Одев во градинка скоро неполна година пред да тргнам забавиште некако одвај.
Бев во група кај што беа деца поголеми една година од мене и неколку една година помали од мене.
Не се сеќавам се до детал знам дека многу мразев да одам. Дали мразев да станувам рано, па паметам дека многу им се противев за станување, па живи маки додека ме станат и однесат.
Првите неколку пати плачев за назад ич не сакав да одам, после тоа се привикнав, ама некако како сосила.
Сеа си викам, колку сум била глупава, па таму им е најинтересно, дружба, песнички, играње, ама ете не ми се седело мене. Дека не бев навикната преку ден да преспивам се случувало цело време додека другите спијат ја да лежам и да се преправам да спијам, па некогаш и знаев во кревтчето да си заплачам што не сум дома и што сум приморана да спијам
Паматам еднаш воспитачката не пореди сите и како што врвевме по ред не корнеше за коса и од тогаш неа ич не ја сакав, другата беше подобра. И секогаш кога ние спиевме(креветчињата беа мали, ниски како сеа ги памтам како беа наредени) тие нешто плетеа и ја ко ѓаолче од под око ги гледав преправајќи се дека спијам.

Некогаш се случувало и да заспијам.
Значи ако некое дете има желба да оди да го носите во градинка, тој е првиот чекор на детската социјализаија и учење на некои навики. Ако е мало и не знае кај оди, мислам дека брзо ќе се навикне и да прави отпор.