1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. Plavuska.inaci

    Plavuska.inaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Бремена сум скоро еден месец од мојата последна менструација ,имав денеска мала болка во грбот кај 'рбетот слични како прелада или мало преметнување на некој мускул , и имав мал проблем со дишењето ,болката малку се смири ама сепак ме интересира дали е тоа последица од бременоста или е нешто сосема друго....?

    BLAGODARAM
     
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Прашање

    Плавушка, има тема Сакам да прашам се вика.
    Инаку да ти кажам да не паничиш, порано нити знаеле, нити толку многу се мазеле па пак нашиве родители здрави прави се. Уживај и опушти се, ништо страшно не е мускул ти се преметнал, не си толку долго бремена за од тоа да ти биде.
     
  3. cacaa

    cacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Прашање

    вака,јас цум во 19 недела од бременоста.немав никакви проблеми со бубрезите,но веќе цела недела осеќам многу јаки болки во бубрегот.сеуште немам отидено кај докторката да прашам,дали е нормално и што да преземам.па некој совет од вас.поздрав :)
     
  4. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Имам едно прашање во врска со плодовата вода. Дали е можно да истекува по малку секој ден или ако истекува таа, ќе истече наеднаш? Малку глупаво прашање ама не секогаш исцедокот ми е како бело прање, туку некогаш и како само водено имам на долниот веш...Еднаш ја прашав матичната , ми рече таане истекува по малку, туку цела наеднаш ќе истечеше А друга докторка па ме проверуваше еднаш со вагинален преглед и рече не истекува, ама тоа беше уште во 17. недела. Сега сум 33.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Нормално е тоа, не е плодовата вода. И јас мислев така, дека може да биде плодова вода, ама на контролите ми велеа дека е се' во ред, дека имам доволно плодова вода, и дека грлото на матката е добро затворено. А исцедокот е присутен кај сите, па немаш причина за грижа. Секако дека плодовата вода наеднаш ќе истече кога ќе дојде време за породување ;)
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    И јас кога бев бремена исто имав некои вакви исцедоци и мислев дека ми пукнал водењак и дури два пати отидов и во болница (со сите торби и се спремно за бебето) готова за раѓање. Тоа е некое природно чистење и не е ништо страшно ,освен ако нема некоја лоша боја (зеленкаста)или лош мирис.А инаку кога пука водењакот тоа е многу голема количина на течност и истекува одеднаш и тогаш нема место за нагаѓање дали е или не е,тогаш едноставно си сигурна. Среќно и со лесно :D
     
  7. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    ne se plasi,toa e eden od simptomite na bremenosta...

    [mod-kirilica:2ap8ff4s][/mod-kirilica:2ap8ff4s]
     
  8. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    bojadisuvanje na kosata vo tekot na bremenost

    чепкав низ темиве и никако да најдам некој да непише дали се фарбал во тек на бременоста,пошто јас сум плава баајѓи време и незнам како ке издрзам ко ке сум бремена дај Боже , да не се фарбам :?: |(
     
  9. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    bojadisuvanje na kosata vo tekot na bremenost

    Мојот гинеколог ми дозволи фарбање. Јас исто се двоумев дали треба или не затоа што поделени беа мислењата во врска со фарбањето - според некои нема никаква штета од фарбата, според други тоа беше недозволено. Така да, јас со мирна совсет се исфарбав во 3от месец 8)
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев некаде 4-5 недела трудна ( а незнаев дека сум ) ја бланширав косата сама дома ( додавајки 2 хидрогена ) :worried: кога дознав никако не ставав ништо на косата. Некаде 5 месец отидов во аптека и купив од Палете фарба без амонијак ама мајка ми ме премисли да не се фарбам да почекам уште малку. И така до сега се немам исфарбано косата ми беше темно кафеава и еве сега ми се врати старата боја , па потоа ке биде полесно фарбањето , можам која боја сакам да си ја ставам :lol: Тебе би ти препорачала кога ке бидеш трудна подобро ништо не ставај зашто тие отровни материи можат да се пренесат преку крвта на детето..сега незнам може и никаква штета да нема ама па подобро не ризикувај.. :hai:
     
  11. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    :( леле , ах леле со ке се прави коренот излезен сто километри
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Jaс исто сум плавуша (моментално со темно кафеав корен 2 цм) и само еднаш до сега се имам офарбано во бременоста, кога беше веридбата (некаде кога бев 3ти месец).
    Сега оваа недела пак ќе се фарбам, оти не можам да се поднесам ваква, ко апо за мали деца!!!
    А мојата фризерка, која патем е бремена сега со второ дете, ми рече дека во првата бременост се фарбала еднаш месечно, па ништо не се случило и дека ова за фарбањето се препорачува да се избегнува во првите три месеци зошто плодот уште не е зацврстен и мали количини може (ама не значи дека сигурно) да стигнат до плацентата, а до крајот на бременоста да се одбегнува поради јакиот мирис на фарбата.
    Јас не се фарбам многу често сега оти преку глава ми е од брмчење на свекрвата и мајка ми понекогаш, па уште ова фали :D
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам, кога останав бремена мојот гинеколог ме советуваше да не се фарбам, и така си се шетав со корен 5 месеци, потоа дојде свадбата на ред и се исфарбав, ама веќе бев 6-ти месец бремена. Исто и за време на лактацијата наводно не смеело да се фарба заради млекото, така што пред породувањето се исфарбав со боичка приближна на мојата природна боја на коса и мирна глава, остануваше само шишањето ;) :emo:
     
  14. Spagetka

    Spagetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Прокрварување во 24 недела

    Јас сум сега веке 25 недела ама пред неколку дена бев 24 недела и малце прокрвавев ,тоа траеше само пола ден но ме задржаа во болница 2 дена.Ми ставија две инекции за побрз развој на плуката на бебето за секој случај недај Боже,и пиев три дена, три пати на ден апчиња против грчење не ми текнува како се викаа.Сега сум дома и нормално дека имам помалце страв,ми рекоа да мирувам барем две недели до следниот преглед од мојот гинеколог. Сега имам чувство како градите да ми се омекнаа дали дека сум уплашена малце па се мислам што не треба незнам,ме интересира дали има некој искуство со вакво нешто,да ми одговори дали тие инекции две што ги примив ке штетат на било што или тие апчиња или нема врска тоа е се во ред.Дали градиве што ми се помеки има некоја врска со тоа ,да е во прашање млекото..мислам да не ми се сопре млекото заради тоа .....или и тоа нема врска само се паничам без врска,ве волам за одговор.
    Благодарам
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Прокрварување во 24 недела

    Јас сум сега 24 недела и моите гради се по меки за разлика претходно што беа.
    Не можам да ти дадам стручно мислење, но според тоа што го имам јас поминато со проблемите во почетокот на бременоста и во четвртиот месец, најдобро е само да мируваш, без сексуални односи, без шетања ваму таму, без напрегања, ништо работење-само лежење. Потешко од чаша да не креваш. Само така можеш да си помогнеш сама на себе.
    А крварењето може и да е и последица на пукање на некој капилар внатре. Ама за секој случај, морале докторите така да направат.
    Без нервози и со лесно.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Spagetka

    Spagetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Прокрварување во 24 недела

    Благодарам ,значи градите ми се меки вероватно зошто така треба а не заради тоа што се случи,Кажими дали плодот почна да ти се поместува целосно на една страна како да осекаш дека бебчето се свиткало целото на десна страна и ти се подигнал стомакот од таму повеке,па после полека да се помести на друга страна и да се намести убаво.Мене тоа почна да ми се случува во 24 недела.Читав во едно списание дека бебето е сега поголемко и сега не клоца како порано него целото се преместува и така ке биде до 27 или 28 недела и потоа повторно ке поцне да клоца како порано.Дали и тебе ти се случува така и дали почна да имаш киселини по малце јас веке два три дена почнав да ги имам и како ги смирувас ако случајно почнале и кај тебе киселините
    Поздрав
     
  17. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Прокрварување во 24 недела

    Spagetka, сега мирувај и не размислувај многу што,како ,кога.Докторите не би ти направиле ништо лошо,така да не мисли ти на млекото и итн.Мирувај,лежи,гледај комедии и смеј се почесто,за односи мој совет ви е да немате.Мирувај,расположи се и глдеај напред ;)
     
  18. Spagetka

    Spagetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Прокрварување во 24 недела

    Нема да имаме односи до крај и онака целата бременост скоро и да немаме хахаха дали два пати во месец некогаш ни еднашка и фaла Богу што ме разбира и што му е од Се побитно нашето бебе за Се останатото има време.Ке лезам и ке одмарам а дали смеам да направам барем руцек во денот полека со одмор зошо јас и он сме сами немаме никого овдека за да ни помогне
     
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти пишам :) . И за првата, а еве и со вторава бременост секој месец си одам на фризер и си се фарбам. Зошто не се фарбате, ама баш ич не ми е јасно. На бебето неможе да му наштети тоа.
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Киселини имам од одредени јадења (манџи, месо), а цедевита ми помага многу да ги стишам кога ќе ги добијам. А за клоцање не ми се прави муабет :D клоца како да е на бокс меч. И од ден на ден си се мести како си сака. Еднаш е завртено со главата надолу, а наредниот ден веднаш ќе се заврти странично. И на моменти ќе се собере во топче и ќе е само на едната страна од стомакот, а на другата страна имам празнина (ко да не сум бремена).

    А сега пак едно прашање за тебе, дали имаш многу вагинален исцедок ? Кај мене е поизразен (да напоменам немам никаква бактерија, се ми е испитано и е негативно) и ме нервира, не знам како да го намалам.