Мислам дека си бремена, и бледа линија значи бременост, јас кога правам само една изразито црвена ми стои линија а од другата што нема никаков знак дури и не се гледа каде треба да стои линијата ( бидејќи досега сите ми биле негативни). Ех да имав јас оваква ситуација би скокала од радост Направи си уште еден да си бидеш на чисто
Здраво, денес правев тест за бременост Sure Check и од брзање прво ставив урина на прозорчето па после некоја секунда од кога ми текна ставив урина на ' точното место ' , по една минута ми се јавија 2 црвени линии што покажуваа позитивен резултат, можно ли е тестот да е неточен? Ве молам за одговор. Поздрав
Каде стави урина? Кај што излегуваат линиите??? Ако си ставила кај сунѓерчето кај што треба две линии се бременост
Прво ставив урина во прозорчето кај што излегуваат линиите, па по некоја секунда во другиот дел што е за урина, па по пола минута се појави пола црвено екранче и се подели на 2 цртки
Ви благодарам многу, да ви се оствари се што си посакувате, јас направив и друг тест и повторно излезе позитивен
нема врска тоа и јас така од брзање и трема направив па искочи само една цртка, исто мислев да не сум го расипала тестот честиткии
Девојки сакам да ве прашам дали некоја имате искуство со Selfclear тестот за бременост, прочитав дека после 5 дена од зачнувањето покажувал точни резултати. Clearblue многу е пофален меѓутоа неможам никаде да го најдам. Дали и Selfclear е исто толку добар?
Вчера правев тест за бременост а веќе денес добив. После околу саат време на тестот видов втора линија и си реков дека не е валиден после толку време, ама досега не ми се случило да има втора линија, денес сакав да правам уште еден за секој случај. Ви се случило ли вакво нешто со Sure Check? И бидејќи добив да правам уште еден за сигурно или не?
^^Lovely, мислам дека не можеш да правиш тест додека ти трае циклусот, невалидни ќе бидат резултатите, види во упатството ако го чуваш Во секој случај направи уште еден кога ќе ти заврши циклусот. И наскоро позитивен да видиш
Девојки, ајде помош. Правев тест за бременост и ми излезе една црвена и еднаа бледо црвена линија. Некако ме збуни 2-та линија која беше побледа од првата линија. Ми касни 8 дена. Секое мислење добро дојдено. Ке купам утре повторно тест, но ете ме мачи мислава.
Па штом има 2 линии без разлика дали е бледа јас мислам дека е позитивен..сепак ти провери си пак ако имаш сомнежи
Мила, штом има втора црта шансите да си бремена се 99.9% според мене. Честитки од се срце, знаеш колку те сакам и се радувам!
Срце....баш убаво!!!! се израдував!!! Дај боже да е тоа -ТОА И кај мене беше бледо црвена(едвај се гледаше) ама со тек на време(4-год)баш вчера чепкав барав нешто и го видов тестот сега е еднакво црвена -јасна како првата