Ме интересира дали сте оделе или знаете некој кој што одел на масажа во бременоста. Не знам каде да отидам, ама да бидат физиотерапевти не да завршиле курс за масажа ... имате ли некоја препорака ?
Труднички муабети Обиди се во Лубарда спа. Се наоѓа на Рузвелтова и девојката што работи е одлична. Мислам дека знае и посебни масажи за трудници кои се прават во седечка положба. Имаа и некои понуди на Групер пред некое време.
Што е тоа перинеална масажа Перинеалната масажа се прави со цел перинеумот да се направи поеластичен за време на породувањето. Често пати непосредно пред породувањето, за да не дојде до спонтано раскинување, лекарот прави рез на делот помеѓу вагината и аналниот отвор (епизотомија). Перинеалната масажа се практикува со цел да се избегнат сечењето и раскинувањето. Колку ткивото околу перинеумот ќе биде поподготвено за растегнувањето при породувањето, толку се помали шансите дека ќе дојде до раскинување или потреба од епизотомија. Според една студија во која биле вклучени 2434 жени, се утврдило дека со практикување на оваа масажа се намалил % на извршени епизотомии. Воедно драстично бил намален бројот на жени, кои се жалеле на болка во делот на перинеумот, 3 месеци по породувањето. Користа од перинеална масажа Го стимулира дотокот на крв во перинеумот и помага во побрзото заздравување после породувањето. И помага на жената да се подготви за чувството на притисок и растегање, кои се случуваат за време на породувањето. Тоа ке и помогне да биде поопуштена. Според сведочењето на некои бабици, кожата на перинеумот кај жените кои ја практикувле масажата, подобро се растегала подобро околу главата на бебето. Исто така овие жени имале поголема контрола при излегувањето на главата на бебето, биле подготвени за она што го чувствувале, не се плашеле и не го забрзувале породувањето. Кога не треба да се практикува перинеална масажа Перинеалната масажа треба да се избегнува ако жената има актвиен херпес, кандида или било каква вагинална инфекција. Во таков случај инфекцијата би можела да се прошири и да дојде до влошување на состојбата. Исто така многу важно е масажата да се прави правилно. Треба да се избегнува делот околу мочниот отвор за да не дојде до инфекции на мочните патишта. Како се прави перинеална масажа Со перинеална масажа се започнува 4-6 седмици пред породувањето. Постојат повеќе видови на перинеална масажа, тука ќе објасниме еден од нив. Потребно е масажата да се практикува секој ден до породувањето. Добро измијте ги рацете, ноктите нека ви бидат потсечени. Најдете удобно место и седнете или легнете на грбот во удобна позиција. Некои жени преферираат да лежат на страна и да ја ставаат раката од зад грбот. Користете сончогледово или маслиново растително масло, без додадени мириси. Намачкајте ги со него палците, работ на отворот на вагината и околината. Ставете го едниот или двата палца околу 2-4 см во вагината. Притискајте надолу и странично во исто време. Нежно, но цврсто продолжете да растегнувате надолу, се додека не почувствувате слабо печење или боцкање. Задржете го притисокот така околу 2 минути, додека местото малку не отрпне и веќе толку не го чувствувате печењето или боцкањето. Продолжете да притискате со палците. Полека и нежно масирајте ја долната половина на вагината, со движења напред – назад. Правете го ова по 3-4 минути. Запомнете треба да го избегнувате делот околу отворот за мокрење. Започнете со блага масажа, а притисокот зголемете го кога местото нема да биде толку осетливо. Додека масирате, нежно растегнувајте го долниот дел од вагината нанадвор со палците во вид на куки. Ова помага да се растегне кожата, како што ќе се растегне кога ќе излегува главата на бебето. Ако не можете сами да ја правите масажата, можете да го замолите вашиот сопруг. После една седмица практикување на перинеалната масажа, би требало да приметите дека местото станува поеластично и повеќе се растегнува. Немојте да претерувате со притисокот, затоа што се работи за нежен дел и би можело да дојде до повреда или отекување. Исто така повторно ќе нагласиме дека треба да се избегнува делот околу отворот за мокрење, за да не дојде до инфекција на уринарните патишта, Во едно испитување во 1999 г. учествувале жени, на кои им било кажано да ја практикуваат перинеалната масажа по 10 минути дневно, почнувајки од 34-35 тата седмица од бременоста. Резултатите покажале дека кај жените кои ја практикувале масажата, а се работело за прво вагинално породување имало 9.2% повеќе породувања без никакво оштетување на перинеумот во споредба со жените кои не ја практикувале оваа масажа. Додека кај жените кои претходно имале вагинален породување, оваа разлика била 2.5%. Заклучоците од студијата биле дека перинеалната масажа помага да се намали шансата да дојде до повреда на перинеумот кај жени при прво вагинално породување, но не и кај жените кои веќе претходно имале вагинално породување. Бавното, контролирано породување е многу важно за да не дојде до оштетување на перинеумот. Затоа треба да ги слушате инструкциите на бебицата или лекарот, кои ќе ви кажуваат кога да давате напон, а кога да се опуштите, но перинеалната масажа ќе ви даде поголема контрола врз породувањето. http://www.youtube.com/watch?v=DK2P8Ziqc6Y
Прашував доктор, гинеколог од ГАК, рече без разлика какви масажи и да се прават, без разлика на какви вежби и да одите, кај нас во Македонија важи правилото на породување сите да те сечат! Скарлет ај ти на тоа вежбите прашај дали е тоа навистина така! Како тоа сестрите или докторите на ГАК одлучуваат дека мора да се сече родилката бидејќи правилата им биле такви?!
Мореее рацете да му се позлатат на маж ми, не да знае убаво да ме истиска и да ми испука коски за мераци
Феминки, да ве прашам нешто Сакам да отидам на релакс масажа на цело тело...имам болки во грбот и стварно би ми добродошла една масажа...ама имам една дилема ...Нели кога те масираат лежиш на стомак најголем дел од времето (околу пола саат на масажа од еден саат), а од друга страна пак нели не е убаво да се лежи на стомак во бременоста....Дали ова значи дека не е дозволена масажа додека лежиш или пак евентуално да трае само пократко или ми нема врска прашањево?! :? Инаку само што влегов во трети месец.
Јас одев на масажа за бременоста, ме масираа така што ке се вртев на страна. Ке напоменеш дека си бремена, таму каде што ќе одиш.
Да ви кажам, ич не е пријатна масажата на грб додека лежиш странично. Ме масираа пред некој ден, наместо да уживам, мислам дека повеќе се укочив Нареден пат одам само легната на грб да ми ги измасираат рацете, нозете...а грбот ќе пробам седечки
Ne e tocno deka e pravilo. Nekoi zeni se poelasticni i nema potreba da se secat. Najlosho minat onie sto pukaat. Za masazva ne znam a u realno u 9ti tesko e da se izbrises koa mocas i se macis ne pa da masiras. Akuserkite u GAK vikaat deka dosea site sto odele na joga ne pukale. Druga akuserka kaza koga da ne se napnuva da ne se raspuka. Sestrata koga ke rece da ne napnuvas iako imas napon treba da se vozdrzis. Togas proveruva elasticnost. Ako e elasticna togas ne secat. Ako ne e se sece. Tie sto napnuvaat koga ke im recat ne sea, pukaat i imaat poveke za shienje. Plus moze da puknat nakaj cmarot. Zatoa podobro e da se seche. Ni boli ni se sekava. Posle boli za kakanje
Над мене имаше коментар таков дека сите ги сецнуваат па помислив дека е точно, а иначе не одам на јога а и пред да останам бремена не бев физички активна со некој спорт и вежбање а и баш тој период бев и поправена па мислам дека во мојот случај можда масажава ќе помогне да го избегнам сецнувањето. Ако неможам сама ќе ми помогне мм.
Јас имам прочитано за масажава и пробав зошто да не ама како што кажа Цка, тешко е да се избришеш од мочање а камоли 5-10мин да кружам таму доле. Во 9ти месец и со не многу голем стомак, ама јас не успевам да се дофатам, тешко ми е и си ја притискам дијафрагмата, така што остана само обид...како биде така, нека шијат 2 или 10 конци тоа е
Мене и со двете ме сечеа. Вториот пат како да не бев сечена. Докторктаа толку убаво ме соши, па раната не ме ни болеше, ни печеше. Едната јатрва ни за трите пораѓаја не беше сечена.
Јас првородка па не ме сецнаа ни масажи ни ништо и за вториот пораѓај не сакаа да ме сечат ме оставија демек второ нема потреба па кога почнав да пукам ја служам бабицата и вели на другата сечи сечи пука и така си окркав и за двата наеднаш ми наплатија