Поздрав до сите новопечени мамички. И јас сум сега во вашиот клуб, веќе 9 недела од бременоста и минатиот пат кога бев на преглед, лекарот ми препорача да направам Prissca test, најдоцна до 12 недела од бременоста.Пробав да најдам повеќе информации за тестов, ама сите што ги прочитав, беа некако малку оскудни. Има ли некој да сподели повеќе искуство околу овој тест?
PRISCA- Систем за калкулација на ризик од постоење на хромозомски и други нарушувања кај плодот. Како што кажува и самото име, (PRISCA- Prenatal Risc Calulation Software), се работи за една моќна алатка која се употребува како ефикасен метод во пренаталниот скрининг, рано во бременоста. PRISCA во себе инкорпорира повеќе сегменти и тоа : мерки од ултразвук, биохемиски маркери од крв, податоци од мајката за возраста, бременоста, заболувања и др. - Голем број алгоритми и протоколи за скрининг во прв и втор триместар од бременоста - Извештај кој може да се моделира кон барањата на докторот - Познати медијани и вредности изразени во MoM - Автоматска калкулација на ризик Спојлер
Аничка, благодарам за одговорот, но имам уште две прашања: На клиника на ГАК го правеше тестот? Однапред се закажува или...?
Да во ГАК правев не треба да закажуваш доколку правиш само лабораторија таму и имаш со себе мерки од матичен гинеколог или од друг. Но ако ги правиш мерењата во ГАК најрано една недела пред да влезеш во 12та треба да закажеш само за мерењето а за во лабараторија не се закажува. Но запази го периодот на мерките значи несмеат да бидат постари од 1 ден пред да ти земат крв.
Дали некој има правено Приска 2 и дали знае да ми протолкува дали се ок резултатите: AFP 21,6 uE3 0,71 HCG 38439
Еве што најдов на нет, во врска со Даунов синдром....убаво појаснување за идните мамички кои ги интересира.
Кога се прави ПРИСКА тестот? Дали е задолжителен? И дали вреди да се прави? Јас имам 29 и пол години, и некои мои блиски ми ја увртеа оваа идеја во глава, да не речам овој страв. Мојот гинеколог, воопшто не ми предложи да правам приска. Всушност вчера бев на контрола и јас го прашав, ми рече: ако сакаш дојди тогаш и тогаш (инаку јас сум 12+1 недела, а тој ми закажува термин за кога ќе бидам 13+1 или 13+2 до 13+5 -последен датум), и успут ми кажа како оди тоа и дека се тоа еден куп неточни бројки. Малку ме замисли, па барав денес на интернет, и најчесто пишува дека приска се прави најдоцна во 12 недела. Сега уште повеќе сум збунета. Од една страна ми е страв, од друга страна сметам дека ако е навистина само математичка формула и игра со бројки, тогаш тоа ништо не значи, само време и пари трошење. А и за било какви реакции по основ резултатот од тестот ќе биде доцна, бидејќи дури ги соберам сите резултати ќе бидам навлезена во 14 недела. Не сакам да се преоптеретувам со непотребни грижи. Јас не сум од Скопје и секој преглед во Скопје би ме чинело губење ден од работа, а тоа сега ми е луксуз. Но ете, како и секоја мајка и јас сакам моето дете да е здраво и живо. Ако некој преглед е неопходен- секако ќе го направам, а ако не е (како што ми се чини докторот сакаше да ми каже) - тогаш зошто да губам време, нерви и пари?
Јас имам 30години , го правев овој тест по препорака на гинекологот некаде околу 12-тата недела..Точно е дека се куп математички пресметки и на крај на англиски пишува каков е ризикот Спојлер обично треба да пишува very low risk Процедурата е следната - 1 до 2 дена пред да одиш во Скопје одиш кај гинекологот , тој врши мерења на плодот и со тие мерки и упат одиш за Скопје во ГАК , во новата зграда , доле во лабараторија...Завршуваш за помалку од 15 мин ...Со картонче кошта 350денари, а резултати имаш за 2-3 дена (ќе ти дадат број да прашаш дали е тестот готов)...може да ти го земе било кој и да ти го прати да не се малтретираш пак ... твоја одлука мајче
Ти благодарам за одговорот Mrs.Bass. Ќе размислам. Искрено, ми се чини дека нема да го правам, а и мојот гинеколог да не го прашав, немаше ни да ми спомне. Од муабетот сфатив дека тој не верува многу на овој тест. Затоа l-a-d-y-di мислам и дека не е задолжителен овој преглед. Со Господ напред, како треба - така ќе биде.
И јас имав слушнато дека наводно приската е задолжителна, дури и сестрата кај матичната тоа ми го рече.. Кога ја прашав докторката таа ми одговори дека нивно е да препорачаат да се прави, а на пациентот е да одлучи. Јас и реков дека нема да правам. Кога отидов на скринингот во 12 недела на клиника, завршив со прегледот и сестрата таму ми напиша упат за во лабараторија за приска. Па во моментот се премислив, си реков ај кај сум дошла ќе го направам и ова. Инаку според мене е чиста глупост, и се направи кај нас помодарство а нема никакво сигурност, чиста математичка веројатност. На една моја позната и излегоа резултатите катастрофа, се извади од памет жената, па потоа правеше амниоцинтеза на која беше се во ред..
Кога бев бремена со син ми не го правев тестов. Гинекологот ми рече дека не е задолжителен. Се распрашав кај неколку мајки кои што веќе родиле и тие ми рекоа дека не е морално да се направи. Така што, одлучив да не го направам. Од лани тестов е задолжителен.
^ Баш ме чудиш. Ако е задолжителен, зошто мојот гинеколог не ми го препорача? И зошто кога јас, го распрашав, тој некако ми звучеше како да ме разубедува, а не како да настојува да го направам тестот? Ако овој тест не е задолжителен, јас немам намера да го правам.
Не е задолжителен! И јас имав избор, ако сакам да го направам ако не, не морам. Мене докторката ми кажа дека го препорачува на родилки постари од 30 години, но дека не е задолжителен. Јас си го направив, без оглед што станува збор за резултат кој не е воопшто сиурен и точен, базиран на некаква математичка формула, според мерките од скринингот. Ми поставија неколку прашања и ми земаа крв, па и од тоа добиваат одредени резултати. Несакав да ме јаде црвот па го направив. Не се чека многу, брзо се завршува работа, за недела дена најдоцна резултати и мирна глава. Сепак кој како си сака.
приска како приска не е некој тест,каде што се зема здраво за готово,све е сведено на некаква тематика,меѓутоа многу битен е скринингот кој воедно и паралелно го прават,бидејќи дефинитивно според носната коска на бебето можат да потврдат ако има или нема сумља околу даунов синдром,па тогаш со сигурност ако се има потреба се испраќа за амниоцентеза.Tака да јас сум за сите можни тестови што се овозможени и предвидени за во една бременост,без разлика да се водам по некакви статистики за зтаросна граница,може тоа порано така било,ама сега и кај млади и кај постари ризиците се големи.