Идни мамички, дали многу се двоумите како т.е. на кој начин ќе се породите? За тие што оделе и царски и природно, можете ли да направите една кратка комарација?
Офф топик. Сноу бре, навали на темиве, да не пишуваш сега за двајца? Иначе, иако не сум бремена, али сум идна мама нели (скоро сите сме ) ќе се изјаснам подоцна на темава
ме изнасмеа хххх Иначе се породив природно , и срека без никакви сечења и слично така да супер поминав . Породувањето секако е болно , не помина никој туку така лесно При најголеми болки решена бев да ме прават царски , ама со епидуралната анестезија болките се намалија и се породив природно За второ дете здравје пак би се породувала природно
Сноу ја чеша нешто ЈАс би кажала дека никој неможе 100% да одлучува како ќе се пораѓа. Сите ние може да си имаме желби , но дали ќе биде така како што сакаме, бебушот ќе си каже, а и чичко доктор нормално
Јас имам аверзија кон игли и болници .. се надевам дека се ќе си тече природно без многу боцкања и сл.. ама времето ќе си покаже...
Јас сум за природно.Одамна имам донесено одлука. Доколку можам да фатам врски и за епидурална,би било добро. Доколку не фатам, природно и готово. Ќе се помачам додека го родам ама после ќе си уживаме. Царски рез ми е мачење отпосле. Ќе го родиш лесно, и кога ќе треба да уживаш со него, ти неможеш да се мрднеш. Но како што кажа Меу вака си фантазираме, а како ќе испадне на крај...никој незнае.
Целосно си во право овде дека не е целата долука наша како ќе ни се одвива породувањето. Најбитно ми е се да е во најдобар ред за мене и за бебушот.Јас предсе би сакала да е природно,но ако евентуално мора со царски рез за моја и негова сигурност,би се одлучила и на царски.
Како прво, ниедна родилка не одлучува самата како ќе се пораѓа. Сите доктори (со некои исклучоци кои ги има сè помалку) одат првенствено на варијантата природно породување, затоа што цезареата или царскиот рез е сепак операција, и како таква си има свои последици и ризици. Меѓутоа, постојат случаи кога е индицирана цезареата за да се избегнат компликации при природното породување. Епидурална анестезија се дава само при природно породување. Ако се оди на цезареа, обично се применува спинална анестезија при што родилката е свесна за сè што се случува, но ништо не чувствува од половината надолу. Во исклучителни случаи кога мора брзо да се делува, се применува општа анестезија. Јас се породив со царски рез под општа анестезија затоа што не бев доволно отворена, а син ми веќе беше искакан во плодовата вода, па мораше под итно да се вади. Брзо се опоравив од операцијата, станав штом ме донесоа во апартманот и почнав да се движам затоа што ми рекоа дека нема да ми го донесат детето додека не станам сама. Желбата за детето беше поголема од секаква болка. Не држи вода мислењето дека од царскиот рез опоравувањето е потешко, тоа најмногу зависи од самиот организам.
И јас така знам, дека не е во прашање желбата на мајката, туку реалната потреба за царски рез, која ја одредува докторот. Мислам дека ниеден доктор нема да трча да оперира, ако природното си тече нормално. Од другарка добив инфо дека со природниот пораѓај поубаво се чисти организмот од сите течности, постелки и се останато, отколку со операција. Дека жените што родиле со царски имаат подолго време течности и подуен стомак Еве една причина да и се вратиме на природата и да не бараме нешто со сила.
Јас се породив природно , сакав со епидурална анестезија , но докторот ме разубеди дека нема зашто , ако имам проблем па тоа ке биде втора опција и така фала богу беше се во ред
Prviot pat sekako sakav prirodno, ispadna so carski, moralo taka... Sega sakam prirodno, ama nesto ne sum sigurna deka kje ispadne po zelba [mod-kirilica:1t4ned7f][/mod-kirilica:1t4ned7f]
па можеби природно и со епидермална инаку не знам многу сум стаклена не знам ни сама како ќе биде на крај ама ајде со лесно нека е на сите
ako bide se kako sto treba odam na prirodno so epiduralna!!!Ako ne se svrti bebeto kako minatiot pat ke zavrsam pak so carski a nesakam da se sluci toa
Одам на природно....ама ако не се сврти како што до сега ич не менува положба-искрено незнам со која анестезија би одела.
Чест случај да во момент на пораѓај бебушот сам се заврти и заземе позиција за излегување. Не се уште сега оптеретувај со вакви прашања
Можно е да се продиш без никакви анастезии и инфузии? Не знам дали и како ќе можам да ја издржам сета болка ама ако можам не сакам ништо да примам. Ни епидурал ни спинална. Амбициозно јас Кој знае како ќе ми биде кога ќе дојде моментот, ама се надевам нема да морам со царски да се пораѓам.
Ако ме спаси Господ од царски, најмногу од се сакам природно! И несакам анестетици, затоа што од Х причини веќе неколку пати имам примано спинална, и не би сакала пак да ги тргам тие маки. Пороѓајот ќе боли и ќе помине, а ова боли со месеци и години! Барем мене. Евев времево е вакво никакво, мене ме боли кичмата кај што сум боцкана. Не е фер колку боли. Не дај Боже ако дојдам до царски, е тогаш ќе правам жртва, само за да го слушнам првиот плач, за да ја видам одма буцката моја!
мене ми е прво бебе навистина се плашам но сепак сакам прироодно без анестезии и такви работи ако е се во ред ,,сега болката е таа ке се издрзи па ке заборавиме на тоа од како ке си ги видиме бебушките