ТЕМА: Има ли потреба од логопед?

Мислење 11 Окт 2011, 09:58

Magnolija напиша:Однеси ја на логопед, колку порано, толку подобро.
Мене во 8мо ми текна дека сакам да одам на логопед пошо многу ме заебаваа во школото. Сега само можам да ја кажам р, ама во зборови пак неможам да ја кажам. Ако се извежбам, ќе биде, ама веќе не ми е важно.
Може само во основно да и биде тешко и да се нервира ако се шегуват на нејзина сметка, а натаму нема ич да и биде важно. Не е тој некој проблем. На мене ми кажаа па дека слатко звучам.
И молам те, не ја многу терај. Може тоа да влијае на неа и да има трема и страв да не погреши. Однеси ја на логопед, тие знаат поубаво. Поздрав :*

Морам да ја форсирам и не постои трема, туку инает.А големо влијание тука играат и бабите, еве едната од нив, уште и се обраќа како на бебе, ја али, и кога јас ќе реагирам, пред мене внимава, ама ако остане на спиење, сето мое воспитување паѓа во вода. И сум разговарала милион пати и нема ефект, па затоа почнав да не ја пуштам на спиење.
А да има подобрување, има. Зависи каде ќе и се најде буквата во зборот, некогаш ја изговара чисто,некогаш не. Ама не кревам паника, битно е, почнавме ;)
Аватар на корисникот
Gea

Зелено цветче
 
36001525
Мислења: 747
Зачленет: 07 Јан 2011, 01:54
Слика

Мислење 11 Окт 2011, 11:43

^ така и мојот братучет кога беше помал, едвај да знаеше да каже некоја буква. Ама неговите многу го галеа и лигавеа дома, па од неговото име, му извадија скратено женско име |( Мислеш лиги му течеа кога збореше, и на неговите...

Дури после се мкнеа по логопети. Ама добро, тој барем сега ги погаѓа сите букви :$
Аватар на корисникот
Magnolija

Жолто цветче
 
28772711
Мислења: 1222
Зачленет: 01 Дек 2009, 14:30
Локација: where the wild roses grow...
Мојата младост како да беше однесена од улавите ветрови и понекогаш одѕвонуваше од бреговите на полуостровот. - Б. Павловски

Мислење 11 Окт 2011, 11:56

Мислам дека сите родители треба да бидат свесни дали нивното дете е за на логопед или не. Моето дете имаше среќа, во градинката во којашто одеше си имаше логопед, и со голема моја упорност денеска ги изговара сите букви.
Аватар на корисникот
nesa

Зелено цветче
 
841900
Мислења: 679
Зачленет: 23 Јул 2010, 14:08
Локација: Al Ain
Слика
Слика

Мислење 18 Окт 2011, 00:36

Јас синот го носам веќе година и пол, и морам да признаам дека ми се здосади. А него уште повеќе.
Се надевам дека за некој месец ќе престане да оди, и дека ќе ги изговара сите гласови.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 18 Окт 2011, 01:53

„Риба риби гризе реп“ - вака ме учеа мене... Брзо го усовршив немав некои потешкотии, јес да и комшиите и дома моиве сите ме напнуваа со тоа риба риби
А јас пустата со Л си имам проблем денес... Не ми се приметува многу, само кога после Л-то има У, па не дај боже да треба да кажам Лустерот се лула лула
Аватар на корисникот
TeddyGrey

Жолто цветче
 
24682268
Мислења: 1485
Зачленет: 13 Окт 2010, 22:57
Најубавата работа на светот - е самиот свет!!!

Мислење 18 Окт 2011, 10:20

Јас го носев син ми неколку месеци на логопед,неможеше убаво да ги изговори л,з,ц,с.
Некое големо фајде не видов,пак ги изговара како претходно.
Најмогу од се треба вежбање.Логопедот само ги кажува вежбите,а се зависи од тоа колку родителот има време да му посвети на тоа.
Јас кога го потсеќам син ми како се изговараат буквите,добро е.Но,во секојдневната комуникација се заборава и пак е по старо.
Аватар на корисникот
ph.orhideja

Сино цветче
 
304245
Мислења: 264
Зачленет: 14 Јан 2011, 17:34

Мислење 13 Дек 2011, 02:30

ако знае некој приватен логопед во прилеп нека ми пише (важно ми е)..
Аватар на корисникот
wwwbella

Фем почетничка
 
25
Мислења: 38
Зачленет: 27 Сеп 2011, 21:16

Мислење 08 Јан 2012, 12:00

брат ми како мал исто неможеше на каже Р го водеа на логопед ... долго време немаше никакви резултати ... па потоа ставаше Р таму и каде што нетреба :D од навика сега сеуште вика карлендар :D не дека незнае се од навика приер кога збори италјански правилно си го изговара се е навика :D
Аватар на корисникот
Seznajka2

Зелено цветче
 
10159
Мислења: 589
Зачленет: 28 Мај 2011, 15:17
Локација: На картата на Италија ;)
Слика
Слика

Мислење 08 Јан 2012, 14:10

Јас сум им благодарна на моите што ме носеа како малечка на логопед, бидејки денес немам никаков проблем, одлично ги изговарам сите букви, а имав проблем со с и ц ... мој совет, не ги оставајте децата и не се откажувајте, носете ги и вежбајте со нив, не е убаво да си имаат такви проблеми кога ќе пораснат
Аватар на корисникот
LaBella

Сино цветче
 
213111
Мислења: 458
Зачленет: 06 Ное 2010, 14:19
Слика

Мислење 06 Фев 2012, 11:27

Неколку работи што ги научив носејќи го малиот на логопед, а се однесуваат на изговорот на „р“:

1. Гласот е поврзан со „л“, па најчесто двата гласа се проблем. Може „л“ да го има во некои позиции, на пример мекото л вообичаено полесно се изговара, ама во одредени позиции, а особено на крај на зборот, каде што и најтешко се добива - не се изгвара како што треба. Затоа паралелно со „р“ треба да се веќба и „л“, и мислам дека шансите да се добие чисто „р“ без да се има чисто „л“ се минимални.

2. Изборот на зборови за вежбање на „р“ мора да се прави многу внимателно. Треба да се избираат зборови во кои р се изговара полесно, затоа што ако се избираат потешки зборови може да има контраефект. Зборовите со р во почетна позиција се најтешки, исто така и р на крајот на зборот, и тие треба да се остават на крај. Син ми на пример најлесно го изговара р пред л: фрли, трло, прле, крле...

3. Резултати се постигнуваат и ако јазикот се намести во положба да се каже „т“ или „л“ (со јазикот да се допре делот зад горните заби), и со прст да се затресе врвот на јазикот додека се изговара р. Според логопедот кај кој одиме, кога детето еднаш ќе го слушне и почувствува гласот, полесно се добива во изговор.

4. Треба да се внимава и како се изговара р уште пред да е чисто. Детето треба да се учи да кажува „чаирско“ р (не знам како да го објаснам, ама веројатно ме сфативте), додека „француското“ р треба да се избегнува бидејќи многу тешко се коригира.

Овие работи ги научив со посета на логопед, па имајте на ум дека не се совети од стручно лице.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: tessi и 5 гости

Site Meter