Сестра ми е многу по денсањето, па дури си го жртвува и саботното спиење за да оди на некое такво чудо, играат, рипаат, што ти знам таму што прават. Иде вчера, ама блеска цела од среќа, и доделиле водечка улога во некоја божиќна претстава.
Ние дома сите погодуваме што ќе биде, Зимата, Снежната кралица, Баба Мразица, Снегулка....
А она ни ја прави - Вие ништо не знаете, јас ќе бидам главниот ирвас.
Се отепавме од смеење.
Не сте свесни колку гордо си го кажа сето тоа, главен ирвас ќе била бе, убава она на дада.
