ТЕМА: Кога родителите секојдневно шетаат сами...

Мислење 25 Јан 2012, 17:51

Многу родители се секој ден излезени по кафичи, а навечер по дискотеки. (Разбирам дека е нормално да сакаат да шетаат).
Но, проблемот е што често се сами, со пријателите, без децата. Речиси секој ден.
Децата седат дома и ги чуваат баба и дедо најчесто.
Некои се однесуваат и како да немаат деца или да се запрашаш, добро бе, каде се децата?
Каде е нивната родителска грижа и воспитание?

За мене е многу незрело. Да направиш деца ради реда, а потоа да чекаш самите да растат, а родителите да го живеат она што не го изживеале.
И потоа ќе пишуваме во темата: Денешната младина....

Го оправдувате ли вие ова?
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 26 Јан 2012, 04:09

Види, сите ќе ти кажат дека не оправдуваат и такви ми ти филозофии, ама факт е дека, еве од ракав треснато, 5 од 10 родители не се спремни за одгледување деца. Влегуваат во брак млади (не дискриминирам ама тоа е многу често во руралните средини) и што вика баба ми -неизживеани. Па сакаат да видат уште забава од животот, а детето го сметаат за товар. Човечност испод нулата.
Аватар на корисникот
Gunshine

Зелено цветче
 
47672
Мислења: 783
Зачленет: 06 Мај 2010, 14:08
Локација: Сиетл
-Soon our voices must become one, or one must leave.

Мислење 26 Јан 2012, 11:49

Искрено не гледам причина зашто родителите не би излегувале навечер доколку детето или децата им се згрижени, значи има баби дедивци или дадилки да ги чуваат. Еве зашто го кажувам ова. Ако родителите имаат желба за излегување и ја потискаат, неизбежно ќе дојде ден кога таа фрустрација ќе излезе на виделина. Плус, не е битно времето кое ќе го помине родителот со детето туку квантитетот и посветеноста. Што ако мајката е 24/7 дома, и седи цел ден на кауч, гледа турски серии или виси на фејсбук. А детето не добива никаква грижа од неа. Така да дали излегуваат родителите или не не е репер, барем според мене, за тоа колку се посветени на своите деца.
Аватар на корисникот
nena2010

Жолто цветче
 
1371790
Мислења: 1650
Зачленет: 21 Дек 2010, 16:04
So when we meet as friends,my heart will break again
If that's how the story ends, then I can't understand....

Мислење 26 Јан 2012, 11:59

Зошто да не го направам ова:

- Се враќаме од работа 17:30, се дружиме интензивно и ексклузивно со детето (било дома, било некаде надвор - на шетање или по гости)
- 20:30 - 21 го спремаме за спиење, си се гушкаме сите на спална, тато оди во дневна, ние се заспиваме (во меѓувреме доаѓа баба)
- 21:30 тато веќе спремен, ја чека мама само да се облече (шминка се знае - во кола :D ) и излегуваме на пијачка / вечера / кафанче.
- 01 најкасно сме дома, детето си спие без воопшто да сети дека не немало. Мама се качува горе, баба слегува долу и тато ја носи со кола дома.
Се враќа тато дома, и си правиме „ретроспектива“ на поминатата вечер, на муабетите со пријателите, или едноставно си лежиме гушнати и ЗАДОВОЛНИ, оти детето ни е среќно, задоволено и наспано, и најбитно - нема исфрустрирани родители.

Се` се може, треба желба, договор и нормално - поддршка :)
Аватар на корисникот
Moira

Сино цветче
 
294201
Мислења: 148
Зачленет: 19 Окт 2011, 11:07
Seduction, delight, sensuality....

Мислење 26 Јан 2012, 12:01

Moira напиша:Зошто да не го направам ова:

- Се враќаме од работа 17:30, се дружиме интензивно и ексклузивно со детето (било дома, било некаде надвор - на шетање или по гости)
- 20:30 - 21 го спремаме за спиење, си се гушкаме сите на спална, тато оди во дневна, ние се заспиваме (во меѓувреме доаѓа баба)
- 21:30 тато веќе спремен, ја чека мама само да се облече (шминка се знае - во кола :D ) и излегуваме на пијачка / вечера / кафанче.
- 01 најкасно сме дома, детето си спие без воопшто да сети дека не немало. Мама се качува горе, баба слегува долу и тато ја носи со кола дома.
Се враќа тато дома, и си правиме „ретроспектива“ на поминатата вечер, на муабетите со пријателите, или едноставно си лежиме гушнати и ЗАДОВОЛНИ, оти детето ни е среќно, задоволено и наспано, и најбитно - нема исфрустрирани родители.

Се` се може, треба желба, договор и нормално - поддршка :)

Потполно се согласувам со тебе.
Аватар на корисникот
nena2010

Жолто цветче
 
1371790
Мислења: 1650
Зачленет: 21 Дек 2010, 16:04
So when we meet as friends,my heart will break again
If that's how the story ends, then I can't understand....

Мислење 26 Јан 2012, 12:08

girl.23 напиша:Многу родители се секој ден излезени по кафичи, а навечер по дискотеки. (Разбирам дека е нормално да сакаат да шетаат).
Но, проблемот е што често се сами, со пријателите, без децата. Речиси секој ден.
Децата седат дома и ги чуваат баба и дедо најчесто.
Некои се однесуваат и како да немаат деца или да се запрашаш, добро бе, каде се децата?
Каде е нивната родителска грижа и воспитание?

За мене е многу незрело. Да направиш деца ради реда, а потоа да чекаш самите да растат, а родителите да го живеат она што не го изживеале.
И потоа ќе пишуваме во темата: Денешната младина....

Го оправдувате ли вие ова?

нема нисто лосо во тоа родителите да си го заЧуваат социјаниот Живот и покрај сто имаат деца.. напротив . седеЊето дома.. гледанјето турски серии игранје покер фарма .. а децата ги занемаруваат тоа е проблемот.. знаЧи нема врска излегувањето.. но се сложувам со тебе дека жално е децата кога се по 24 саата со бабата .. жалам ги родителите тоа еден ден ке им се врака како бумеранг.... убаво е кога детето плаЧе по родителите не по бабата .. тие ја пропустаат можноста да бидат родители.. бабата едне ден ке има поголемо влјинаие за детето него ли мајката тогас се вистинските проблеми.. но секој бира сто и како во животот .а излавањето .. не мислам дека е некој проблем, да се биде добар родител.. но се во умерени граници секкао поззз
Аватар на корисникот
avita

Бело цветче
 
989
Мислења: 72
Зачленет: 17 Мар 2011, 11:00

Мислење 26 Јан 2012, 12:36

не сум родител и неможам конкретно и точно да дадам одговор но ќе дадам мое мислење. Доколку на детето му се даде доволно љубов доколку се има правилен распоред на времето и секој си ги знае обврските по дома има време за се. И за дете и за маж и за излагање. И сметам дека бракот би се задржал и би траел подолго доколку двајцата брачни другари заедно излагаат а ете детето го чува баба или дедо( меѓутоа излагање во граница на нормалата не секој ден) одколку ете првин мајката седи дома и го чува детето а таткото шета по кафани и потоа обратно, само затоа што детето треба да го чуваат родителите. Да детето го чуваат и родителите а едно или две излагања месецно не ги прави лоши родители. А за секој дневно шетање сами е тоа малку е претерано а мислам и дека тие што имаат деца дома и немаат доволно време баш и секој ден да шетаат
Аватар на корисникот
karak

Жолто цветче
 
18921902
Мислења: 2390
Зачленет: 11 Апр 2010, 18:09
понекогаш и празниот лист кажува многу
Слика

Мислење 26 Јан 2012, 12:57

Не можеш да шеташ секој ден сам, и да одгледуваш дете како што треба. Мислам, не можеш и многу други работи да направиш, на пример да средиш по дома, да прочиташ нешто и слично. Едноставно, немам ни време ни енергија да шетам секој ден, па уште без деца. Ако некој живее во заедница, и не мора ништо да работи дома, или не работи па го има цел ден на располагање, тогаш можеби и можат да излегуваат секој ден, откако ќе им заспијат децата. И јас кога излегувам не сакам да им одземам на децата време кое би го поминале со мене, а и онака немаат многу време за поминување со мене. Ама не можам секоја вечер, а не можам ни да барам некој да седи дома со децата секоја вечер.

Повремено шетање без деца сосема оправдувам. Колку и да звучам неизживеано, мене излегувањето ми е издувен вентил, и ако не се издувам сум опасна по околината :D
И сметам дека тоа не ме прави лоша мајка.

Од друга страна, не сакам да ги носам децата навечер со мене. Ако некаде треба да одам, на мекици, свадба и слично, нив ги оставам дома, и замолувам некоја баба или дедо да дојде, или ако е викенд, спијат кај баба им и дедо им. Нема што да им се нарушува сонот.

Преку недела ако веќе сакам да се издувам тогаш повеќе сакам да излезам откако ќе ги легнам, од колку да се дружиме дома со пријатели кои имаат деца. Моите деца за да бидат одморени треба да се во кревет во 8, а ако легнат во 10.30-11, следниот ден не функционираат. Нема зошто да им го реметам биоритамот.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 26 Јан 2012, 13:03

Се е во ред ако родителите знаат да си го организираат времето и многу е точно тоа што некој го пиша, што ако се дома а исто ко да ги нема. Но реално мораат да сфатат дека исто не е, мора да си наоѓаат време за себе но сега тоа нема начин да биде приоритет. И добро е ако не се од оние родители кои цел живот се осеќаат неизживеани, затоа што кога тогаш нормално е да се смири човек.
Аватар на корисникот
CrazyStupidLove

Сино цветче
 
213358
Мислења: 425
Зачленет: 14 Јан 2012, 04:49

Мислење 26 Јан 2012, 13:04

И јас немам ништо против, па реално да гледаме луѓето стануваат родители на 20 и кусур, 30 години, па тогаш си се уште млад, зарем не треба да излезеш понекогаш и во град?!

Плус децата во 9 се во кревет, така што тие нема ни да забележат дали се тука мама и тато или не.
Е сега, друга е ситуацијата кога малото е само што родено, па се буди навечер и освен мама и тато не му треба никој друг, но кога е веќе потпораснато не гледам пречка. Од постојано седење дома или само излаз во комшилук, освен монотонија и караници друго нема да има.

И уште да спомнам, тука не оправдувам да се влечат пијани по улици како несаглам да се малку, ама тоа не заради децата, туку чисто ради нив и годините :)
Аватар на корисникот
femina90

Жолто цветче
 
1659813
Мислења: 3582
Зачленет: 25 Дек 2009, 01:21
Локација: Скопје
Not every brigde wants to be crossed :)

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 5 гости

Site Meter