1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Banance85, нема проблем што од новата пријава немаш 6 месеци. Битно е само да немаш прекин.
    Keti-keti, породилното отсуство се отвара најрано 28 дена пред терминот, или 45 дена ако се работи за патолошка бременост. Инаку, работодавачот е должен да те ослободи од вршење на тешка физичка работа според Законот за работни односи. Незнам што работиш, но можеш да побараш патолошка, па да не одиш уште од првиот месец, иако многу тешко даваат во последно време...
    Поздрав
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.451
    АКо секој месец ти запираат на плата, кога си на породилно платата не ти иде од таму од кај што си вработена, како до сега туку од Фондот. Они знаат по неколку месеци да не даваат пари, туку наеднаш, по 5 месеци. Можно е бакната ако имаш да ги активира жирантите оти ти не плаќаш. Затоа навреме кажи во банката.
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.536
    Пол:
    Женски
    Жиранти немам.Во тој случај сама ке треба да оставам онолку колку што ми е кредитот на сметка,за да си допираат.
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Сега не каснат по толку, за месец и пол пуштаат прв пат пари, па после на месец дена.
     
  5. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Секако кога имаш кредит не смееш да си дозволиш ни еден ден каснење ради високата камата,нормално дека периодот кога ќе сме на трудничко ќе си ја уплаќаме ратата сами додека да земеме трудничко,после ќе оставаме секогаш сума да има за да си земаат рата инаку готови сме со камати ако касниме повеќе од еден ден за подолго да не збориме ич ;)
     
  6. kleopatra2531

    kleopatra2531 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Здρаво! Ваκа имам едно пρашање во вези со поρодилново, κои се условите за негово κоρистеење освен мин.6месеци непρеκинат ρаботен стаж? Дали игρа улога пρегледите κај матичниот и ....
    Фала.
     
  7. Anita.jovana

    Anita.jovana Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo majki :) ovde na forumot gi citam vasite prasanja i odgovorime i me interesira dali porodilnoto e 100% od platata sto sme ja zemale vo tekot na rabotniot odnos bez razlika na koja profesija ste rabotele.Bidejki jas denes zedov 80% od plata.Pozdrav
     
  8. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Па мора од матичен да имаш потврда, мислам дека негде се спомнуваше и мајчина книшка дека барале (матичен гинеколог најдобро знае).
     
  9. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    47
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Леле најмили ,за ова два дена сум бесна,па овие не се нормални ако го направат ова ццц,и после оди раѓај,а и незнам кој приватњак е будала да плаќа за некоја што седи дома,и онака од државата која фирма успеала да си поврати пари за ддв,а не па за породилно.цццц страшно.Ама јас некаде прочитав дека не било уште усвоено,само како мерка доставена до Владата,а ако се усвоело ќе се применува некаде од 2016 год,како и да е не е убаво
     
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Која глупост од закон еј :x...
    Од една страна упорно апелираат за многудетни семејства, а од друга страна донесуваат вакви дебилски закони. Која жена ќе се реши за три деца кога знае дека големи се шансите да остане без работа за време на бременоста? Или кој работодавец ќе сака да вработи некоја млада жена која се нема остварено како мајка? Ако не е усвоен се надевам нема ни да се усвои. Во секоај нормална држава донесување на ваков дискриминирачки закон би бил проследен со масовни протести, кај нас е друга приказна.
     
  12. prosetka

    prosetka Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ми се приближува терминот за пораѓај и сакав да отворам породилно отсуство пред 3-4 дена. Кога бев кај матичниот гинеколог, само запиша во картонот дата и ми рече дека треба да се оди кај неа откако ќе се породам со отпусна листа од болница.
    Дали некој знае дали има нови правила за отворање породилно боловање, има ли некој искуство од скоро време?

    Во ваквиот случај, може да се случи долго време да не си ни вработен ни на боловање :) па тек тогаш кога би стигнала исплатата за боловањето, кој знае.
     
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Морам да пишам дека новиот предлог закон е катастрофа. Ако се усвои, тешко нас... Кај веќе постои премолчена полова дискриминација во многу професии, сега ќе се зголеми драстично... Дека нешто ќе протестираме и ќе смениме, тешко... Страшно.

    Јас имам и друга мака. Како што знам, право на породилно имаат вработени минимум 6 месеци... Надоместокот е 100% само што вадат просек од последната цела година. Породилното може да се отвори од 28 дена од термин па се до самиот термин.

    Но, мојот проблем е што се доцни со плата кај мене на работа... Заради тоа немам осигурување тековно... Се префрла ретроградно, ама јас не можам да го користам така, нели...
    Имаше еден член во законот кој со измени и дополни не знам каде исчезна... Како еден од условите за добивање на платен надоместок за породилно боловање беше и следниот: "задолжителното здравствено осигурување да е редовно уплатувано, или со задоцнување од највеќе 60 дена"...

    Мене веќе ми доцнат повеќе од 60 дена (чекам јунска плата).

    Некое искуство - дали уствари јас го изгубив правото на породилно... Или ако ми уплатат се пред да го отворам ќе биде во ред... Дали уште постои овој член...

    Патем, треба и да сменам матичен гинеколог, ама за тоа да го направам, треба да имам здравствено! Нема кој да ми го отвори боловањето...


    Ако испадне да немам право, стварно не е фер. Затоа што како ме штити државата мене како вработен?

    Некако некои работи ми немаат логика... Ве молам споделете совет / искуство...
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Гледам има многу негативни критики за законот од страна на женската популација претежно.
    Јас искрено сметам дека законот ги штити интересите на идната мајка. Иако со ова проблемот на задоцнета исплата се решава на погрешно место и е резултат на безмоќноста на власта да си ја контролира сопствената (тромава) администрација, идните мајки имаат бенефиции.

    Имено, во многу наврати доцнењето на исплатата од фондот, не е само заради фондот, туку и резултат на касно доставени документи од страна на компанија. Има компании кои ова го сметаат за споредна работа или ја теретат жената сама да си го брка ова. Согласно сегашната законска рамка не постои јасна дефиниција чија обрска е доставувањето на документите. На пример мојата компанија има тотално игнорантски однос кон ова. Едноставно такви се колегите од човечки ресурси - за нив е споредна работа и ќе ја завршат кога ќе им се најде екстра слободно време. Ова е крајно некоректно во однос на мајката на која баш тогаш најмногу и требаат финансии. Е сега со оваа мерка, ќе мора малку поажурно да се однесуваат.

    Со фактот што исплатата на мајката ќе оди преку фирмата значи навремена исплата за неа. За компанијата нема да значи ништо бидејќи ќе исплаќа исто како што било до претходниот месец и ќе има поврат од фондот. Имено, повеќето од компаниите не ни вработуваат замена за време на породилното отсуство (туку ќе ја распределат работата помеѓу постојните вработени) така што нема да имаат зголемен привремен одлив на средства.
    Целото ова решение е налик на исплатата на ДДВ. Фирмата го плаќа и чека месец, два (три) да и се врати.
     
  15. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    А па не знам дали баш фирмата ќе сака да се задолжи за мене. Зашто ова е буквално се задолжува, ми пушта мене плата и плаќа моја замена (а јас не работам) и чека да и даде фондот (што не касни баш месец два, него понекогаш и 5,6 месеци). Јас како вработена подолго време може ќе ја имам таа привилегија да ми плаќа фирмата па да чека, ама ако сакам да се вработам на друго место а сум млада и треба да имам деца, сигурно ќе примат попрво некоја постара отколку мене.
     
    На azelea и leona83 им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А сигурна си дека фирмата ќе вработи замена?!
    Сигурно подобро знаеш од мене дека се чека и по 5,6 месеци, ама јас до сега немам никој околу мене што толку чекал пари да добие ниту имам искуство дека ДДВ поврат се чека по толку многу?!
    Ова во принцип е проблем во помалите фирми. Од една страна наводно немаат пари, а газдата 1 месец одмор ќе тера или ќе вози бесна кола?!
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Секогаш документ за породилно отсуство се дава откако жената ќе се породи ( не дај Боже да не се случи нешто во меѓувреме или на пораѓај). Дотогаш седиш дома и чекаш:) откако ќе се породиш датумот на породилно ќе ти биде од денот кога си останала дома плус 270 дена, за кој период и ќе зимаш надомест. Значи плата до денот кога одиш на работа а потоа породилно за чиј надомест ќе почекаш неколку месеци.
     
  18. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Па во мојот случај мора да вработи замена (професорка), не е како на друго место да се распредели работата на други. Ја познавам жени што баш толку чекаат (золва ми, кумата) па затоа и реков дека толку се чека. Апсолутно се согласувам дека не треба приватната фирма да ја жалиме што ќе им касни фондот, не ме ни занима тоа. Ама работата е што приватњакот ќе си најде друго чаре и нема да се замара со мене. Е затоа е жива глупост законов, не зошто жалам оти газдата ќе се задолжи. Него неговото размислување ќе биде "зошто да се задолжувам и малтретирам кога можам некоја што веќе родила да си вработам" :)
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Може заради спецификата ќе мора да вработи, ама добар дел нема да вработат, туку ќе ги натоварат останатите вработени, овие ќе се кршат од работа, а прекувремено секако нема да им исплаќаат и слично. Ова не само во малите компании, туку во сите. Ситно, ситно ама да се зашпара демек.
    Сигурно ќе има такви кои ќе прават дискриминација, ама убедена сум дека добар дел ќе си продолжат да си вработуваат според квалификации.
     
  20. prosetka

    prosetka Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Благодарам за објаснувањето :), јас па мислев треба да се има некаков документ веднаш откако ќе се решиш да останеш на породилно. Тогаш ќе си почекам :)