1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се помирам со тоа дека го изгубив бебето?

Дискусија во 'Бременост' започната од praski4ka, 3 јануари 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Оддамна беше,октомври ноември....Искрено не сум спремна ,не знам ни дали имам желба :(
     
  2. Sonce77

    Sonce77 Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    9
    Милси повторно да останеш бремена. Има и полоши случаеви од тебе, некој не можат никогаш да забремнеат а ти штом веќе си била, можеш и повторно.
     
    На dromka и Play...Boy им се допаѓа ова.
  3. Cedo0811

    Cedo0811 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Драги мои феминки.
    Некој предлог за намалување на стресот и депресијата???????????????????
    ;( ;( ;(
     
    На Play...Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    ^^Колку и да звучи можеби чудно и несекојдневно, јас лично препорачувам посета на стручно лице (психијатар, психолог). Нема тука ништо срамно, разговорот и терапијата со лекови помага.
     
  5. Cedo0811

    Cedo0811 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Да бев на психијатар еднаш,ми даде некиои апчиња за намакување на депресијата ама читајќи ги упатствата некако се исплашив.И сега незнам???????????????????????
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ќе си ги пиеш лековите, ќе одиш на терапија и ќе ти биде подобро. Нема што да се плашиш, д-рот сигурно знае зошто ти ги препишал тие лекови. Ако треба ќе ти ја зголеми дозата, а со тек на време и ќе ти ја намали, нема потреба од страв. И запамти депресијата не поминува туку така, потребна е помош. Веќе си го направил/а првиот чекор, си се соочил/а и си прифатил/а дека имаш проблем, сега дозволи си и да бидеш излечен/а.
    Извини што неодредено ти се обраќам, иако никот ти е машки, не би сакала да погрешам. Поздрав.
     
  7. Cedo0811

    Cedo0811 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Благодарам мила за советот.А сакам да пробам и солена соба ми препорачаа башка и за раната од царскиот рез.
     
  8. sandra.v

    sandra.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    за Cedo0811:стварно ми е жал за твојата загуба.тоа многу боли,знам.пред скоро 5 месеци и јас го изгубив моето бебе.знам какво е.живееше само 12 дена.ни јас не успеав да го ниту да го бакнам.и мене ми беше првороденче.само да не губиме надеж.многу е тешко,знам,ама мораш да продолжиш напред.само Господ знае зошто е така.поздрав до сите феминистки,иако се надевам дека е во ред што го назначив Cedo0811.
     
    На Play...Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Да, понекогаш жените се предодредени да живеат и со таква загуба. Искрено, не можам ни да замислам каква е болката, само знам дека треба да бидете многу храбри. Бидете срекни затоа што имате партнери покрај Вас, сепак и на нив им е тешко, но можеби мажите не се приврзуваат веднаш за бебето затоа што е во утробата на мајката.
    Сепак потрудете се да покажете иницијатива за разговор, поднасмејте се, барајте причина за мала среќа. Покажете му на партнерот на целиот свет дека женските плеќи се многу силни , не само убави.
    Порано жените многу често ги губеле бебињата, и многу млади дечиња им умирале. Баба ми првин ја изгубила својата сестра близначка, ја каснала змија во некоја плевна кога си играле како мали. Потоа на 22 години го изгубила мажот во камионска несреќа,а една недела потоа и бебе, требало да се вика Светлана. Само што се родила и за неколку дена починало. Никој не знаел зошто во тоа време.
    Но еве сега си дочека и внуци и правнуци :) . Не треба толку лесно да се откажувате, не губете надеж, едноставно прифатете дека така требало да се случи.
    Нема ништо лошо во примање на андидепресивна терапија, доколку се употребува во пропишаните дози и на пропиашаниот начин (знам пошто сум 5та год на фармација). Многу е полошо доколку подлегнете на бескрајното чувство на тага и меланхонија, кои водат кон суицидални мисли.
    Доколку не сакате да примате терапија
    -пијте секојдневно чај од жолт кантарион Hipperici perforatum, има антидепресивно дејство,
    -правете си ароматерапија со масло од лаванда (Lavandula officinalis),го има по сите аптеки околу 130 ден.,
    - чајче од липа пред легнување (има седативно дејство) при вознемиреност.
    Исто така ви препорачувам многу самоиницијатива, позитивни мисли, медитација и јога.
    Не е се така црно, бидете силни и храбри. :* :* :*
     
    На dromka, Play...Boy и Cedo0811 им се допаѓа ова.
  10. sandra.v

    sandra.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    Ти благодарам многу за советот!Дај Боже веќе никој да не ја осети таа болка!Ти благодарам на убавите зборови!поздрав и камо среќа што поскоро да ве израдуваме!поздрав
     
    На dromka и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  11. Cedo0811

    Cedo0811 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Да благодарам и јас за прекрасните зборови и утехата.Многу е полесно кога е има подршка.
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    ^^^ Колку и да немаш интерес за ништо друго, еве барем тука потруди се да барем на кратко размислуваш за нешто друго.
    За почеток, постирај твое мислење во три други теми. Одвлечи ги твоите мисли. Кажи ни на пример што никогаш не би облекла, кажи ни кое е твоето хоби, кое е твоето мислење за Скопје 2014 ... било што...
    Мораш да си помогнеш. Ние секако ќе бидеме тука за утеха, за добар збор, па и за виртуелна гушка, ама ТИ си факторот број еден за да направиш чекор понатака.

    :hug:
     
    На okcenzi и Cedo0811 им се допаѓа ова.
  13. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    7.271
    Пол:
    Женски
    Со тек на време, неубавите мисли, депресијата, се повеќе и повеќе се проретчува се подзаборава, но болката е секогаш иста , без разлика колкав временски период е поминат, доволно е да видиш трудница или мало бебче и се ти се враќа како бумеранг, можеш со што сакаш да се занимаваш, да се смееш,доволна е само една глетка и се се помрачува околу нас, и одма се враќаме на тагата. Секогаш ќе помислуваш, какви би биле сега ако тоа не се случеше, или -и моето ќе беше големко како твоето, или и тоа ќе имаше сега запчиња, или ќе проодеше.....Тоа никогаш нема да згасне.....Само со Господ напред, и да дава на сите и тоа не по едно, по три наеднаш :) , сите да се израдуваме на најмилото...
    п.с држете ми среќа да не ми дојде, конечно и јас да се израдувам после два неуспешни и многу болни обиди...
     
    На Radost i ocaj, dromka, Cedo0811 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cedo0811

    Cedo0811 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Ти држиме среќа мила.Со Господ напред и да ти ги наполни рацете.

    А во право си.Еве вчера шетајќи во парк насекаде имаше само бебиња и трудници.Неможев да издржам.Се вратив дома. ;( ;( ;(
     
    На pandelka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sandra.v

    sandra.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    Ти држам среќа да не добиеш!!!!!!!!!Првиот пат ми беше страв да земам бебе во рака.Но тоа било голема грешка!откако го зедов бебето кое требаше да биде врсник на моето и кога ме погледна со тие мали очиња сватив дека мора да бидам силна и дека и мое некогаш ке држам!Само со Бога напред!!!!!!!!поздрав до сите
     
    На pandelka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    7.271
    Пол:
    Женски
    Душо, можам само да ти кажам дека ти изгледа како голем период до следните обиди за да станеш мамичка, но верувај дека таа година, година и пол ќе ти летне и нема да осетиш кога поминала и оп....две цртки,на двата пати морав и јас да паузирам по пола година и верувај дека ми помина одма, зелбата е поголема од временскиот период. Ајде Господ е голем и знај дека се се случува со причина..кис4ина
    Ви благодарам на подршката, многу ми е потребна , веќе 7 месеци се обидуваме после спонтаниот и никако да фати, и секој месец откако ќе ми дојде се растажувам и си помислувам на тие што сум ги загубила...
     
    На dromka, Play...Boy и Cedo0811 им се допаѓа ова.
  17. Cedo0811

    Cedo0811 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Да мила се надевам дека и времето ќе биде на моја страна па ќе лета..................
    Мораме сите да бидеме силни и храбри,а пред се и позитивни...........
    Со среќа мила....................
     
    На Play...Boy и pandelka им се допаѓа ова.
  18. Cece25

    Cece25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    45
    Јас имав два спонтани абортуси првиот беше кога бев 13 недела а вториот 5.Проживеав многу трауми и тоа никогаш нема да го заборавам.Јас и мојот маж ги направивме сите потребни испитувања и испадна дека се е во ред така да до ден денес незнам што можело да ги предизвика спонтаните.Сега матичниот гинеколог ми вели дека можам да останам бремена но мене по малку ми е страв да не ми се случи повторно истото нема да можам да издржам повторно.Дали некој има слично искуство како мене?
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Другарка моја имаше два спонтани и тоа во многу покасна бременост. Не можеа да ја најдат причината. Третиот пат пред да забремени лекарот и даде да пие едно чудо апчиња, за имунитет, фолна киселина, пре-натални некои апчиња, а знам дека и пред да почнат да пробуваат за бебе беше на испитувања за токсоплазма и + др. инфекции (уреаплазма и сите што одеа во пакет), + за кламидија итн. Знам дека фолна киселина почна да пие 3 месеци мислам пред да почнат со обидување. Третиот пат си роди здраво, право дете, ама превентивно беше на патолошка скоро цело време.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Play...Boy

    Play...Boy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    sveza rana pominaa samo 10 dena