Gea напиша:danniela5 напиша:Gea, и јас имав проблем со буквата р да ја кажувам. Кога бев забавиште ( на околу 5 и пол години ) одев на логопед за подобро да ја изговарам , но некако се чувствувам како французинка малку кога ќе ја изговарам во склоп со повеќе согласки . Инаку навистина има подобрување доста, катастрофа инаку беше. Според мене ако имате можности зошто да не, е сега за возраста на ќеркичката некако, многу малечко е срценцето. И за мене сакаа побрзо , ама сум се бунтувала и одбивала . Не знам дали ќе сака таа, а и можеби не е лошо да наполни уште една година

Баш поради тоа и јас се мислам,зашто ја гледам дома,откако ќе ја измалтретирам со еден куп зборови и реченици, губи нерви и воопшто не сака да соработува,почнува да ме бојкотира.Некогаш дури почне и да плаче,зашто јас упорно настојувам.Можеби треба да олабавам малку...и да почекам...ептен сум во дилема.
Сепак, малечка е. Ако не соработува, малку олабави ја. Од лично искуство можам да кажам дека колку што повеќе растев подобро ја изговарав. И јас имав проблеми со р во предшколска возраст, но знам дека баш и многу не вежбав дома на нејзини годинки со брзозборки, игри, тоа не . Скрос ме имаа олабавено. Кога отидов забавиште, татко ми ми рече ајде сега ќе одите со брат ти ( близначка сум, ама брат ми немаше никакви проблеми со буквите уште како мал

, но да не сум сама јас и него го пуштија на логопед) да си играте, ќе има многу деца, ова она. Па , во предшколска возраст ( околу 5 годинки) татко ми не носеше во училиште да видиме каде е и да стекнеме љубов кон него и ни велеше дека таму ќе играме, ќе се дружиме со нови другарчиња.... Е потоа имаше некој од класот во забавиште кои одеа на логопед , па божем со нив да сме играле повеќе ни велеше. Потоа сама сакав да одам, кај нас влегувавме двајца -тројца, па нешто изговаравме со логопедот, другите нешто цртаа додека тој работеше со едно дете околу изговорот. Како низ сон ми е. Потоа сакав сама да одам без никакви притисоци. Некако олабави го детенцето, а потоа на некој начин да ја убедиш, инаку јас си мислев којзнае таму што ќе правам сама ( ова за предшколска возраст) . Кога отисов забавиште и со другари на логопед баш ми беше интересно, со желба одев таму. Мала е , не се грижете толку , подобро почекјте малку, да заборави девојчето, олабавете и потоа можеби ќе засака
