Според списокот на термините за породување. Видов дека веќе сега во септември има пријавени. Па се сетив на темава, што да се спакува за во болница? Секоја што ќе пише од вас што планира да носи, дури и свое лично искуство. На некој начин ќе ги потсетува идните трудници.
супер тема мене терминот ми е во октомври и поим немам што треба за во болница , па ве молам помагајте
Зависи во која болница планираш да се пораѓаш. Во ГАК и Чаир даваат спавачи од таму и не е дозволено носење на твоја. Инаку треба -прибор за лична хигиена(четка, паста, сапун, купка за измивање, тоалет) -3пешкира -вл.марамици -полнач за телефон -во Чаир исто мислам дека даваат и гумени папучи, што незнам дали е случај на ГАК, а се потребни за да можеш до вц да отидеш, да се измиеш, а да не се мислиш дали ќе се наводенат и како ќе се исушат. - ако е природен пораѓај добредојдени се и чепчиња за полесно одење во вц -вода Ова е одприлика за мајката, а за бебето, дополнително ќе донесе сопругот торбица која би требало да содржи: -памперс -пешкирче -алишта за изнесување од болница(кои се носат на крај) Мислам дека е тоа, ако знае некој нека дополни, или пак некоја искусна мамичка нека каже. А за после пораѓај , потребни биле сокчиња, пожелно било да е бистар од јаболко, освежувало.
Со оглед на тоа што постојано бе со сестра ми пред и по проѓајот во ГАК еве моите лични сознанија и искуства со носење и слично Прво, точно е дека не дозволуваат пижами од дома, но на сестра ми пожамата беше целата издупчена и крвава, 2 дена беше во истата, значи пред пороѓај, целата беше накисната од водењакот и по пороѓај од крв. Во таква пижама мислам дека нема да сакате да си го допрете бебето, а камоли да го земете во прегратка. На почетокот не дозволуваа, но подоцна сестра ми доби од свекрва и пижама со сличен дезен како болничката и си ја облече. Е сега, многу беше гужва кога сестра ми се пораѓаше па никој ништо не ни приметуваше така да може тоа е олеснување. Она првите два дена, првиот ден од пороѓајот и ден потоа, беше во болничкиот оддел на Гинекологија на кој лежат постоперативно жени со гинеколошки операции, така да не беше со бебето. Кога ја симнаа кај бебето без дапраша си облекла пижама за доење и никој ништо не и рекол. Тоа е од искуството со пижамите и толку големата фама околу тоа. Второ, чувајте си шише со вода и не заборавајте да си го понесете, навистина ќе ви биде потребно кога ќе стинете таму. Сестра ми се пораѓаше во старата Гинекологија и таму од чешмите течеше исклучиво топла вода, ладна ни за лек, а ај да те видам жеден пиј топла вода Трето, за бебињата, понесете си некои шпикознички, ако не сакате секако да ви бидат децата облечени ко дечињата на камени мост, значи буквално, со дупчиња, без копчиња, со флеки од претходно, ужас. пак ќе напоменам, тоа беше во старата Гинекологија, сега навистина не знам како е. И последно, ако сакате да добиете посебен третман, и побргу да излезете денот кога ви е предвиден за излегување од болница, задолжително почастете ги сестрите на рецепција кои треба да ви ја завршат папирологијата, инаку ќе останете гладни додека да ви дојде редот и ќе морате да стоите цело време бидејќи тие уште рано рано ги менуваат постелините на креветот и не дозволуваат да се лежи на нив потоа. Сестра ми ја станале од кревет во 10 и чекаше со малецката во раце до 14 часот, да напоменам со хемоглобин одвај 65. Најважно од се, бидете исклучително фини со сестрите, ако не сакате нормално да завршите со загноена рана, со паднат хемоглобин и живи истоштени. Сестрите на сестра ми беа многу некултурни, воопшто не беа ангажирани и ја збореа најголемата глупост на светот : Кај сте нашле па и вие да се пораѓате во ваква гужва, видете каква гужва е, што сакате да ве прегледуваме една по една, па не е ова приватна болница бе жени! и секако имаш визита од врата ти се дере сестрата: Женииии крварите? а на прашањето на сестра ми кога ќе има визита одговара: па ова е визита и оваа изјавата од погоре. Се надевам со новата ГАК работите се сменети, не е толку страшно како во старата. Не би да ве плашам, ова е само искуство на една тетка додека ја чекаше да својата сакана внука да дојде домичка
ДА бидам фина со сестрите???? Не се сложвам со ова. А за промена они да се со мене фини , како би било??? Од нас леб јадат, па и да ми се занесуваат?? Да знам дека тогаш ништо не им можеш, но затоа пак и се има избор каде да се оди. Државна е одамна позната по краставиот персонал, затоа и се помалку има таму родилки, да не даде Господ патот да те одведе натаму, ако немаш врски. За спавачите скоро на сите клиники не само на гинекологија не е дозволено спавачи од дома, или пак ако се носи да е строго бело, што се пере на 95степени. Во Чаир знам дека постојано даваат нови спавачи, не те оставаат да седиш во извалкана, а за на ГАК навистина неможам да коментирам иако знам дека е жива катастрофа.
Настрана муабетот за пижамите, кои не може да си ги донесете од дома ако се пораѓате на ГАК обавезно понесете си тоалет хартија и најважните-влошки со мрежичка и не штедете на број А за бебнцето оссвен пелени и влажни марамчиња нема што друго да носите додека сте во болница.
супер список, би додала: гаќи (скришно) влошки 2 пакувања, за доење - пумпа, туфери или штитници за гради, леден чај или сок од јаболко за после (со првото сум пиела директ од тетрапак со цефка - по 2 литра и млеко грга) тоалет а за бебето некја покривка и за одоздола (слушнав дека немало) павловичева или јекодерм ( за пупачето мислам таму се грижат, ако не - бивацин, алкохол и вата) епа тоа би било слушалките од тел, да слушам барем радио ако сум со некоја досадна во соба
Во право си со ова со сестрите, ама тоа е што е, ја опишав отприлика на сестра ми приказната. Првите 40 дена едвај малечката да ја подржеше, со плачење поминуваше секое одење во WC. Инаку, за хигиената во Чаир било далеку почисто, но за искинати пижами и слично викаат дека исто било. Се зафркававме со сестра ми бидејќи пижамата имаше една дупка така поголемка отприлика колку едната града комотно да и искочи, а и и така беше одма под градите, па вика да си направам ја уште една па да можам да ја дојам малечката комотно. Ние си видовме маки навистина големи, од пораѓањето никој и немаше измерено притосок или крвна слика, замисли, па 15 минути пред да излезе докторот на прегледот приметил дека е бледа ваљда па кажал да и земат крвна слика да и проверат, и што да видат, Хемоглобин 65, сакаа да ја задржат, но мајка ми која е медицинско лице не дозволи, штом за 3 дена тие не успеале да направат ништо за уште два дена па ич нема да направат. Да не бидам Офф многу, нека ви носат и храна, болничката е катастрофа, потеклото е сомнително, замислете во јогуртот најдовме реска од слама и некои црни топчиња, нејќам да помислам што беше тоа. Во Чаир викаат храната била супер, ама кој да знае
Еве го мојот список, т.е. она што јас го понесов: За мајката -средства за лична хигиена-четка за заби, паста, помада, сапунче, чешел и сл. -влошки со мрежичка, ги има во секој маркет и во секоја аптека, земете си 3-4 пакетчиња, ќе ви требаат -влажни марамици -2 големи пешкири за туширање -1 мало пешкирче за лице -2 тетра пелена за секој случај за измолзување -полначи за мобилен -спаваќа со копчиња напред -влошки за гради така наречени маргаритки, тие ќе ви требаат кога ќе си одите од болница за млекото случајно да не истече и да не Ве направи лом - гаќи (иако не треба да се носат за време на престојот во болница јас си земав за да случајно не заборават да ми донесат) -чорапи-во родилната сала т.е. во боксот се останува 3 саати после породувањето додека да Ве префрлат во соба и многу е ладно, мене ми смрзнаа нозете и се пцуев што не си земав чорапи, ама па се породив во јули и мислев нема да ми требаат). -влечки, во ГАК не даваат, а во Чаир имаа нивни влечки. За бебето -пелени и влажни марамчиња. Павловичева не Ви бараат сестрите, ама јас препорачувам да си земете, затоа што таму само го бањаат бебето и кога ќе Ви го донесат ќе видите дека кожичката му е збрчкана и сувичка, па ќе си го намачкате сами, на пр. на вратчето, под мишчињата, позади ушињата, на рачињата и стапалцата. Е сега за односот на сестрите...да, има сестри кои се малку дрски, ама Вие бидете си опуштени и терајте си мајтап. Сега нормално дека при тие болки нема да Ви биде дојдено да зафрканција, ама па ако бидете попозитивни, нема да си имате проблем. Пожелно е да си најдете и некоја врскичка, третманот ќе Ви биде подобар, јас имав и д-р и сестра т.е. болничарка мои луѓе таму и супер си поминав. Инаку во ГАК секој викенд има најмногу породувања затоа што ги закажуваат, и мене ми беше закажано породувањето иако природно се породив и секоја недела се мањак на чиста постелнина и спаваќи, па така ако си носите ваша спаваќа и нема да ви дадат чиста, никој нема ништо да ви рече ако си ја облечете вашата. Инаку секое утро и секоја вечер поминуваат болничарките и ако Ви е извалкан т.е. крвав чаршавот или спаваќата Ви даваат друга. Сега имаат и нови спаваќи баш за доилки со дупки кај градите и одозгора како лигавче за да се покриете. Дури можете и за бебето алишта да си носите и да Ви го облекуваат во Вашите. Исто така може и од дома да Ви носат и храна и течности (сокови, јогурт и вода). Јас препорачувам сок од боровница заради крвта. Морам да редактирам за болничката храна, воопшто не е лоша, носат се` спаковано и топло, ама ако сте гадливи тогаш ќе Ви биде грозна. Исто и крв ви земаат одма кога ќе ве донесат во соба и ви мерат притисок, ако имате болки ви даваат инекција кетонал или пак апче далерон, ако многу ве боли раната ви носат ациди борици во шприц за да се одмиете. Сепак ова е моето искуство и немам поплаки, а останав 5 дена и во сменив 3 цимерки, сите бевме задоволни и ниту една не се скара со персоналот.
Тешко дека ќе можеш гаќи да облечеш прв ден-два Ќе слушаш музика таму или ќе се топиш со бебе во прегратка. А кога бебето нема да е до тебе ќе се комираш за спиење.
Потпис Лолита 777. Само да надополнам веднаш да ви донесат чај за доилки посебно ако сте царски ,и одма активно одмолзување и да си прашате се што не ви е јасно во врска со доењето после дома нема да знаете кај ви е главата. И за персоналот сестри, болничарки имајте си спремно по некое пакетче ако сакате подобар третман , ништо не добивате ако се скарате со нив .
leo-n-tina па кај си ти, не заборави. Те чекаме во Трудничките муабети да ни раскажеш како си поминала, како сте сега Дали е потребна пумпицата за во болница и дали чајот за доилки е еден или има повеќе вида. Ако се повеќе кој е најефикасен??
Пумпица ќе видиш подоцна дали ти е потребна,според мене подобро е прво рачно ,за да не се измолзуваш премногу ,сепак првото млеко е колострум и тоа е најквалитетно. Чајот е на Хип и е 230 денари ,но е многу добар и после некои половина час градите ви се полни со млеко,а и вкусот не му е лош. Мајки обавезно носете си чепче (сеедно дали нормален или царски) и од аптека купете хартиени чаршавчиња за да му пестелите на бебето (мислам дека се 20тина денари ,а ви требаат 2-3).
Мене ми беше потребна пумпица и ми ја донесе мм во болница отпосле затоа што бебето ми фати жолтица и не ми го носеа за цицање, а ми се наполнија градите со млеко и ако не беше пумпицата ќе пукнев. Инаку сега не ја ни користам, така што не купувај однапред.
Веќе имам пумпица, но не знаев дали да ја земам во болница. Сепак ќе оставам, ако не дај Боже ни притреба маж ми да ја донесе.
Иако сум нестрплива за тој ден, сепак ова кога читам малку ме фака паника. Обично си викам, како можат сите, така и јас... ама осеќам ќе ме фати цацко ко ќе дојдам во овие денови...
моето искуство со гак ама во 2003 година персоналот почнувајки од доктор до сестракрајно безобразни и нечуствителни бидејки бев од друг град како хитен случај исратена и породена пред време ме ставија во соба со 5 мајки и 5 бебиња и само јас мајка без бебе ме чуди зошто на капија доле не дозволуваа да ми носат храна само сок мислам дури ни еден лимон не успеаа моите да ми донесат влецки имав од дома спаваки од нив две дупки на градите и одозгора како лигавче да се покриваат и да се одврзуаат за доење а инаку еве што ке ви треба за болница влечки спаваки бањарки за после туширање крпа за очи сретства за л хигиена влошки со мрежа тањирче лажичка вилушка,,, шише вода за одпсле после порагај бидејки пред порагај не даваат да пиеш вода сао со памук да си ја топиш устата хахах се што ке ви треба ке ви се донесе надокнадно ваше е само да тушкате посилно аххахах со лесно на сите
Еве јас што носев во болницата За мене - 2-3 пара пижами - чорапи , влечки - бањарка - средства за лична хигиена - облека за излегувањето од болница За бебето -шпихозни 7-8 пара -пелени -влажни марамици -крема за телото овде во Гр кај што и се породив , ми кажаа во болницата дека мора да се носат и стерилизаторот и цуцли , мислам Бог да чува не носев ништо такво си имав млеко и си ја доев алиштата што и ги облекував на керка ми во болницата , ми беа малку дури мм го пракав да ми донесе и други зашто нели бебињата повракаат често итн..
Во труднички муабети пишав повеке ,само сакам да кажам дека нема да ви се потребни чепчиња јас си носев но нема потреба таму ти ставаат они ,а ова за хартиениве чаршавчиња добра идеја да знаев ке си земев а сега слушнав дека чај од анасон бил многу добар за доилки па ми остана уште тој да го пробам а досега најевтина и најдобра варијанта е мешавината од билна аптека.
Jас не зборувам на памет, туку од искуство со првото, и да царски бев па си носев гаќи уште од вториот ден, а музиката ме опушта повеќе од нечие дрндање мислам нема потреба од понатамошно објаснување - сепак тоа се работи што ги содржеше и ќе ги содржи мојот список