сум слушнала дека постојат јога вежби кои се препорачливи за трудници и го олеснуваат процесот на пораѓање. Имал ли некој вакво искуство? Или пак предложете било кои други вежби кои помагаат
Две другарки одеа на курсеви по јога за бремени жени. Правеле вежби и учеле техники на дишење, како и медитација за смирување. И дветте беа презадоволни, психички и физички се чувствуваа одлично, а и породувањата им поминаа многу лесно и безстресно, дури и дветте не беа сечени долу, затоа што биле еластични и опуштени на самото породување. Од друга страна им било одлично искуство и дружење низ бременоста.
Ти благодарам што го сподели ова искуство. Сега сум уште посигурна за овие вежби. Ке те замолам само да ми кажеш каде се одржуваат вакви часови и телефон за контакт.. голем поздрав
Eве ти страна, на неа имаш се`. http://www.yoga.org.mk/zn.htm Имаш и други јога-друштва. Ако сакаш повеќе, ќе ти пишам ЛП. Во секој случај-нема да згрешиш! за бремени жени, страната: http://www.yoga.org.mk/jk4.htm
Изразив голема желба, уште и пред да забременам барав некој добар инструктор за јога но за жал толку стана вообичаена и искомерцијализирана јогата што не сакав да идам на курс со уште 50 души. Пренатрупено. Сега кога останав бремена, желбата уште повеќе се засили, па време е да се јавам и да закажам. Се надевам во делот на трудници ја нема таа гужва. Гледам и дека за оваа тема е сосема малку пишувано, ве молам, на толку гужви во последно време за јога, се надевам има повеќе мамички кои ќе го споделат своето искуство.
Jeny, Јави се и сподели што ти кажале. Јас кога се јавив за да почнам бев 8-ма недела и ми рекоа дека пред 14 недела не требало трудници да практикуваат јога поради безбедносни причини. Потоа фати лето и немаше курсеви и мислев од понеделник да се јавам за да почнам.
Да, секако, и на самиот сајт што го гледав пишуваше за трудници после 3 месец од бременоста, така што ќе морам да почекам. Муабетот ми беше сакав да прочитам некоја со искуство од јогата во бременоста и дали тоа навистина полесно влијае на породувањето?
Јас одам на јога за трудници, и многу ми помага особено ако денот ми бил многу работен. Инаку сме само 2 трудници сега за сега, и инструкторката е многу добра ,не подготвува како да се опуштime за пораѓај . Ако е нормална бременост после 12 недела може да се вежба ,секако во консултација со гинекологот.
Мелинара душо задоволна ли си? Јас прашав во Расадник во Кисела вода, ми бараа лекарско уверение дека имам нормална бременост, и не знаев од кога да се одлучам да почнам. Веќе сум 4 месец, кај и да е ќе тргнам.
Ако нешто ми е криво тоа е што неможев да одам на јога додека бев бремена. Инаку овде одев јас , многу сум задоволна , а има и часови за бремени и убаво е што се многу мали групи http://yogacentar.org.mk/
Многу сум задоволна, ме опушта едноставно доколку сакаш да одиш пиши ми ЛП ке ти дадам информации, само прашај си гинеколог дали можеш да вежбаш. Никаква потрвда не ми бараа и вежбите не се напорни туку едноставно релаксирачки
Јога за бремени се одржува во Јога-сојуз на Македонија. Има на две локации: во Капиштец (во Планет Ајурведа) и во Црниче (кај Симпо, во Англо-американско училиште). http://yoga.org.mk/ https://www.facebook.com/pages/%D0%88%D ... 95?fref=ts
Јога е гаволска работа. http://www.youtube.com/watch?v=izjjwWnQiyk http://www.youtube.com/watch?v=wKwEkXcmEUQ
Труднички јас би сакала да прашам нешто. Еве некое време веќе ме мачи кичмата. 19та недела сум па се чудам како ќе терам до крај, како ќе се породам и после како ќе биде со бебче и со болна кичма. И тоа болна кичма до солзи, не малку да подболнува. Ме боли некогаш точно на средина а во моментов (веќе неколку дена) ме боли малку накај левата страна, колкот и целата нога (мислам дека ова е тоа што го викаат ишијас, а може и грешам). Колку јогата за бремени помага за кичмата? Би ми олеснало доколку редовно одам? Мислите дека се доволно стручни во центриве за вакво нешто?
Да! Мене ми помогнаа само 10те часа што ги имав до сега, иако на почеток ќе реагира 'рбетот и карлицата, верувам дека со земање магнезиум и правилно правење на вежбите ќе осетиш подобрување. Самите инструктори кои ги водат јога часовите за бремени се стручни и со искуство од неколку години.
Јогата и помага не само на кичмата, туку и на цело тело. Постојат специјални вежби за трудници, така да пробај може само да добиеш, никако да изгубиш. Истовремено ќе ти дојде како превенција, бидејќи како одминува бременоста, така ќе качуваш повеќе на килажа и кичмата ќе ти е пооптеретена.
Да се надоврзам, мене и столицата ми се регулираше со јогата откако почнав да вежбам ,а и киселините во деновите кога вежбам и после вежбите ги снемува.
А за секој случај да се консултирате со докторот кој ве знае и ви ја води бременоста? Мене минатата бременост ми беше забранета јога или било какви вежби, зошто го носев ниско многу плодот...на другарка сега, среќа на преглед пред првиот час јога, и утврдуваат скратување на грлото на матката и од тогаш до денес, веќе 9 недели, не е мрдната од кревет. Нека ви дадат амин, па потоа уживајте