Вртејќи низ каналите ја имам начекано оваа емисија на Travel and living.Се вика Toddlers and tiaras.
Ова се избори за убавина на мали девојки каде што не ја истакнуваат природната убавина на девојчињата туку ги ценат оние кои што се највештачки.
На девојчињата им се ставаат вештачки заби, вештачка коса, ги облекуваат во алишта кои не се ни блиску до нивната возраст, а да не го занемарам и целото тоа психичко малтретирање на децата.
Доколку забележите мајките на девојчињата се жени кои се длабоко искомплексирани и не знаат што да прават со животот, па решиле да ги малтретираат своите деца.
Би сакала да знам кое е вашето размислување во врска со ова?
Дали доколку го има во Македонија би ги пријавиле своите деца?
И на крај краева, што се случи со мајките што сонуваа нивните ќерки да станат паметни, добро воспитани, образовани, културни деца, а не животен сон да им биде да бидат на насловна на Playboy?










