ТЕМА: Ја сакам мојата мајка

Мислење 17 Дек 2011, 20:37

Сите ги сакаме нашите мајки бескрајно. Пред малку прочитав еден текст што ме потресе да решив да го споделам со вас...


Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев…беше срамота за мене. Во нашето училиште подготвуваше храна за учителите и за нас.

Еден ден додека уште бев во тоа основно училиште, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав.

Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Бљак, твојата мајка има само едно око!

Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема. Кога повторно ја видов станав и и реков: – “Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.” Мајка ми ништо не ми одговори.

Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства. Единствено што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.

Во подоцнежниот живот учев многу и тешко. Добив шанса да одам во Сингапур и да студирам… бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот, со своите деца, иако живеев во друга земја.

Но, еден ден дојде мојата мајка да ме посети. Ме немаше многу години видено, а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се викам како може туку така да се појавува непоканета. И викав: – Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам!

Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата“ и замина…

После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан бев на матурска прослава. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од љубопитност се вратив до стариот дом.

Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Ниту една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа…

„Мил мој сине
Мислeв на тебе цело време.
Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.
Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде.
Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.
Жал ми е што секогаш те срамев и ти бев терет.
Кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око.
Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око.
Докторите те прегледаa и ми рекоа дека е можно.
Тогаш јас ти го дадов моето…
Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око…
Со љубов,
Секогаш за тебе”
Твојата мајка.

Преземено од: http://www.divianarts.com
Аватар на корисникот
Tedi16

Бело цветче
 
4661
Мислења: 90
Зачленет: 29 Јан 2011, 19:48
Локација: Mystic Falls
СликаСлика
I lOvE Me, My SeLf AnD I

Мислење 17 Дек 2011, 20:45

Ова го имав прочитано, се вртеше по фејсбук. Навистина потресно, а којзнае можеби и е вистина. Јас искрено некогаш не се сложувам со мојата мајка , но не и го кажувам тоа бидејќи сум свесна дека веднаш подоцна ќе го свати.Но ја почитувам мојата мајка како личност која направила се за да ме донесе до овој стадиум на кој што сум. Секој си има свои проблеми и свесно или не некогаш ги навредуваме оние околу нас. Мајката ни е единствен пријател без интереси и сум сигурна дека на некој начин секоја мајка си го сака своето дете. На оние мајки како во горенаведениот пример алал да им е. Камо среќа сите да беа како нив, но децата како овој во примерот, навистина немам коментар што не успеале да ја сватат суштината во животот и се срамат од своите родители.
Аватар на корисникот
danniela5

Зелено цветче
 
400580
Мислења: 709
Зачленет: 24 Јун 2011, 22:43
Локација: Во солзите на повреденото срце....
Слика

Мислење 17 Дек 2011, 23:11

Немам зборови . кога го прочитав тоа ми дојдоа солзи во очите. :(
Една е мајка .
Значи не е битен изгледот . мајката никогаш неможе да се замени!
Последна редакција: HeelsLover на 17 Дек 2011, 23:15; редактирано вкупно 2 пати.
Аватар на корисникот
HeelsLover

Зелено цветче
 
608342
Мислења: 555
Зачленет: 26 Ное 2011, 20:40
Локација: In The Diamond's World
Слика
СликаСлика

Мислење 17 Дек 2011, 23:13

И јас од порано го знам ова, кога го читам ептен ме ежи. Многу тажно:(
Аватар на корисникот
Juicy

Жолто цветче
 
14761430
Мислења: 1048
Зачленет: 17 Дек 2010, 00:48
Локација: Дубаи .. :)

Мислење 17 Дек 2011, 23:17

Ова е тоа..Музиката ги буди чувствата во мене,текстот го одзема вниманието на очите и полека ми се насобираат солзи,нема место и потекуваат една по една по образите,врели солзи како последни да ми се ..
Аватар на корисникот
Sm.real

Сино цветче
 
5755
Мислења: 161
Зачленет: 23 Јун 2011, 14:37

Мислење 18 Дек 2011, 00:23

Значи се закукав од плачење. Го исчитав текстот и липам на глас, малечката ме гледа и ме прашува што ме боли?
Како да и објаснам кога таа е премногу малечка за да сфати?
Аватар на корисникот
Gea

Зелено цветче
 
36001525
Мислења: 747
Зачленет: 07 Јан 2011, 01:54
Слика

Мислење 19 Дек 2011, 03:05

Можеби тоа е вистина а можеби и не. Но искрено ништо не ме зачудува. Се расплакав, премногу тажна приказна. Можеби некогаш не се согласуваме со мама, но јас бескрајно си ја сакам и почитувам.
Аватар на корисникот
ana-banana

Зелено цветче
 
317450
Мислења: 847
Зачленет: 27 Јан 2011, 02:17
Слика

Мислење 19 Дек 2011, 03:22

Бев трето или четврто одделение...
Темата за писмена по македонски беше - мојата мајка
Колку бев среќна кога добив 5-ка и трчајќи накај дома брзав да се се пофалам.
Мислам дека уште од врата почнав да го читам составот на глас..... но, некаде во текстот имав пишано - очите на мојата мајка се сини како бистрите води на изворот....
Тогаш ја снема насмевката од лицето на мама....и ме праша - за чија мајка пишуваше?
Бунтовно кажував дека така составот е поубав и ако не е убаво нема да добијам 5 -ка.
Само ми рече - оваа петка ќе те научи дека убавината на мајката е во начинот како те гледа, како со поглед те разбира, како очите на мајката зборуваат, гушкаат, се плашат за тебе...

Во годините потоа на ваквите теми го пишував сето она што го научив тој ден. Пишував и дека очите на мојата мајка се како есенските лисја кои треперат на гранките, како бојата на плодната почва, како стеблото на родното дрво....но што и да пишев болката во мене повторно се раѓаше кога ќе се сетев како ја повредив мама тој ден.
Овој настан никогаш нема да го заборавам иако знам дека таа одамна го има тоа преболено или можеби и заборавено.

Мамо те сакам
Аватар на корисникот
sanjaeva

Зелено цветче
 
885419
Мислења: 766
Зачленет: 03 Фев 2011, 01:37

Мислење 25 Дек 2011, 13:47

Го имам прочитано текстов од порано, ме наежи и многу е тажен.
Аватар на корисникот
FashionMonster

Бело цветче
 
6318
Мислења: 63
Зачленет: 30 Окт 2011, 15:04

Мислење 05 Јан 2012, 23:50

Tedi16 напиша:Сите ги сакаме нашите мајки бескрајно. Пред малку прочитав еден текст што ме потресе да решив да го споделам со вас...


Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев…беше срамота за мене. Во нашето училиште подготвуваше храна за учителите и за нас.

Еден ден додека уште бев во тоа основно училиште, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав.

Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Бљак, твојата мајка има само едно око!

Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема. Кога повторно ја видов станав и и реков: – “Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.” Мајка ми ништо не ми одговори.

Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства. Единствено што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.

Во подоцнежниот живот учев многу и тешко. Добив шанса да одам во Сингапур и да студирам… бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот, со своите деца, иако живеев во друга земја.

Но, еден ден дојде мојата мајка да ме посети. Ме немаше многу години видено, а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се викам како може туку така да се појавува непоканета. И викав: – Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам!

Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата“ и замина…

После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан бев на матурска прослава. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од љубопитност се вратив до стариот дом.

Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Ниту една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа…

„Мил мој сине
Мислeв на тебе цело време.
Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.
Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде.
Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.
Жал ми е што секогаш те срамев и ти бев терет.
Кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око.
Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око.
Докторите те прегледаa и ми рекоа дека е можно.
Тогаш јас ти го дадов моето…
Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око…
Со љубов,
Секогаш за тебе”
Твојата мајка.

Преземено од: http://www.divianarts.com

потресно,ми се насолзија очите...Можеби некогаш не се согласуваме со мама, но јас бескрајно си ја сакам и почитувам.
Аватар на корисникот
t.i.n.k.b.e.l.l

Сино цветче
 
1434
Мислења: 140
Зачленет: 05 Јан 2012, 17:18
Сакам го Филип Миркуловски!!!

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: tessi и 5 гости

Site Meter