Јас сум единствено дете, никогаш не сум посакала ниту брат, ниту сестра. Нормално, кога е едно дете во прашање, целата грижа, љубов, внимание оди токму кај него, па често слушам коментари дека сме разгалени до небеса, арогантни, скржави, себични...
Кој од вас форумџики е дете ЕДИНЕЦ и какво е вашето мислење? Какво се мислењата нормално и на останатите? Се чувствува разлика секако, дали е подобро детето да расте со барем уште едно покрај него? Дали тоа го прави подобра личност?
Овие прашања неминовно ми доаѓаат, бидејќи предрасуди од типот дека детето единче по дифолт мора да е разгалено, суетно, себично и не знае да се снајде и социјализира уште од малечко, па таквите "лузни" го следат и во подоцнежните години, барем мене лично ми се смешни и апсурдни.









