ТЕМА: Балет за девојчиња

Мислење 16 Јан 2012, 18:07

Прегледувајки по темиве мислам дека не најдов ваква тема па затоа сакам да споделам искуства со вас и да прашам и разменам мислења.
Имено кај керка ми која има 8 години и пронајдоа многу крива кичма и неправилно држење на телото,па така што освен тие ортопедски помагала што ги земаме како кондурчиња и физикална терапија со вежби ни препорачаа одење на балет. Мислам дека е добра идеја зашто класичниот балет учат сепак за правилно држење на телото и истегнување-а освен тоа и имаме предиспозиции за тоа, керка ми е многу еластична, прави шпаги, се превртува, само нешто гимнастицира ;)
Сакам да прашам дали некоја од вас го носи своето дете на балет и каде?
Која е цената?
Како сте задоволни?
Дали некој слушнал за балетско студио ТУТУ во Т.Ц.зебра кај балерината РИСИМА РИСИМКИН???(многу ми го пофалија ова студио)???

Би ве замолила за помош,за што сум ви однапред благодарна!
Аватар на корисникот
Dona-Ares

Сино цветче
 
579
Мислења: 187
Зачленет: 25 Авг 2011, 18:05
Слика

Слика
ДАО МИ ЈЕ БОГ ЛЕПОТУ И СВЕ ШТО САМ УВЕК ЖЕЛЕЛА,АЛИ НИКО ЗНАО НИЈЕ,ШТА МИ ТО ДУША КРИЈЕ!!!!!!

Мислење 16 Јан 2012, 21:02

Балетот е многу корисен за 'рбетот, и навистина се постигнуваат одлични резултати.

Јас ќерка ми планирав да ја запишам, во Туту во Зебра - цената ако не се лажам е 1800 ден месечно, се оди два пати неделно по еден час. Мислам дека малку е претерана цената, ама ни одговара локацијата, а и се договаравме со една нејзина другарка, па сакавме да се комбинираме со мајка и за носење и земање.

Само ова го планиравме на крајот на ноември, па потоа едното девојче се разболе, па другото, и уште не се здрави :). Искрено, не знам ни дали ќе оди сега, затоа што треба да и ги оперираме крајниците, па потоа знам дека околу 2 месеци треба да мирува, а потоа ќе продолжи на базен, каде одеше од септември. Балетот всушност требаше да биде замена, додека заврши реновирањето на базенот.

Инаку споменатата другарка на ќерка ми, одеше 2-3 години на балет, и навистина има многу убаво држење, а и нема лекар кој не забележал дека се занимава со некаква активност, и сите им кажале дека балетот е добар избор за 'рбет.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 06 Фев 2012, 10:58

Јас почнав да ја носам ќерка ми во Туту кај Зебра. Во истата зграда е, во задниот дел, во посебен влез, на 4-ти спрат. Се оди два пати неделно (термините се според возраста), а цената е 2000 ден месечно. Скапо е, ама ќерка ми многу сакаше да оди. Дома одеше нон стоп на прсти и скокаше божем како балерина, и не сакав да и го кршам филмот. Веќе две недели оди и многу е среќна. Добра работа е балетот, и за 'рбет, и генерално за држење на телото.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Shpagetta, tessi и 3 гости

Site Meter