На моето дете, кога имаше 2 години, му дијагностицираа алергија на домашна прашина, и тоа многу изразена. Правеше од оние тестови што се прават на венска крв, а повод беа честите пневмонии. Почнаа да го водат и со дијагноза бронхијална асма. Тогаш покачени му беа и вредонстите кои укажуваат на алергии на мелко и јајца, но се работеше само за благо покачување, па воопшто не обрнавме внимание на тоа.
Решивме повторно да му направиме тестови, бидејќи од последните поминаа 2 години, а и веќе неколку месеци не се разболел од пневмонија. Прво направивме од тестовите што се прават на кожа , и испаднаа негативни за домашна прашина. Изненадени од резултатите направивме повторно од венска крв, и повторно излегоа негативни! После 2 години секојдневна терапија излегува дека детето не е алергично. А ми кажаа дека алергијата на домашна прашина не се губи со текот на годините, за разлика од оние на храна.
Е сега има благ пораст на индикаторите за алергија на млеко, па сега на тоа треба да внимаваме. Една докторка ми кажа дека треба да пие козјо млеко, друга дека ни такво не треба туку треба од соја, трета да биде превриено млекото... Има ли некој искуство со алергија на млеко?
И дали некој има искуство со промена на резултати од алерго-тестови?




