Туку од вчера имаме нова ситуација
Освен што не сака да црта, малиот мој некогаш знае да и се развика на жената што го чува, или да одбие други работи кои треба да ги прави. Исто така кога одиме на логопед некогаш не сака да соработува, па вчера токму таму „ми пукна филм“. По пат во кола се договривме дека ќе прави една вежба, ама којзнае каде му бил паметот, затоа што кога стигнавме на логопед ми рече дека не сме се договриле. Се изналути, и не сакаше да слушне да вежба. Жената го утепа од молење, а тој никако да попушти, и сфатив дека време е за казна. Колку сака нека е старомоден методот, функционира.
Од септември ќе оди во училиште, и крајно време е да научи дека ќе мора да прави и работи кои можеби нема да му бидат интересни, ама мора да ги завршува задачите кои ќе му бидат дадени, и мора да почитува авторитети - ќе му се најде во животот.
После логопед требаше со сестра му и другарка и да ги носам на игграње, ама го откажав тоа. Му забранив да гледа телевизија, да си игра со сестра му, не го носам никаде, и тоа што мислам дека најмногу го заболе, а ме боли и мене - нема гушкање со никој, па ни со мене. Ефекти имаше уште веднаш, само веќе беше време за спиење, па ќе видиме денес како ќе се одвиваат работите. Сабајле му кажав дека не може да се гушнеме пред да оди во градинка. Знае дека е казнет, како попарен е сега, многу ми е жал, ама мислам дека сега ако му дозволам да се однесува како сака - нема назад.
Ќе видам утре како ќе се однесува на логопед, и дома денес и утре, па ќе одлучам до кога ќе се однесувам вака со него. Ми беше во план една недела, ама ако се поправи -до петок ќе биде доволно. Ако не се поправи, во петок и сабота имам закажано играње со другарчиња, и нема да го носам, ќе ја носам само сестра му.
Не знам како поинаку би постапила за да го решам проблемот. За тепање не сум, ако не мора, а со разговор не се решава - сум се обидела милион пати.





