ТЕМА: Детето - ЕДИНЧЕ

Мислење 21 Авг 2011, 13:50

Јас имам другарка која е единче. Ич не е разгалена или лигава. Отсекогаш е сакала да има брат или сестра, понекогаш знае да каже ’ Ај дај ми го на мене брат ти, нека ја на тебе сестра ти’, оти ние сме 3 деца дома. Секогаш кога си купе нешто на неа и на мене купе или поделеме си го јадењето. Таа ми е како сестра. Дури ни сестра ми нема направено толку многу за мене како неа.
Еднаш и се налутив за нешто,ама не можев да издржам ни еден ден без да и’ кажам што ми се случува,да се пожалам и одма наредниот ден се простивме. И јас сум и‘ на неа како сестра која никогаш ја немала. Единствено нешто што ни пречи е далечината, таа е од друг град и едвај чекаме да се видеме.
Аватар на корисникот
starbucks

Жолто цветче
 
29552999
Мислења: 1663
Зачленет: 12 Апр 2011, 16:32
Локација: Рузвелтова 3
*Ноќно љубовно студио, а во главава лудило,
јас и ти главни актери...

*Главната мотивација на човештвото се парите и сексот...и љубовта кон нив.
Слика

Мислење 21 Авг 2011, 14:17

Единци- како и сите луѓе на планетата ги има со различни карактери.
Јас познавам и разгалени и супер карактери. Се’ си зависи од домашното воспитување и од свеста на родителите. Колку повеќе го разгалуваш детето- толку полигав карактер ќе има.
Навистина разбирам дека кога имаш едно дете, целото внимание го посветуваш на него, но тоа не е причина да замижиш пред сите негови киксови и гршки. Треба да му се покажат границите, па понекогаш и заби- наместо да го чуваат во “стаклено ѕвоно“, бидејќи утре, реалниот свет ќе го прегази- нема да го тапша по рамо. ;)
Аватар на корисникот
FBI

Жолто цветче
 
49804682
Мислења: 1469
Зачленет: 01 Јул 2010, 20:26
Локација: Somewhere in my own world
Од надворешниот изглед не можете да процените... дали јаболкото е црвливо !!!

Мислење 21 Авг 2011, 15:11

Токму така ФИБИ, потполно се согласувам.

Еве моево дете е единица, дека е галена и мазена е, си признавам... ама од бабите и дедовците. Нас ни е прво дете, на нашите родители прво и сега за сега единствено внуче и нормално за нив е да ја чучкаат (по старински речено :lol: ), мазат и сите желби да и ги исполнуваат. Дури и моите ми рекле-кога е кај нас, оставете ја што сака нека прави (макар тоа значело да збеснува и да аздисува :@ ), ја галиме само денеска, оставете ја...(Да, да Ви се качи на глава |( , а после и на мене..како не :!: )

Јас и маж ми сме и секогаш сме биле тие кои поставувале кочници. :!:
Сега ќе прави 5 год. и разбира кога ќе кажеме НЕ.....НЕ значи НЕ и готово. Никогаш не ни се случило да влеземе на пр. во некоја продавница со играчки и да запне да ја добие по секоја цена, има случаи кога деца пиштат и рикаат, дури и се ваљаат по земја :tmi: |( ...е тоа никогаш не сум можела да го сфатам, како родителите дозволиле детето да им стане такво распрдено и лигаво. :fubar:

Уште кога почна да разбира, почнавме и ние да и` ускратуваме некои работи кои сметаме дека не треба да и` се дозволат. Не дека не сакаме да и` ги купиме или не можеме да си дозволиме, едноставно сметаме дека не и` се на пр. потребни.
Секогаш сум искрена со неа, ако рече на пр. мамо ќе ми купиш исто фустанче како девојчено? Колку и да ме прашува со искри во очињата и целата ваква ^_^ не ја лажам, туку и велам НЕ и и `објаснувам зошто. Не сакам да мисли дека се` што ќе посака секогаш и ќе добие, макар и да се работи за банална работа.

Сето тоа е со една цел....да сфати дека нема секогаш да биде по нејзино, дека животот нема да и` биде послужен на тацна и да научи до каде се границите на нејзините желби.

Токму така..не сакам утре реалниот свет да ја згази.
Кој ќе биде крив? Јас :!: Јас затоа што не сум дозволила да излезе од стакленото ѕвоно и да соочи со светот.
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37055296
Мислења: 1589
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Мислење 21 Авг 2011, 16:07

Точно така lolyta777 .... се со еден разговор се решава..... оти јас мислам дека самите родители го градат карактерот на едно дете...во овие 5 дена видов едно тотално грешно понашање на родители..... никаков разговор со детето туку ќотек и тоа страшен....детето по земја се прпелаше ако не е на неговото....или пак плука вришти мислеш дека го коли некој,....страшно...а пак додека фамилијата каде што живеам децата се скоро 2 години ама потполно се се разбираат.... знаат што не а што да.....ама родителите многу разговараат со нив....а не само диво со детето а и се да му се дозволува...... :)
Аватар на корисникот
Panicarka

Бело цветче
 
1848
Мислења: 79
Зачленет: 18 Мар 2011, 22:06
ONLY GOD CAN JUDGE ME

Мислење 19 Јан 2012, 16:07

Јас имам другарка и таа е единче , секогаш ме сака како сестра , сака да и помогнам така да многу ми е мило што може да се потпре на мене , како сестри се чувствуваме . Не е разгалена но сепак и недостига брат/сестра .
Аватар на корисникот
HeelsLover

Зелено цветче
 
608342
Мислења: 555
Зачленет: 26 Ное 2011, 20:40
Локација: In The Diamond's World
Слика
СликаСлика

Мислење 19 Јан 2012, 16:22

Јас сум единче и не сум разгалена.
Аватар на корисникот
papagal4e

Бело цветче
 
66118
Мислења: 87
Зачленет: 15 Мај 2010, 21:30

Мислење 19 Јан 2012, 22:20

Кога бев многу мала сакав да сум единица, од таа причина што мислев дека таткоми ќе се смени, дека тој кон мене се однесува така ради мојот постар брат...
Сега поминаја многу години и мислам дека сепак сум благословена што имам брат, се караме и ден денес, ама брат си е брат.
И си викам мајка ми имаше право кога ми велеше тешко е да растиш сама. Таа е единица.

А тоа дека единиците се разгалени, немора да значи дека во сите случаи е така. Разгаленоста и ред други работи доаѓаат од страна на тоа како родителите ги воспитале тие деца ;]
Аватар на корисникот
La.Reina.Del.Sur

Жолто цветче
 
18321051
Мислења: 1254
Зачленет: 01 Мај 2011, 23:53
Локација: Во кревет со Jencarlos Canela
Флертот со забранетото не носи до бакнежот на смртта...

Мислење 05 Фев 2012, 04:22

Единица веќе 21 и една година, ниту пак има теротеска шанса да имам брат, сестра.
И тврдам дека стереотипот дека сите единици се разгалени и неточен.
Не сите има некои номалано, но јас знам многу што се двајца или тројца и едниот од неодредени причини го разгалиле до максимум, па им се качува на глава на сите други.
Убаво е да и единец во оние моменти кога сите ти обрнуваат внимание на тебе, се е за тебе, буквално, и да не гледам од правен аспект, се единствен наследник :lol:
така не учеа на факултет :wasntme: :$
На моменти сакам да имам било што брат сестра, на моменти не, сепак сум научена да бидам една, такви ми се и навиките и дома, и општо.
Не сум била галена до таа мера, да не ми се викало не.
Мило ми е за едно, бидејќи благодарение на тоа што сум една, ми приуштиле СЕ во животот, многу патувања, искурзии, по два-три одмори, зимувања, и никогаш не штеделе на мене.Неможам да се пожалам дека ми ускратиле било кое задоволство.
И од емоцинален аспект, секогаш биле свртени околу мене, сите, за секој проблем за се, сум имала безусловна љубов и подршка.
Аватар на корисникот
Hipster

Жолто цветче
 
18401479
Мислења: 1565
Зачленет: 08 Јул 2011, 20:21
Локација: Свирипичино!
If you don't get why by now, pal, you ain't ever gonna get it.
Frank Sinatra :music:

Мислење 10 Фев 2012, 23:07

Па и јас сум си единка и многу сакам да имам братче но тоа не им го признавам на луѓето по друга страна па си ја обожавам самоќат добивам тоа што сакам и не ми треба да си делам со други многу луѓе викаат дека сме себични но се е во тоа како родителите те воспитоа...
Аватар на корисникот
rozy

Сино цветче
 
9438
Мислења: 264
Зачленет: 22 Јул 2011, 10:01
Локација: in the sky
Uvek postoje dva mišljenja, moje i ono pogrešno!

Мислење 11 Фев 2012, 02:04

Добро знам како е да растеш сам а како со брат или сестра со оглед на тоа дека 9 години, близу 10 бев една на мајка и татко а сега имам брат.Детството го поминав сама и не можам да се пожалам од тој период но на моменти тешко ми беше кога сите околу мене имаа со кој да гледаат цртан филм, да менаваат облека, да се гушкаат, да плачат заедно...Немав некоја огромна желба за брат или сестра од причина што бев навикната да бидам сама но кога ми рекоа дека имам братче се затворив во соба и плачев.Плачев од среќа, плачев бидејки не можев да си го замислам животот понатаму, чудно ми беше.Сега пак денот не можам да го замислам без брат ми.Ете се е навика.

Што се однесува до воспитувањето на детето единиче не мора да значи дека е разгалено.Сите што не познаваат мене и брат ми велат дека тој е многу разгален а јас сум била мирно дете.Јас за тоа ќе речам се зависи од карактерот на детето.

За себичноста исто не се согласувам дека децата што растат сами се посебични и не знаат да делат.Јас немав никаков проблем со тоа дека бев навикната се да е мое па наеднаш требаше да ги делам нештата.Баш напротив дека е многу помал од мене мојот последен залак нему му го давам, столчето кое сум го чувала 16 години ете тој седи на него па и го скрши.Ме боли, се лутам и ми поминува.А ако бев себична немаше ништо мое да чепне.

Мислам дека баш напротив децата кои растат сами се многу по чувствителни, страмежливи и повлечени.Обично оние кои не се први веќе имаат пример пред нив и со тоа си земаат за право повеќе слобода, похрабри се па и по поразгалени.
Кога почнав да излегувам, јас имав повеќе проблеми од колку моите другарки кои по некоја случајност се втори деца.Моите не беа навикнати да пуштаат дете само ноќно време а јас не знаев како да соберам храброст и да ѓи прашам да излезам до доцна.Родителите на другараките беа веќе навикнати на тоа па и добиваа поголема дозвола од мене.
Нивната сестра/брат бараат нешто, бараат и тие.Јас навикната бев на тоа што ќе му купат тие останува само на тоа.И до ден денес тато трча по мене да ми даде пари за храна или излегување бидејки јас не знам да побарам.Брат ми пак сосема спротивно од мене.
Кога јас бев на негови години легнував во 9 часот а него едвај во 11/12 го легнуваме.Даде седи до касно, сакам и јас.И ете што ќе му правиш.

Затоа уште еднаш ќе речам прво се е до карактеро на детето па потоа воспитувањето од родителите.
Аватар на корисникот
Hiii

Жолто цветче
 
15023385
Мислења: 1413
Зачленет: 05 Апр 2011, 23:07
Локација: во Камп ноу
"Me no study, Me no care, Me go marry a millionaire.If he die Me no cry, Me go marry another guy!" Слика

http://www.youtube.com/watch?v=d5wO0fbOsZo

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: tessi и 5 гости

Site Meter