1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детски фестивали

Дискусија во 'Дете' започната од inimini, 16 март 2013.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Барав и видов дека нешто вакво нема. Дали одите вие, дали одат на детски фестивали или па учествува вашето дете?
    Посетете го Дом на АРМ има убави концерти за деца еднаш месечно и многу е убаво.
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Мојата сестра учествуваше на тра ла ла фестивал за деца во Битола. Претходно беше на аудиција, потоа и напишаа песна за учество. Интересно е за нивна возраст и кога ги гледав сите како играат и пеат си викав алал да им е на децата, толку се опуштени и воопшто не им е срам :) :) :)
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Имав желба да го носам на златно славејче, но уште е мал...здравје до година.
     
  4. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Јас сум го носела и на златно славејче и на поточиња:)И да ве прашам дали некој знае зошто веќе нема супер ѕвезда?
     
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    41.854
    Пол:
    Женски
    Ај да ви влетам, можи не е за ова тема.
    Пред некој ден ми излезе статус за Златно Славејче, не бил фестивалот како порано, пеење во живо со хор и слично.
    И ме натера да размислам, дали детските фестивали се посетувани како порано. Ние повозрасните не пратиме можи, ама дали со дечките одите, дали има хитови како порано шо ги знаат децата (Боби, Наташа, Никола, Марионка од "наше време"). Сепак познати пејачи/ки почнале од таму.
    Ние шо сме од подалеку немавме шанса во детството да одиме баш на Славејче, ама во Битола пример имаше неколку познати фестивали за деца, сега не постојат. А не' носеа од училиште, ехее по 100 претстави имаше. Па на родендени се пуштаа песните, сите ги знаевме.
    Немам околу мене мали деца, па не знам како стојат сега работите, а ме фати носталгија.
    Ги има песничките од оваа година, поинтересни и од Макфест се. :rofl:
     
    На cresa-jagoda, MeowMeow, Freyja и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    @Ugly Duckling внука ми ги знае баш овие од наше време, што ги наброја. Од последниве години не знае ниту една.
    Многу повеќе имаше тогаш, и уште ги знам. Си ги пееме со неа заедно. Тоа време мислам дека никогаш нема да се повтори.
     
    На cresa-jagoda, RAK91, Skyler и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.226
    Пол:
    Женски
    Имам братучетка што е второ одделение и нивниот учител ги носи во кино, театар, на фестивали, базари, на пикник..секаде. инаку, оваа година гледав сториња од родители што си ги носеа децата мислам дека одат доста, а дали се слушани песничките тоа не знам. ***Гледаат дајте музика најмногу дечињата а се препеани старите од "наше време"
    .
     
    На cresa-jagoda, simoncelicius, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  8. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    @Ugly Duckling посетени се и денес,бар Златно Славејче,ама помалку хитови има за разлика од порано кога ги знаевме напамет со ред.Инаку ќерка ми е 2,5 год и ги слуша сите ретро,од мое време(рани ‘90ти)едвај ги најдов со ептен лоша снимка,но јас ѝ ги пеам.
    “Мајмун јадел попара” и “Чичко чевлар “ ѝ се омилени.
    Сигурно се постари од тебе:D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Полно беше на Златно славејче(неколку изведби) и со прилично високи цени на влезници
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Има и сега хитови Златно Славејче: Кап, кап; Зајче без опавче итн... И посетени се доста. Со ќерка ми на три престави сме биле до сега и сите беа фул.
    Штета што Супер Sвезда одамна е згасната. Сум ги носела внуките на престави и имаа навистина голем број хитови.
     
    На cresa-jagoda, Sparky.99, Summer wine и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    3.339
    Пол:
    Женски
    Колку беше влезница?
     
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е голема и не оди веќе, ама ми рекоа 250ден за организирани групи, 350ден регуларно.
     
    На cresa-jagoda, Polska.Win и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  13. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Мојава здравје од школо ќе ги носат во декември на Златно славејче.Лани бевме на Поточиња на отворено, а претходните две години немаше заради ковидот ништо. Претходно, се мислев, но беше помала, не би седела повеќе од час, па одеше на мини претстави од типот на Биби и Боби. Инаку, има некои хитчиња од Поточиња од пред неколку години, барем тоа што ние сме слушале по дома, а сеуште актуелни и оние кои ти ги наброја.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Summer wine

    Summer wine Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Порано на Златно славејче имаше поквалитетни песни. Денес се тапа
     
    На cresa-jagoda, Polska.Win и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  15. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот за "Златно Славејче" - во принцип не сакам многу да критикувам и сум благодарна што барем уште се одржува, но за жал, има простор за критика.

    Прво, оваа година славејчињата не го отворија фестивалот со традиционалната песна за Скопје "Градот убав", што е за осуда, сепак фестивалот е посветен на нашиот град и затоа и се одржува на 13 ноември.

    Второ, песничките се со низок квалитет, штанцани на компјутер и сите наликуваа една на друга.
    Кореографијата на дечињата од хорчето е истата години наназад, две-три исти движења на сите песнички се повторуваат и се остава впечаток на сувопарен и некреативен настан.

    Трето, аман со Вива сокчиња, разбирам и спонзорство и се, ама песничката од рекламата за сокчињата го доминира цел фестивал, на почеток, меѓу секоја песничка и на крај, цело време ечи, децата на крај си ја пеат рекламата и ништо не им останува во сеќавање и од така потпросечните песнички.

    Се надевам дека фестивалот ќе го превземат вистински креативни луѓе, одговорни организатори и талентирани музичари и ќе го вратат на она ниво да биде празник за очи и уши и преубаво сеќавање за децата од новите генерации.
     
    На cresa-jagoda, RAK91, _beautyy_ и 14 други им се допаѓа ова.
  16. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    10.085
    Не знам на која претстава си била, но јас колку што памтам го отворија фестивалот со Градот убав, а го затворија со За сите деца. Дел од критиката е издржана, но и овој фестивал како и се друго е рефлексија на времето и условите во кои живееме. Квалитетот на музичари и композитори е тој, а секако и работата со деца не е лесна. Колку пари толку музика. И ти напомена дека среќа што воопшто се одржува фестивалот барем да има нови песни кои на македонски ќе ги слушаат дечињата, за промена од англиските на кои се навикнати.
     
    На cresa-jagoda, dunika, Summer wine и 3 други им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.204
    Допаѓања:
    23.968
    Ние бевме на Златно славејче годинава, преполно беше. Инаку во градинка им пуштаат постари песни, многу ретко некоја нова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    18.059
    Седеше до крај баткото? :) купив карта за на 2ри декември, многу е радосен дрка ќе одиме.
     
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.226
    Пол:
    Женски
    Каде да видам кога има и која е цената?:)
     
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.386
    Допаѓања:
    8.989
    Пол:
    Женски
    Od koja vozrast nosite deca na zlatno slavejce?