1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Драги феминки

    Бидејќи ваква тема не најдов а како нова и неупатена во овие работи сакам да знам се во врска со породилните отсуства. :)
    Кои документи требаат?Каде се носат?! колку време траат отсуствата?! колку време треба да си вработена за да ти следува ?колку средства ти исплаќаат? мора ли да си вработен додека ти трае породилното? и сл...

    Однапред благодарам :*
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Треба да си минимум 6 мес вработена и осигурана за да ти следува породилно боледување. Породилно боледување се плаќа 100% од Фондот значи колку ти била платата (плата што легнува на трансакциска сметка) толку и ќе ти биде надоместокот.
    Породилно боледување трае 9 месеци. Обично го земаат кога ќе влезат во 9-ти месец бремените жени. Документи од гинеколог, извод од бебе, копија од последни 12 мес МПИН, рекапитулации, изводи дека се пуштени платите (сите овие ги спрема сме-во во фирмата), документи од Фондот, копија од трансакциска сметка, лична карта...се носат во ФЗО - во подрачна каде што припаѓаш т.е земаш плави картони.
    Додека си на породилно работодавецот не смее да те отпушти а и нема никаква корист затоа што придонеси и плата земаш од фондот.
     
    На Tokio12345, Abeja и silk им се допаѓа ова.
  3. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Со новиот систем повеќе не се доставуваат изводи и декларации затоа што системот на ФЗО сега е поврзан со тој на УЈП и податоците ги гледаат во компјутер.Значи се доставува само боледувањето од матичен гин. трансакциона см-ка, извод од бебето и лична карта.
     
    На Millionstars му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    благодарам многу slavica999 i sunshine989 .... :)
    мене на пр ми стига цела плата на трансакциона :) дали има некои ограничувања во износот на исплата односно дали на пр ако е повеќе од 30000ден не ти ги исплаќаат (ова го прочитав некаде!)тие пари плус туку само до таа сума?и дали мора да си вработена во моментот кога го земаш породилното или?!

    :)
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мислам ека максималниот износ на породилното го променија и сега изнесува до 60.000 ден, но не ме фаќај за збор, не сум сигурна.
     
  6. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Мора да бидеш во работен однос за да земаш породилно. А за гранчувања има, ама точната сума не ја знам.
     
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    До пред неколку години имаше ограничување мислам до 25.000 денари. Оваа година како што ми кажа пријателка, законот ни оди во прилог, дека влегува целата плата во просек од последните 6 месеци. Да молиме Господ да си остане сегашниот закон и следната година.
    Има некој најсигурно и најсвежо инфо??
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Да, така е, се признава 100% плата во просек од последни 6 месеци
     
  9. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе ве молам некој што е запознаен со ова прашање да ми објасни што е потребно за породилно бледување.
    ОВА го најдов на страната на фондот, и тоа се многу документи, освен боледување од матичен бараат и од лекарска комисија и други документи кои не ни знам што се.
    И дали фондот сега редовно ги исплаќа парите, оти порано знам каснеа и по неколку месеци. :^)
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Да, сите документи се потребни. Од гинеколог си земаш боледување па тој папир се носи на лекарска комисија која после ти дава Решение и врз основа на тоа решение матичен ти дава еден ИСР образец се вика и тој заедно со НП1,2,3 (знае сме-во во фирмата што работиш а може и ФЗО да ти ги даде или онлајн да ги симнеш од страната) со се Договор за работа или Копија М1/М2....се носат во ФЗО.
    Сите документи ги спрема сметководство во фирмата освен што ти треба да донесеш боледување т.е Решение кое ќе си го земеш од ФЗО (ќе ти кажат кога ќе биде готово да си го земеш) и ИСР образец.

    Не ги плаќа редовно фондот парите, доцнат по 4-5 месеци :(
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    На крајот пишува дека дополнително за породилно боледување се доставува и извод од матично на родени, што значи тоа дека боледувањето ќе почне тек откако се роди детето, не кога ќе влезеш во 9 месец? До кога всушност се оди на работа?
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Трудничко боледување можеш да го земеш и кога ќе влезеш во 9-ти месец а не си породена нели, е сега по најнов Закон е да 30дена ти плаќа фирма а после си под ФЗО. Сака да каже дека можеш да го земеш и пред време т.е пред да се подориш а откако ќе се породиш накнадно носиш копија од Извод од дете и потоа не се бафташ по лекарски комисии туку само се продолжува боледувањето.
    Нели, имаш патолошка бременост и др. (не ги паметам сите шиФри на бремености) врз чија база можеш да земеш ,,трудничко боледување,, и да си на товар на ФЗО.

    На работа одиш до кога сакаш :) обично до терминот +/- некој ден али пази тие денови што ги земеш пред породување ти се одбиваат од тие 9 месеци што законски ти следуваат. Обично користат мајките стар или нов одмор за да изгураат 9 месеци со бебушот по дома. Индивидуално е.
    Ако е проблематична бременост тогаш со документ од лекар и решение од комисија (нели со шифра за ризична бременост) тераш додека можеш т.е додека ти даваат боледување.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас имам нормална бременост, не планирам да барам ништо што не ми следува, ќе чувам денови од стар одмор за да почнам порано, меѓутоа сепак мислев дека има некој критериум кога може да се почне со боледувањето, не дека треба да правам комбинации дали фирмата ќе сака да ми плати една плата. :(
    Глупаво е заради плата да одам до последен ден на работа и да ги извадам од памет еден ден ако ми пукне водењакот на сред канцеларија :worried:
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :) обично кога се влезе во 9-ти месец го земаат боледувањето или на датум (нели ретко кога точно се погоди да биде породувањето на датумот освен нели ако е закажано со царски или провокација).
    Како и да е по Закон си следуваат 9 месеци а кога и како ги земаш сама си калкулираш. Да не правиме муабет дека со породилно бодеш очи на газда :tmi: зависи од фирма до фирма од газда до газда али у глобала сите се :devil:
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Цела среќа што работам во странска фирма и директорот ми е многу коректен, па веќе имам предлог од него да работам скратено и да почнам со боледување кога сакам, платата нема да биде проблем, бидејќи имам скоро 9 години стаж,никогаш не сум користела ни еден ден боледување во тие 9 години, и сега како трудница не барам никакви привилегии, во најтоплото одев редовно на работа и не злоупутребував слободни денови...Врз основа на тоа сум заслужила мирно породилно боледување, ќе ми ги спремат во сметководство сите потребни документи, туку фондов што ќе ме влече со месеци и милион документи :worried:
    Јас веќе имам искуство со нив за рефундирањето на пари за Клексан терапија и верувај, 7-8 пати ме враќаа со погрешни информации од нивна страна, да собирам цел месес потврди од сите можни доктори додека ми ги примија сите документи, а за пари допрва треба да чекам.
    Така што сега за породилното боледување, буквално паника ме фаќа од Фонд за здравство, се чувствувам како стечаец што треба да моли за помош :(
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Мене тоа што ме буни е оваа ставка од законот:

    (2) Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката може да го
    започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а
    задолжително 28 дена пред раѓање.


    Задолжително е 28 дена пред терминот за породување?
    Јас би одела до крај колку што можам, сега за сега немам никакви проблеми, а имам и денови од годишен одмор кои планирам да ги користам пред боледувањето.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Јас користев одмор до последниот ден, и породилното ми е отворено на денот на пороѓајот. Значи, разликата од 30 и нешто дена (кога добив мислење од Комисијата да го отворам породилното) до пороѓајот, јас ја покрив со деновите од одморот, неискористени ми беа сите 22.
    Не знам дали сега има некаква промена, ова беше 2010/2011, не ми се верува дека нешто драстично сменале...
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Не е задолжително туку ако сакаш ,,најрано,, при нормална бременост
    Обично прават така како што пиша Моира
     
  19. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Труднички муабети

    Ајде Маја со сите сили напред, нели рековме ќе те гледаме на вести со првото бебе во новата година :)
    Јас 33 недела и скоро се сум спремна, и мене ми остана делот со перење и пеглање ама тоа кога ќе ми почне породилното, јас купив се оти викам кај ќе шетам во 9 месец по снегови во декември :)
    Мене ми останаа уште некои ситници како чешелче,томпломер,памперс,персил сензитив и другото сум готова со се.Кај нас сестра ми се породи првиот ден кога влезе во 9 месец, па јас реков да не ме снајде исто, па да си бидам спремна :)
    А на работа одиш, отвори породилно? јас треба неделава да одам кај матичниот да се договориме за следниот месец.
     
  20. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Не, не, не мора до толку да чека, еве може една недела пред Нова Година, па за празниците да си бидеме дома.:)

    Породилно не сум отворила, од наредна недела ќе го земам одморот што ми останува од оваа година, а ќе продолжам со породилното од 17 декември, можеби требаше и порано да го земам ама па уште се чувствувам добро, немам гајле. Ама нели никогаш не се знае кога може да не изненади.