Модератор: Во темава ќе можеме да споделуваме исуства ви врска со породилните болки. Кога прв пат ги почувствувавте? Колку често и со каков интензитет? Дали веднаш се упативите во болница, или почекавте да зачестат? Абе мешиња да ве прашам какви се болките или контракциите пред пораѓај? Мене од синоќа ме боли неккао како да ме сече стомакот како менструални болки некако не знам ни јас како да ги дефинирам. Денес исто така неколку пати ме заболува ама престануваат не се постојани, ќе ме заболи минута,две па престанува и после саат време пак па после 2,3 саата пак, значи не се чести, еве сега додека пишувам пак ме заболува и тоа од левата страна не е скроз долу......тие ли се болките или? Јас очекувам крв да видам или да ми пукне водењакот ама ништо од тоа....
Труднички муабети Исто и јас прашувам, и јас имам такви болки послаби, ама на неколку сати...ама се мислам дека не се тие тие...Вчера осетив појака болка, ама не се повтори веќе до денес...
Труднички муабети Абе до вчера ни б од болки, си велам ајде веќе кога ќе почне процесот или ќе си чекам до крај, а и може да го поминам дури терминот и еве од ноѓеска кога спиев само се вртев и само ме заболува ту од лева ту од десна страна па доле ниското како да треба да добивам и поминува и денес така цел ден ми е, ама на неколку саати се болките.....па трчам во тоалет си велам може имам крв нели да не случајно паднал чепот ама јок, ништо нема сеуште
Труднички муабети Калиас да не доага бебец ...Леле...види ако имаш уште такви болки, тркни до болница..незнам што да кажам..ај нека пише некоја тазе мамица...
Труднички муабети Здраво мешиња истите болки ги имам и јас ме боли доле стомакот некогаш ме згрчува, ме стега. ме пресекува, но ме боли и доле во интимата многу, и кичмава ме боли, навечер по 1 час спијам, а 1 не спијам и не можам да се движам, бидејќи при секое движење ме стега стомакот или ке ме пресече и не можам да се исправам. Баш зборев и со мајка ми она е медицинска сестра ми вика иди на ехо да те видат, не чекај водењак или сл. Па здравје матичниот ми закажа преглед за на 16 месецов па ќе видимо што ќе ни каже ако не се породим до тогаш. Некако на Јануарскиве бебиња не им се излегува Поззздрав и со лесно
Труднички муабети Цацуш тебе те нема во термини за породување ? која недела си ? сигурно при крај ,како Калиас и Даниелка не е лошо да ве ѕирнат матичните ,може да се лажни болки ако не се интензивираат
Труднички муабети и јас понекогаш осекам такви болки, ама штом ме стават на цтг никаде ги нема болките... утре сабајле ние сме на преглед па ке видиме шо ке ни речат
Труднички муабети И јас мислам дека се лажни оти не се постојани ете сега поминаа 2 саата нема ништо пак......јас во понеделник сум на контрола па ќе видиме. Инаку и мене кај препоните ме заболува чат пат , значи се е тоа нормално во овој последен период од нашата бременост па кога одлучат овие јануарски наши бебиња нека излаваат , со сила не им можеме ништо
Труднички муабети Јас се породив со провокација па не сум имала класични породилни болки кои се дочекуваат дома. Се' се одвиваше во болница
и јас немав класични болки дома т.е пред да одам на цтг бев во тоалет и видов чепот паднал на цтг немасе нисто а бев отворена 4 прста па ме задрзаа и со провокација е тоа се болки па епидурална ми ставија и рај беше
Мене ме фатија болки навечер додека спиев како во сон па кога станаа посилни ми разбудија. Типични болки за пораѓај траат триесетина секунди па престануваат како ништо да не било, после некое време пак. И јас имав болки во стомакот деновите пред пораѓај но тие се подолготрајни и со помал интензитет. Плус мене како индикатор ми беше тоа што почнав да крварам црвена крв. Кога видов крв го разбудив мажето и правец во болница. Додека стигнавме сум се отворила два прста.
Море и мене ме фаќаат секакви болки веќе, ама нажалост незнам да ги препознаам кои какви се. Многу значи многу ме боли кичмата, ме кине,неможам да мрдам некогаш, а во стомакот имам чудни болки,некогаш како менструални, некогаш како штрекање на јајници или бубрези...ама оние болки што ги викаат дека се контракции (кога се грчела и отпуштала матката) јас уште ги немам осетено или па може незнам да ги препознаам дека се тие. Ни леп ми паднал, ни сум отворена, само грлото на матката ми е скратено и омекнато.
Епа чекај де не си до термин дојдена. Јас кога бев во болница сите доктори и сестри кога ќе ја видеа малата ми викаа аааа ова бебе на термин е родено види кожата каква му е бела убава. Ептен ми се правеше мерак. А јас не осеќав контракции на матка туку болка во стомакот а и знам сите така викаат ама кога ќе дојде време ќе знаеш зошто тие болки се различни.
еве ве читам женски како ги опишувате болките иако имам едно искуство сепак кај сите изгледа различно е,јас отидов на порагај без никаква болка само морав зошто водењакот ми пукна дома ,и болки немав до последно кога дојдоа они на неколку секунди прд самиот порагај ви посакувам така на сите што полесно да си поминете инаку не е како на филмовине пиштат уште од дома нема врска ,кај вас се сеуште лажни болки ,само и бебчињата полека но сигурно се спремаат за искачање, поздрав
ке знаеш кога ке се вистинските болки , нема да се трпат верувај ... и не се брзајте ке дојде вистинското време ..ке си бидете сите со бебињата Исто и јас ко Сесилија ,моево се роди пораснато бебе...си беше после термин ама не е страшно
Мене кога ми пукна водењакот тој момент немав никакви болки. Беше 6 часот сабајле кога отидовме во болница и потоа шетав шетав и полека почнаа болки да се јавуваат , прво беа слаби и на подолг интервал , а потоа многу јаки значи неопишливо јаки ,немојте да мислите дека се како кога ке добиеш значи 10 пати појаки од нив (не сакам да ве плашам драги мои ама барем сум искрена сакам да опишам за какви болки се работи )
Јас се породив царски без никакви болки,без отварање,без ништо од пораѓај се спасив,ама потоа цицањето лелеееее подобро да се породев ќе поминеше за саат-два...сега ми се плаче кога ќе ми текне мислев ме дерат на живо (кога цицаше малото)ноктот на ногата мислам ме болеше и тоа беше со денови....
Девојки јас имам од сабајле болки на неколку секунди па престануваат и после 10 мин.пак истото, како некој да ме сече долу таква јака болка, тоа е веќе од 4 сабајле и ете сеуште трае, вероватно ќе треба да посетам доктор, водењакот не ми е пукнат и ниту крв имам само овие болки кои се повторуваат на секои 10 мин. па на 5 мин.........значи тоа е тоа ???? Да не чекам веќе и да одам одма а? Шо ќе ем советувате вие ?
^ kallias јас те советувам да си се спремиш и правец болница, штом толку ти се зачестени болките можно е да дошло време (Нека те посоветува и некоја од родилките но според мене треба да одиш). Со лесно.
да одиш сепак тие си ја знаат работата ајде уште едно бебе на форумов убаво тргна работата сепак со лесно да ти е и без паника поздрав