1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    347 глас(а)
    20,7%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    217 глас(а)
    12,9%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    62 глас(а)
    3,7%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,0%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    21 глас(а)
    1,3%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    92 глас(а)
    5,5%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    71 глас(а)
    4,2%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    100 глас(а)
    6,0%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    93 глас(а)
    5,5%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    276 глас(а)
    16,5%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    7 глас(а)
    0,4%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    224 глас(а)
    13,4%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    26 глас(а)
    1,6%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    42 глас(а)
    2,5%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    8 глас(а)
    0,5%
  1. mdenkov

    mdenkov Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    619
    здраво феминки,сакам малку пошироко да ви го објаснам мојот проблем,веќе 2 години со сопругот се обидуваме да добиеме бебе ама без успех,почнавме со испитувања,значи:микробиолошки испитувања,пап тест, 2д со ехо доплер, 4д,па хсг,(исто така и на сопругот му е нормален спермограмот),немам антитела против спермата на сопругот,да напоменам дека сите резултати ни се добри а бременост нема,поминавме и 2 неуспешни инсеминации кај органџиски во штип и сега веќе се мислеме што поматаму,дали да одеме дирекно на ин витро приватно,дека ова со инсеминации е слеп процес и ретко кој имал успех и за џабе си го трошеме и времето и парите,досега сме дали повеќе од 60.000 денари значи ние речиси сме го платиле приватно ин витрото.Ве молам за совет кој имал ваков проблем да резултатите ви се во ред да на немате постигнато бременост и дали некој има искуство кај органџиски или како што читав скоро сите одат во систина и ремедика,
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Мојот (не) проблем беше следен.
    Нормални резултати комплет од двете страни.
    5 години лечење „стерилитет„ односно обиди и експерименти каде е проблемот.
    При првата инсиминација имаше околу студенти, а јас како учебник легната, докторот им објасни на студентите (мене не) во што е проблемот.
    На отворот на грлото на матката имало некоја ципа (како со кондом) при што сперматозоидите не можеле да продрат во матката. При втората инсиминација се фати иако прокрварив од кога станав после тие 2 часа. Не се разочарувај, ако бараш ќе најдеш.
    Со среќа
     
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    ако немате конкретен проблем нема да ви одобрат од фондот ваучер за инвитро без 4 инсеминации :( а и никогаш не се знае многу знам што останале бремени од инсеминации ама тоа од систина и ремедика и гак :)
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А со која дијагноза се одобрува ИВФ преку фонд, а да е мора да одиш со инсеминации (4)?

    Фала ви
     
  5. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    ваучер без инсеминации даваат кога е многу лош спермограмот и кога каналите на жената се запушени или ги нема . А доколку има некој проблем може и со две инсеминации да се помине доколку лекарот напише извештај (причина) дека за тој и тој проблем залудни се понатамошните инсеминации. :) во сите останати случаи па и кај оние со идиопатски стерилитет мора да се направат 4 инсеминации, со 4 неуспешни инсеминации добиваш ваучер за ифв.
     
  6. mdb

    mdb Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    269
    А колку време ви беше потребно да ги соберете сите потребни документи со се сите испитувања за да аплицирате за ваучер за ИВФ? :?:
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Фала многу! Има некаде запишано како се дефинира лош спермограм? Јас најдов нешто на стрната на фонд. Во нашиот конкретен случај, слаба морфологија, само 6% нормални, а пишува на страната 4% се сметаат за лош. Искрено не гледам некоја голема разлика?! Има шанси да пробаме директно да поднесеме документи?
     
  8. virgo25

    virgo25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    27
    Девојки, денес ми е 10 ден од е. трансфер, веќе немам трпение и се си мислам да направам тест, сто мислите дали да се обидам или да почекам? :sweat:
     
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Да почекаш. Сеуште во организмот имаш хормони од терапијата, а 10 дена е прерано и онака, и шансите да добиеш неточен резултат (било позитивен, било негативен) се големи. Почекај усте некој ден. Мене докторот ми рече тестот да го правам 16 дена после трансфер, ти кога треба?
     
  10. virgo25

    virgo25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    27
    И мене истото ми го кажаа 15 или 16 ден да направам тест , само немам веќе трпение и почна некоја депресија и нервоза да ме фаќа, а имам читано дека некои правеле порано тест и излегувале точни резултати... :^)
     
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Кај некои да, ама не кај сите. Немаш ќар од резултат во кој не можеш потполно да бидеш сигурна. Знам како е :( Викенд доаѓа, прошетај малку, види се со луѓе, колку да си го пополниш времето. Без многу напор секако. Со среќа!
     
  12. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Вирго , немој да правис тест, остави на докторите да си ја заврсат работата докрај, а и да направис сигурно ке ти показе неточно и само ќе се нервирас а мозеби си бремена! опусти се, и издрзи, јас правев тест преку крв 13ден и бев убедена дека не сум бремена, немав нисто од симптоми, градите мали, ама ете имасе чудо и за мене, се израдував! така и ти, опусти се, стом си имала гасови ја верувам дека си бремена:) :rofl: одмарај, сеткај помалку, и за неколку дена ќе славиме, убедена сум :!: :*

    Беба каде си? не ни јави нисто за тебе :?: да знаес дека те мислиме и чекаме :*
     
  13. SLATKA23

    SLATKA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    ДЕВОЈКИ ВЕ МОЛАМ ЗА ИНФОРМАЦИЈА ШТО ЗНАЧИ РЕЗУЛТАТ НА ХЦГ 31??
    ДАЛИ Е ТОА ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ, МИ РЕКОА ПАК ДА ГО ПОВТОРИМЕ ВО ВТОРНИК?
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    По тоа што прочитав на нет, се' над 25 се смета за позитивна бременост...кој ти го правеше тестот, зошто тие не те информираа? Колку дена ти доцни?
    Најубаво јави се кај матичната...
     
  15. opusteno

    opusteno Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Доколку немате посериозен проблем вие или мажот исконтактирајте ги преку FB Stani Roditel даваат доста корисни совети како да забремените. Знам неколку парови кои успеале после советите. Советите се однесуваат на начин на исхрана итн. Порано функционираа преку е-маил сега се само на FB и контактот е преку пораки.
    https://www.facebook.com/profile.php?id=100007537276526
     
  16. SLATKA23

    SLATKA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    во ремедика, ми кажаа дека е слабо позитивен но некако се плашам дека вредноста е многу мала.
    инаку правев инвитро и примам прогестерон така да тој не дозволува да добијам колку што знам.
     
  17. Beba1

    Beba1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    47
    Здраво Лори, за зал мила немам позитивен резултата моето Инвитро е неуспесно, здравје за 6 месеци со нови силииии :* :* :*
     
  18. mdb

    mdb Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    269
    А Беба вие каков проблем имавте па се одлучивте за инвитро?
    Без разочарувања, кога во нешто веруваш, плус релаксирана, плус со љубов се ќе си дојде на свое. И ние со мм се подготвуваме за инвитро, и се надевам дека ќе бидам јака и дека нема да паничам.
    Поздрав :*
     
  19. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Беба мила бас ми е зал, ама не очајувај туку со нови сили напред, јас имав три инсеминации без успех и две инвитра исто неуспесни а бев убедена дека ке успеам, иеве дури со третово успеав ама кај друг доктор, така да се во свое време, кога ке рече господ тогас ќе биде, на нас остаунува да се бориме и да не се одказуваме, ама успехот е НЕИЗБЕЗЕН, ќе го постигнеме сите кога тогас! ве охрабрувам сите девојки и поздрав :inlove:
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. virgo25

    virgo25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    27
    Здраво девојки, денес ми е 12 ден од трансфер, правев обичен тест за бременост и ми покажа позитивен резултат, инаку другата цртичка е побледа од контролната ама колку што знам и тоа се смета за точно ? Леле колку сум среќна да даде Господ секој да ја осети овааа среќа. Сабајлево си викам што биде нека биде , рацете ми се тресеа и уште ми се тресат, едвај чекам да одам кај Лазаревски да ми кажат едно е или две , лелеееееееееееееее не ми се верува конечно и јас да видам две цртки :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На SimonaTino, Rusi, mdb и 8 други им се допаѓа ова.