1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игротека за дочек на роденден

Дискусија во 'Дете' започната од noddy, 17 август 2010.

  1. martiii

    martiii Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    igroteka

    ke moze da mi ponudite nekoja igroteka (od iskustvo) vo skopje za da go proslavam 3-ot rodenden na moeto dete :)
     
  2. anisijaileona

    anisijaileona Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    hakuna matata-sosema razlicna od drugite:) imate i bazen za vo leto, mini zooloska, zoo animator...igraliste...cista priroda. site gosti mi bea prezadovolni:) :)

    [mod-kirilica:1bvvz2a9][/mod-kirilica:1bvvz2a9]
     
  3. majadekovska1980

    majadekovska1980 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Јас му го правев роденденот на Андреј во Тиквичка во аеродром и си поминавме преубаво. Многу сум задоволна од услугата и од целокупоната анимација што ја организираат. И плус на крајот од роденденот сите дечиња добија ваучери од некоја нова веб страна sezadeca.com од 500 ден. за играчка а јас не ни знаев, мн пријатно ме изненадија.
     
  4. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    мене ми се допаѓа бумеранг кај лисиче на 2 ката е една со нивни пијалоци другиот кат со наши пијалоци јас славам со наши пијалоци и да ви кажам дека е супер игротеката ги цртаат децата ги забавуваат славеникот си бира или костим за него или маскота сите ги заразив да слават таму :lol: зошто најисплатливо е со мој пијалок и услугата е супер многу фини се девојчињата ама просторот за родители не е голем има за 20 души ,кажете ми кај има игротека на друго место само просторот да се плаќа без нивен пијалок ?
     
  5. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    мајки ве молам помогнете ми ,на синчето му се ближи роденденот ама освен бумеранг незнам друга која нудат со наши пијалоци ако некој знае ве молам да ми каже вака повеќе ми е исплатливо :)
     
  6. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    И во Чекорче можеш да го изнајмиш само просторот ,да си носиш твој пијалок. Ние летово правевме таму роденден ,мислам дека плативме 2500 денари за просторот. Игротекава е во Ново лисиче .
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Вчера имав нешто работа, па немаше кој да ми го чува детето и го однесовме во игротека. Не сакаше да ми јаде на сабајле (само млеко се напи) а се брзав многу. Го однесовме во една игортека ( ми ја препорачаа) на Јане Сандански во Охрид. Дадов на жената едно кроасанче и ја замолив да му понуди зш немаше јадено. Кога се вратив да го земам после сат време таа ми рече дека го имала понудено 4-5 пати ама не сакал. Кога влеговме во кола не му се чекаше на детето да го отворам кроасана...
    Дали некој знае некоја добра игротека во Охрид? Со вработени, кои им обрнуваат вниманије на децата...ако има таква воопшто. :)
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Како го кажа како да си го земала детето со модринки назад. :D
    Еве и за тебе не сакал да јаде пред еден саат, во игротеката за тој еден саат најверојатно `немал време` да се одвои од играчките и да го изеде кроасанот. Наигран назад во кола ќе јаде не еден туку два штом не јадел претходно.
    Имам чувано деца кои не сакале да јадат па не знам што да ги лажеш, што ради игра што оти не сум мама, ама ако ми ги оставиле на подолго, каде и да е огладнат повеќе и јадат да видиш како. Ако немаш друга игротека за свој мир да пробаш на друго место, не би ја отпишала оваа каде бил, барем веќе му е познато оти бил еднаш и полесно ќе се прилагоди, па постепено ќе се навикнете и детенце и мама да сте одделени додека друг/нероднина го чува. ;)
     
    На Bozica1980 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  9. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Немаше мудринки, али кога влегов да го земам плачеше, таа го држеше за раката и кога ме виде направи многу чудна фаца...После 2-3 дена го однесов пак во истата игротека онака, да поиграе со дечиња и само што излегов, жената ми се јави на телефон, дека ме бара. Не сакаше да остане. Тоа ме наведува на мислата, дека нешто се десило, но што незнам...
    Нема врска, и така повеке не појдовме...Само мајката како што може д си го чува детето, никој друг не може-факт...Една другарка се жалеше (близнаци има машко и женско, сега се прва година на школо) 8 градинки има сменето...или фалат вработени во градинката, или храната не е доволно добра (или секој ден иста), или учителката била од Косово и не зборувала добро македонски, илјада проблеми и одење по маките...но тоа е веќе друга тема :)
     
  10. mace4545

    mace4545 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Има една игротека Лео
     
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Mамички кога е идеално време за викање на другарчињата од градинка на роденден? Керка ми тргна есенва и сеуште поплека се привикнува на новите пријателства :) па би сакала да знам кога е време да ги викнеме во игротека инаку роденден ни е во фебруари. Дали е сеуште рано?
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    На пијателка девојчето во септември тргна во градинка, во октомври славеше роденден. Ги викнаа сите деца во игротека, па замисли дојдоа дваесетина од нив :D весело весело што да ти кажам. Па и родителите така ги запозна пријателката моја. Инаку славеше 4 роденден.

    Е сега девојченцето е такво, отворено, комуникативно, обожава да оди во градинка па и со сите деца брзо се здружи.
     
    На Annath и Mama25 им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    До февруари сигурно ќе се стане поблиска со дечињата, па слободно организирајте во игротека. Ете, и за вас шанса да ги запознаете родителите на дечињата од градинка. Син ми тргна во октомври, а во март здравје има роденден. Па планирам покрај децата од пријателите и роднините да ги канам другарчињата од градинка. Повесело ќе биде така :)
     
    На Mama25 и irena.1 им се допаѓа ова.
  14. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Има некоја мајка од Велес да сподели искуство во врска со родендени по нашиве игротеки , во однос на услуга, занимација на децата, цените ?
     
  15. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Мамички, постои ли во Скопје игротека што има капацитет за 60 возрасни? Роденденот ни е далеку, ама списокот на гости ни е поголем, па сакам со време барем пресметките да си ги направам. :)
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.386
    ^ Една од поголемите е Џангл кидс во Тафталиџе. Тестирана ми е за 80 возрасни :D Само отровно скапа е. И просторот е поскап и пијачките се поскапи.

    Сме правеле и во Би Хепи во Ново Лисиче и во Тиквичка 3 во близина на Сити Мол. Во Би Хепи многу ми се допадна, супер услуга, иако не се сеќавам дали не собра во една сала. Имавме изнајмено 2, повеќето гости беа во една, ама колку каде не се сеќавам.

    Можно е и Бамби во Црниче да собира толку, само за жал веќе работите им се доста остарени, плаче за реновирање.

    Пчеличка во Кисела Вода има супер простор, собира многу, ама пијачките се многу скапи, а услугата полоша не може да биде.
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Знае некој број од Вини Пу во Лисиче и Чекорче во Ново Лисиче ве молам итно ми треба :)
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Морам да искоментирам, до сега ѕвонев по игротеки за да видам како и што се пакетите...па ова е изгор 200евра се на се. Лудило искрено мислам дека е прескапо за наши стандарди.
     
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    200 еур ? А што има за тие пари? Јас знам пд 1000-3000 мкд се плаќа на игротеката ( зависно од цената се добиваат и др.работи, ма пр.лотарија за децата, снимање и сликање и сл.).
     
  20. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Ние најверојатно ќе го славиме вториот роденден во игротеката "Во светот на децата". Па би сакала да слушнам уште некое мислење пред дефинитивно да се донесе одлука. Цената за изнајмување скоро секаде е иста, овде кога бевме да прашаме имаше роденден и убаво ги анимираа децата, а и многу работи се вклучени во цената - кловн, маскота, cd со слики и видео, албум, покани, грицки. И игротеката е убаво средена.