ТЕМА: Колку деца сакате-планирате да имате?

Мислење 07 Фев 2012, 01:09

Сакам едно. Незнам зошто но сакам машко.
Сега кога ги гледам сликите во темата ’’Мода за клинци и клинцези’’, ко гледам колку убаво ги средувате, дотерувате, па панделчина, фустанчина.. посакувам да имам и девојче. И сега мака.. Не сакам да се откажам од момчето ама сакам девојче. А сакам едно дете..
Ништо, маки. Освен ако сака Господ близначиња да имам, мислам дека така најмногу ќе се погоди.
Макар што за одгледување близначиња требаат поголеми нерви а и финансиски средства богами.
Аватар на корисникот
bumbuleya

Сино цветче
 
8620
Мислења: 258
Зачленет: 08 Јан 2012, 18:43

Мислење 07 Фев 2012, 10:54

Trendafilka напиша:Сакав непарен број дечиња, едно или три, да ме фати премијата за трето дете од милиот водач, што да не?
Но... како си врви времето, размислувам и страв ме фаќа.
Нормално, најпрвин од финансиски аспект, јас не можам со мои 26 да се осамостојам уште и да најдам стабилна работа, да се издржувам прво себеси, па домаќинството, камоли дечиња.
Понатаму... ова некого може да го здоболи и јас однапред се извинувам, ама мене повеќето новопечени мамички ми се исклучително досадни личности.
Ко да им направиле лоботомија на мозокот.
Сфаќам, т.е. пробувам да сфатам, нова личност во семејството, нормално, на почетокот се' се врти околу него/неа, ама претеруваат и не ги препознавам.
Посебно оние кои размислувале слично како мене, им го познавам духот и карактерот, а сега се во состојба да ми дрндаат за пелени, какушки, мочки и подригнувања 24/7.
Па како малата не сакала да јаде пасиран морков, сакала компир, па како какушката и' имала темнозелена боја, наместо кафена - што ли е Боже тоа, па ти ја носи да ја видиш пелената бе.
:^)
Леле - и јас ли ќе станам таква досадија? :(

Јас сум по природа хедонист и многу си го ценам слободното време и уживањата, а кога ќе помислам на млади несуредени, нечешлани мајки, со подочњак до колена, кенкави, мрзоволни, ненаспани, и си викам - и тебе те чека истото, да ви кажам страв ме фаќа.
Не сакам да сум таква.
А каква ќе бидеш со мало дете, сите поминале низ тоа, иако мајка ми вика - да можеа да се скокнат првите 5 години со тебе, радо би ги скокнала.
:D
Искрена е жената, и верувам.
Знам дека звучи лошо, знам дека изгледа себично, ама не можам да се ставам во таа улога, не верувам дека детето ќе си го сакам повеќе од сопругот некогаш, не знам каква магија ќе ми се случи кога би го земала в раце, се надевам ќе доживеам, па ќе ми се смени мислењето и ќе речам - ете, грешка беше, детето е благослов, вредат за него сите непроспани ноќи, сите жртви, твојот запоставен социјален, а можеби и сексуален живот, којзнае само што носи мајчинството со себе...

И ете така... не знам колку деца сакам да имам.
Не знам.
:|

Еве јас, како не толку тазе мама, со скоро една година искуство зад себе ќе ти кажам дека не се сите мајки исти - до човекот е. Да, во право си, 90% од младите мамички стануваат такви какви што ги опиша ти, и јас бев на пат да станам таква, забележував дека го правам истото, ама се запрев, се надевам на време пред да „отрујам“ некого со каките на син ми :lol:

Сакам да ти кажам дека е точно оти ќе се промениш со раѓањето на детето, други ќе ти бидат приоритетите, ама не значи дека целосно ќе се запоставиш. Знаеш, многу зависи и од самото дете, какво ќе ти се погоди. Еве, свекрва ми - останала бремена на 22 години, го родила мажот ми - толку темпераментно, живо и немирно дете - на ум не и паѓало да раѓа пак. Арно ама, по совет на лекар, за да си реши еден здравствен проблем, забременила после 6 и пол години и раѓа девојче, сосема поразлично од машкото, само јаде и спие, како да нема бебе дома. Ми вели, да знаев, порано ќе родев второ. Ова само како пример дека некогаш не зависи само од тебе.

Не значи дека ќе го сакаш детето повеќе од сопругот, ќе се трудиш и ќе најдеш време да им се посветиш и нив двајца подеднакво, но и себеси. Никогаш немој да се запоставиш, не заради мажот и другите, туку заради самата себеси, затоа што така полесно ќе ги пребродиш емоционалните кризи кои можат да се јават во постпородилниот период. И, никако седење по цел ден дома со детето - кој ти вели поинаку, лаже ;)

За финансискиот аспект нема да зборувам. Навистина е тешко ако не си финансиски обезбеден за да основаш семејство. Ама тука се работи за психичкиот момент - сакам или не сакам да имам деца (без оглед на финансиската моќност). Како што еднаш претходно во некоја друга тема напишав, никогаш вистински не си спремен да имаш дете, без разлика колку го посакуваш. Ама кога ќе дојде, добредојдено е :)
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21653422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 07 Фев 2012, 13:23

Леле секое дете си е своја приказна,и јас кога не бев мажена со мажот ми си имавме договор три деца најмалку,сега кога родив моето бебче има само 6 месеца се подразмислувам дали да имам второ дете,од кога е родено до сега можам да кажам дека сум станата затвореник,нон стоп сум дома со него и јас сакам како сите мајки да излезам да шетам и на почетокот пробав да го практикувам тоа на узалудно,моето бебче си беше плачливичко сега е малце подруго да речам ,си чучнува се заигрува,оди по малце во дубакче,но првите 5 и кусур месеци беше кој ме виде сам проценуваше како и што е ситуацијата,инаку имав 80 и нешто килограми сега дали имам едвај 50,не можев ни заби да си измијам ништо,маж ми на работа ,ако дојдеше мајка ми на помош и татко ми добро инаку по цел ден во раци по цел ден плакање исто и навечер и како нема да се запустиш,немав време буквално за ништо,не сакаше да оди во друг и сега не сака ама по малце го привикнувам ,инаку за спиење спиеме заедно инаку не спие сам нема шанси ќе плака цело време,така да тоа што сум го рекла да не должам многу дека ќе имам толку деца ќе се подразмислам не заради финансиска гледна точка туку заради тоа што секое дете си бара внимание,и овоа кога ќе порасне ако има братче или сестриче такво и за каде ќе сум,ама секое дете своја приказна
Eleonorastrumica

Сино цветче
 
104101
Мислења: 246
Зачленет: 23 Фев 2010, 13:39

Мислење 07 Фев 2012, 13:31

Моментално не планирам деца,а инаку сакам едно девојче :)
Аватар на корисникот
donna.17

Сино цветче
 
147113
Мислења: 366
Зачленет: 28 Дек 2009, 02:06

Мислење 07 Фев 2012, 13:37

Сакам да имам 3 деца.
2 женски и едно машко, или обратно.
А не би било лошо и 2 женски и 2 машки. :)
Аватар на корисникот
SexyLady

Жолто цветче
 
27093681
Мислења: 2363
Зачленет: 05 Сеп 2010, 15:33
СликаСлика

Мислење 11 Фев 2012, 00:13

Здраво на сите ние сме во фаза на подготовки за инвитро и бидејќи познавам лично и имам слушнато дека кој прави инвитро дека има по 2 или 3 близначиња па баш и јас и мојот сопруг сакаме многу близначиња па се надевам дека и кај нас ке се трефнат 3 дечиња после мачење со неуспех од 7 години колку што сме во брак ГОСПОД ќе не дари со 3 близначиња како што многу блиски личности викаат ајде белким со толку многу чекање ќе излегнат близначиња само нека здравје со господ напред се ќе си дојде на свое место поздрав до сите и да ни се исполнат сите желби да бидеме сите родители :hug: :hug: :hug: :hug:
nana2112

Бело цветче
 
4879
Мислења: 68
Зачленет: 03 Фев 2011, 22:49

Мислење 11 Фев 2012, 00:51

nana2112 напиша:Здраво на сите ние сме во фаза на подготовки за инвитро и бидејќи познавам лично и имам слушнато дека кој прави инвитро дека има по 2 или 3 близначиња па баш и јас и мојот сопруг сакаме многу близначиња па се надевам дека и кај нас ке се трефнат 3 дечиња после мачење со неуспех од 7 години колку што сме во брак ГОСПОД ќе не дари со 3 близначиња како што многу блиски личности викаат ајде белким со толку многу чекање ќе излегнат близначиња само нека здравје со господ напред се ќе си дојде на свое место поздрав до сите и да ни се исполнат сите желби да бидеме сите родители :hug: :hug: :hug: :hug:

So lesno, vi posakuvam se najdobro i daj boze da vi se ispolni zelbata, i jas sakam bliznaci no seuste rano mi e :)) pozdrav
cvetcinja

Фем почетничка
 
11
Мислења: 18
Зачленет: 19 Јул 2011, 00:25

Мислење 11 Фев 2012, 01:08

Сакам две ... И сакам близначиња :D
Аватар на корисникот
Talita

Сино цветче
 
26151
Мислења: 270
Зачленет: 14 Ное 2011, 22:50

Мислење 11 Фев 2012, 01:34

Сакам три деца да имам едно женско и две машки :)
Аватар на корисникот
Mrs.Cuper

Жолто цветче
 
407358
Мислења: 1174
Зачленет: 10 Авг 2011, 00:39
Локација: Дизниленд
WOULD YOU DESTROY SOMETHING PERFECT IN ORDER TO MAKE IT BEAUTIFUL?

Мислење 11 Фев 2012, 02:29

Сега за сега сакам едно, ама има време до тогаш може ќе се премислам па да испаднат и две :D
Аватар на корисникот
Greenny

Сино цветче
 
3422
Мислења: 102
Зачленет: 17 Јун 2011, 15:08
Be a girl with a mind, a bitch with an attitude, a lady with class.

Врати се на Бременост

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: efimija.t, Lori-30, love23 и 8 гости

Site Meter