Mалава наша сега се учи на нови зборови и се повторува,има еден цртан филм Dora the Explorer можеби и вашите деца го гледаат,и таа Dora зборува англиско-шпански,и нашава кога ке дојде некој дома му вика Ola чичо,Oља мама,и вика грасиаз,фала,ние си пукнавме од смеење
A пред некој ден ја гледавме нејзината крштевка и стигнавме до делот в црква нели кога ја мијат со вода,и кога го виде попот и почнат да трчат и вика O ноу мама,лук,о ноу
A и секогаш кога е мочана вика O ноу моче,џоа моче-мочана
Имам едно палаво внуче 3 год...и еден ден седевме на сонцето со него и како низ пушка ми вика - Ти Ивана имаш дечко? - Не! - викам јас. - Па не се секирај бе и мама нема! Незнаев дал да се смеам за мајкаму, или да плачам за мене што ме зеза едно 3 годишно бубаче дека немам дечко.
Ова е бисерче од синчето на другарка ми. Малечкиот гледал цртан филм со Пинк Пантер и и викал на мајка му: -Гедај мамо, Пинк Пантел има опашка отпозади, а јас од наплед!
************************************************************ Мојата ќеркичка е шоу програм и се живо впива како сунѓер.Бидејќи золвата е во блажена состојба, постојано зборуваат како ќе роди бебе. А пак мене ме слушнала како викам дека нема да раѓам второ додека не земам решење на работното место. И минатиот пат ја земале свекорот и свекрвата од градинка и свекрва ми и викала: -Знаеш ли дека тета уште малку ќе му роди братче на П....? -Знам. И мене мама ќе ми роди.-мојата малечка. -Па и треба да ти роди, јас не знам што више чека.-свекрвата -Па решење чека бе бабо. ***************************************************************** Минатиот пат ќерка ми гледа цртан филм на Кидс Ко со Соник и Маник (цртаниот е нешто од типот SF) и го прашува татко и: -Тато, знаеш ли ти кој ги родил Соник и Маник? - Не бе сине, кој? -Па мајка им бе тато -направи ваква фацичка, демек колку си прост.А мене ептен смешно ми падна, ми текна на сцената од К15:
Мајсторе, абе јас знам шо му е на автобусот - расипан е!
Вчера бев да го земам внук ми од училиште и како што си е редот го прашувам како го поминал денот и што научил тој ден. Одговорот негов со една ваква фацичка Леле тете па и ти, што ќе научам на наставничката можам професија да и бидам
Внук ми сезнајкото си мисли ако знае да чита и пишува може професија да биде
Дојдоа кај нас едни пријатели со малото кое само што тргнало во школо и се погоди дома да е и чичко ми. Го пашуваше чичко ми, малиов како му се вика наставничката и испадна да е школски со неа и му вика на шала ако не ти пише 5ка да ја поздравиш и да и кажеш дека ќе и ги скршам забите. Отишла нареден ден мајка му да го земе од школо и ја пречекала наставничката. Малиов, ни две ни три и рекол на наставничката, ве поздрави еден ваш пријател и рече ако не ми пишете 5ка ќе ви ги скрши забите.
Мојата керкичка има 1 год.и 4месеци...и како и сите деца обожава животинско царство,вчера го отвара чоколатцето и се падна сликичка со пингвин и јас и кажувам дека тоа е Пингвинче.... После ја прашувам да ми повтори што е тоа,и ми вика пиче,пиче
Деновиве учениците од второ одделение учеле за одговорност со примери од екологијата. Учителката: Деца кој е одговорен ако не е чист градот? Сите се мислат не знаат да одговорат и една попаметна река: Груевски е крив учителке. И сите почнале да викаат Груевски е крив. Учителката им рекла дека не може ако не е чиста училницата Груевски да биде одговорен ама деца како деца , цел час за секоја работа викале Груевски е крив.
Леле ова е свежо..... Внук ми кој за 10 дена ќе пуни 4 играле фудбал со татко му пред зграда ,а иначе татко му игра спортска ..Кога завршиле со играта малиов му се врти на татко му и му вика -"Тато ај јави и се на мама и прашај ја да види на телетекст колку е нашиот резултат..