ТЕМА: Породилно отсуство

Мислење 24 Апр 2013, 07:41

JuLleE напиша:Може да се земе најрано 45 дена (во посебни случаи, мислам дека треба лекар да даде ваков прелог), 28 пред термин и најдоцна на денот на породувањето.
Вака е според закон.
Се исплаќа 100 %, исто како платата што сте ја примале во последните 6 месеци.
Најтазе информации, плус правник сум, па сама го читав Законот, секојдневно го работам ова и плус бев во ФЗО.

да меѓутоа за да земеш 45 ден пред термин ќе те водат како патолошка и не се зема 100% , а и треба 3 члена комисија да одобри за тоа ;)
Аватар на корисникот
anicka1anicka

Сино цветче
 
21587
Мислења: 282
Зачленет: 05 Фев 2013, 09:43
Слика


Слика

Мислење 25 Апр 2013, 11:37

^
Па реков дека во посебни услови е 45 дена, а инаку исплатуваат 100 %. Бев некни во ФЗО, валјда знаат колку се исплатува.
Има и мајки на форумот кои се на породилно па нека кажат колку зимаат.
Аватар на корисникот
JuLleE

Жолто цветче
 
46817356
Мислења: 2203
Зачленет: 15 Јан 2010, 04:30

Мислење 25 Апр 2013, 18:23

JuLleE напиша:^
Па реков дека во посебни услови е 45 дена, а инаку исплатуваат 100 %. Бев некни во ФЗО, валјда знаат колку се исплатува.
Има и мајки на форумот кои се на породилно па нека кажат колку зимаат.

за нормална бременост е 100%, а за патолошка беше некаде околу 1000 ден. помалку не е голема разлика но за патолошка не е 100% и за нормална бременост пред 28 дена неможе да се отвори порано.некои мајки отвараат и на самиот ден на породување но мислам дека сега и тоа го укинаа значи најдоцна мора на 28 дена пред термин
Аватар на корисникот
anicka1anicka

Сино цветче
 
21587
Мислења: 282
Зачленет: 05 Фев 2013, 09:43
Слика


Слика

Мислење 25 Апр 2013, 18:25

а и заборавив, во ФЗО 98% што работат се неписмени така да секое прашување различно ќе ти кажат. мене последен пат службеникот ме праша дали знам да куцам и замисли сама си ја куцав потврдата што ми требаше зошто тој 15 мин. неможеше да најде каде се притиска голема буква. отварај на нивната страна и на труд и социјала зошто таму можеш да го најдеш законот и неговите промени.
Аватар на корисникот
anicka1anicka

Сино цветче
 
21587
Мислења: 282
Зачленет: 05 Фев 2013, 09:43
Слика


Слика

Мислење 25 Апр 2013, 18:59

Зборувам за закон кој во моментот важи.
Да не цитирам членови, пред еден месец имавме сличен случај.
Може да се отвори и на денот на породувањето.
Последна редакција: JuLleE на 25 Апр 2013, 19:05; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
JuLleE

Жолто цветче
 
46817356
Мислења: 2203
Зачленет: 15 Јан 2010, 04:30

Мислење 25 Апр 2013, 19:01

Tocno
ookk

Фем почетничка
 
00
Мислења: 2
Зачленет: 25 Апр 2013, 18:57

Мислење 26 Апр 2013, 13:58

Ме интересира како оди процедурата за добивање боледување како патолошка бременост. Имам сериозни проблеми со тироидната жлезда, од којашто добив и тахикардија. Сега земам лекови за тироидната из а срцето што се многу штетни за плодот. Од преголемото срцебиење неможам да стојам, наутро по два саати неможам да одам, значи се тресам цела и ако застанам на нозе 5 минути ми се темни и се губам. Докторката што ми ја води болеста со тироидната смета дека не смеам да работам,матичниот гинеколог исто така па ме прати да одам во гак кај некоја докторка да земам извештај за боледување. Докторката таму буквално не ме слушаше што и кажувам, резултатите од се речиси не ги ни погледна само ми кажа какво боледување, ти треба да се лечиш со лежење дома нема ова да се излечи. Значи се лечам и се друго но неможам да издржам на работа. Ми напиша само 2 недели боледување,а кога отидов на шалтер да платам ми се стемни, се растресов цела, срцето пак ми убрза и пак паднав. Ме интересира кои состојби ги сметат за ризична, патолошка бременост? Дали спаѓам во таа група?
femme.k

Фем почетничка
 
00
Мислења: 4
Зачленет: 02 Мар 2013, 13:48

Мислење 26 Апр 2013, 19:26

Ќе може ли некој да ми каже дали би ми следувало породилно доколку сум осигурана на пола работно време?Само знам дека треба најмалку да сум осигурана 7 месеци...јас сум само 4 месеци осигурана но сеуште нема да излезам од работа...?
Аватар на корисникот
TSS

Сино цветче
 
366371
Мислења: 433
Зачленет: 24 Апр 2013, 12:55
Слика

Слика

Мислење 27 Апр 2013, 21:42

[quote="TSS"]Ќе може ли некој да ми каже дали би ми следувало породилно доколку сум осигурана на пола работно време?Само знам дека треба најмалку да сум осигурана 7 месеци...јас сум само 4 месеци осигурана но сеуште нема да излезам од работа...?[/quн

најмалку 6 месеци полно работно време, пола работно време се рачунаат и месеците на пола. ако си работела седум месеци во стаж ти е како 3.5месеци.
Аватар на корисникот
anicka1anicka

Сино цветче
 
21587
Мислења: 282
Зачленет: 05 Фев 2013, 09:43
Слика


Слика

Мислење 27 Апр 2013, 21:49

femme.k напиша:Ме интересира како оди процедурата за добивање боледување како патолошка бременост. Имам сериозни проблеми со тироидната жлезда, од којашто добив и тахикардија. Сега земам лекови за тироидната из а срцето што се многу штетни за плодот. Од преголемото срцебиење неможам да стојам, наутро по два саати неможам да одам, значи се тресам цела и ако застанам на нозе 5 минути ми се темни и се губам. Докторката што ми ја води болеста со тироидната смета дека не смеам да работам,матичниот гинеколог исто така па ме прати да одам во гак кај некоја докторка да земам извештај за боледување. Докторката таму буквално не ме слушаше што и кажувам, резултатите од се речиси не ги ни погледна само ми кажа какво боледување, ти треба да се лечиш со лежење дома нема ова да се излечи. Значи се лечам и се друго но неможам да издржам на работа. Ми напиша само 2 недели боледување,а кога отидов на шалтер да платам ми се стемни, се растресов цела, срцето пак ми убрза и пак паднав. Ме интересира кои состојби ги сметат за ризична, патолошка бременост? Дали спаѓам во таа група?

прво добиваш нормално боледување, а потоа одиш на комисија односно предлог за продолжување на боледувањето и така секој месец до крај. комисијата се наоѓа карши ѓорѓи димитров гимназијата во бараките и секој месец ќе мораш да одиш за да ти продолжат или скратат. ќе носиш историјат на болеста ќе им објасниш што ти е ќе ти кажат излези и ќе почекаш да видиш што одлучиле. но како е да е првото боловање оди од матичен, а се останато ако сакат и ако сметаат дека си на листа за патолошка. инаку сега е мн. ригорозно поради голема злоупотреба така да и не се разочарувај и да те одбијат биди упорна и ако те одбијат терај си со нормално боледување со тоа што ќе одиш 2-3 дена на работа па боледување и се така до крај или продолжување на боледување со различна дијагноза. има 101 начин да ја победиме неправдата доколку некој сака да ни ја нанеси.
Аватар на корисникот
anicka1anicka

Сино цветче
 
21587
Мислења: 282
Зачленет: 05 Фев 2013, 09:43
Слика


Слика

Врати се на Бременост

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: bokace, slucajna и 15 гости