ТЕМА: Ја сакам мојата мајка

Мислење 30 Јан 2012, 02:02

Ја сакам повеќе од се на светов, се би направила за неа.
Мамо те сакам и фала ти за се.
Аватар на корисникот
Star19

Сино цветче
 
61191
Мислења: 133
Зачленет: 12 Дек 2011, 01:35

Мислење 30 Јан 2012, 02:14

Се разлипав, толку ме погоди приказната..си ја сакам мојата мајка премногу, и ми беше мака кога ја гледав после операција, дознав дека немале крв, а таа криеше од мене дека ќе ја оперираат за да не ме загрижела, за еден ден најдов лет, преку инетернет направив таква организација и ми помогнаа луѓе тука од форумот, Ливинг Глам да најдеме крв.. ја оперираа и никогаш нема да и го заборавам погледот и како ја заврте главата да ме погледне, и кога докторот ме пофали за трудот за се во организација за крвта.. се насмеа толку нежно.. ја сакам беспрекорно многу.. фала му на горниов што ја имам.. и она нејзино чедо.. е моја храна..
Аватар на корисникот
ljubam

Жолто цветче
 
102102305
Мислења: 1804
Зачленет: 07 Јан 2011, 09:06
I do not try to dance better than anyone else. I only try to to dance better than myself. - Mikhail Baryshnikov

Мислење 30 Јан 2012, 02:59

Ја сакам мајка ми најмногу на светот и многу ја почитувам.

Глеадјќи ја сега како спие, му благодарам на Господ што ја имам, што ми е таа мајка. Господе чувај ми ја!
Настрана од тоа што ми е мајка, таа е прекрасна како личност и јас многу и се восхитувам.
Мирна, смирена, праведна, добра, со свое јас и цврсти ставови, личност со свои принципи, гордост и достоинство, советник, но и критичар. Нејзините совети секогаш биле најискрените и најдобрите, тоа што ми го кажала секогаш така излегло, таа е најсмирената личност на светот - и во најтешкото знае да остане смирена и да не испаничи и да даде поддршка, таа е пример за личност, пред се’, а потоа и пример за мајка.

Мојата мајка е борец. Таа е една од најхрабрите личности што ги знам. Секогаш била наша најголема поддршка и не’ охрабрувала. Дури и во најтешките мигови успеа да остане храбра и силна и да не потклекне, туку цврсто се’ да издржи и да продолжи напред, иако со скршена душа, но со крента глава. И покрај сите тешкотии и соочувањето со една од најтажните работи во животот, иако срцето се’ уште и плаче, таа не дозволи ние да го видиме тоа и никогаш не искажува тага пред нас, за да не ни е уште потешко. Знам како и е, нејзините солзи ме болат најмногу од се’. Иако не покажува, знам како се чувствува.

Вечно и сум благодарана за се’ што прави за нас, да не беше таа ќе беше тешко нас.
Мамо, те сакам најмногу и алал да ти е за се!
Аватар на корисникот
Hopeful

Зелено цветче
 
7482455
Мислења: 749
Зачленет: 15 Јун 2010, 15:17
Локација: Stratford upon Avon
What would life be without a little Shakespeare? :wasntme:

Мислење 30 Јан 2012, 04:02

Нема суштество на планетава што го сакам повеќе од мајка ми!!

.. што и да кажам др е излишно
Аватар на корисникот
LaBella

Сино цветче
 
213111
Мислења: 458
Зачленет: 06 Ное 2010, 14:19
Слика

Мислење 30 Јан 2012, 04:29

...и и се восхитувам.
Такво нежно и кревко суштество,а всушност толку силна и храбра.
Мајка ми е 'рбетот на семејството и на неговата физичка,духовна и морална егзистенција.

Ја сакам повеќе од се на светот,и знам дека дури и кога јас ќе си создадам семејство секогаш ќе имам потреба од неа и нејзините совети и прегратки,исто како првиот ден кога сум дошла на светот.
Аватар на корисникот
Acerola

Сино цветче
 
359392
Мислења: 406
Зачленет: 29 Мај 2011, 18:16
Локација: Rio de Janeiro

Мислење 30 Јан 2012, 12:23

Те сакам мамичке моја најмила..............
Аватар на корисникот
mamita

Сино цветче
 
10388
Мислења: 125
Зачленет: 27 Јул 2010, 16:22
Слика

Мислење 30 Јан 2012, 19:13

Мал збор е ако кажам дека ја сакам мајка ми.
Ја обожавам највеќе на целиот свет, таа е мојот узор, мојот поттик да се борам во животот секогаш за она што заслужувам да го имам.
Мила, нежна, скромна и секогаш добра, длабоко во себе цврста, одлучна, приземна и многу чувствителна.
Се што кажала богами испаднало право кога-тогаш. Секогаш нејзиниот збор знаел да ме тресне од ѕид затоа што бил реален дури повеќе од реален и искрен.

Не би издржала без нејзе, затоа што таа е моето рамо на кое можам да се потпрам во секој момент.
Вечно ќе и бидам благодарна за секоја пожртвуваност за мене, за цела моја фамилија.


Најмногу ја сакам мајка ми! Премногу. :l:
Аватар на корисникот
LilBaby

Жолто цветче
 
16252810
Мислења: 1364
Зачленет: 11 Мај 2011, 17:01
Локација: Венера.
It's easy now to see that we were always meant to be ...

Слика

Мислење 30 Јан 2012, 19:40

Чуството кога наутро нема кој да те разбуди, да те погали, да ти даде бакнежи преку целиот ден, да те охрабри, да те искара и да ти подари една мајчинска насмевка...
Одкога се омажив мајка ми многу ми недостига иако живееме на 20 мин. сепак не е тоа
Аватар на корисникот
Zaljubena111

Жолто цветче
 
400143
Мислења: 1356
Зачленет: 20 Фев 2010, 01:09
08.08, 12.09, 14.10, 13.11, 13.12, 13.01, 11.02, 11.03, 11.04, 10.05

Бракот не е само парче хартија.Не е носење бурми и собирање на колекција од фотографии.Бракот е да се сакате еден со друг делејќи ја секоја воздишка взаемно.

Мислење 31 Јан 2012, 12:28

Сум го читала текстот и порано, ама при секое повторно читање ме растажува. :( Има и еден сличен текст за татко и син. Едни се родители, пријатели и дечко можеш да смениш, ама семејството секогаш останува покрај тебе!

Секако дека ја сакам мојата мајка. Ја сакам и и се восхитувам. За храброста, за борбеноста, за издржливоста... Благодарна сум и за се што направила за мене и за се она што успеа да ни го пружи на мене и сестра ми, да ни даде, да ни овозможи, да не научи. И кога беше најтешко, цврсто издржа на нозе и ни за момент не престана да мисли на своите деца. И понекогаш се прашувам како може да е толку силна, која е тајната?! Сакам и јас да ја научам. Мајката и да е најгрда на цел свет, за своето дете секогаш треба да е најубава, така и мојата за мене си е најубава мајка. Една е, најдобар пријател е, незаменлива е, секогаш е покрај мене, без неа не знам што би правела. И покрај тоа што понекогаш не се согласуваме, ја сакам...ја сакам мајка ми најмногу на светот и се трудам што почесто да и го кажувам и докажувам тоа!!!
Те сакам мамо... :* :inlove: :hug:
Аватар на корисникот
Danilela

Жолто цветче
 
808434
Мислења: 1836
Зачленет: 03 Мар 2010, 02:45
Слика



Мажот неможе ниту да замисли, колку жената може да измисли!!!

Замисли да ја замислиш замислата на замислениот замислувач кој замислено замислува замислени работи!

Мислење 06 Мар 2012, 23:08

Мила мајко!
Секое утро се будам со чувство на среќа и радост што те имам тебе.Ти си нежна,насмеана и за мене се` би направила.
Постојано биди со мене,мајко драга,сакај ме ,чувај ме,а јас со
учење,почит и разбирање ќе ти возвратам.Толку сум среќна што те имам и ти благодарам за тоа што си ти! Te Сакам мамо!!! :* :* :* :* :inlove: :inlove: :inlove:
Аватар на корисникот
behappy

Фем почетничка
 
113
Мислења: 18
Зачленет: 31 Дек 2011, 00:43
All you need is smile....SMILE SMILE !!!

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: tessi и 5 гости

Site Meter