ТЕМА: Летен камп

Мислење 16 Апр 2013, 08:11

Вчера ќерка ми донесе дома флаер од Коузон за летен камп во Грција.
Слика
Го разгледував сајтот и многу ми се допаѓа како е организиран престојот на децата. Многу ми е амерички :D . Како и да е, би сакала доколку имате искуство, да го споделите ... па да одлучиме дали да се пакуваме или не.
Аватар на корисникот
sanjaeva

Жолто цветче
 
1577851
Мислења: 1184
Зачленет: 03 Фев 2011, 00:37

Мислење 17 Апр 2013, 11:26

Јас лично познавам неколку деца кои минатата година беа таму и се вратија со милион тони позитивни импресии
Значи забавно, поучно, исполнето, социлизирачки максимално.
СПортуваат каков спорт сакаат, пливање , јавање, одбојки, голф итн....учат јазик секојдневно- по желба ( не гледам зошто да не) и се дружат со деца од цела Европа.
Моето дете е мало, но кога би имала можност би го пратила дефинитивно.
Аватар на корисникот
Espadrila

Сино цветче
 
5981112
Мислења: 201
Зачленет: 01 Апр 2013, 14:08
Локација: somewhere between heaven and...
feel the rain on your skin, no one else can feel it for you ...

Мислење 17 Апр 2013, 19:47

Не го знам овој камп, но генерално мислам дека е многу убаво децата да одат во летен камп. Така полесно ќе стекнат независнот, а и денот ќе им биде исполнет со интересни содржини.

Иако според веб страната ми се чинат ОК, сепак не би ги пратила моите деца до Грција. Едно не ја сакам земјата, друго мали ми се за преку граница.

Јас од лани барам некој камп во Македонија, некоја летна школа, каков и да е организиран престој на деца, но до слабо ми оди. Сакам да бидат со луѓе кои колку-толку ги знам, што значи дека преку училиште би било најдобро, или пак преку некоја дополнителна активност на која одат преку година. Од кошарка знам дека ги носат, ама не ми се пуштаат, тренерите баш и не се некои педагози, плус нема нешто многу девојчиња, па не ми се пушта ќерката.
Дури на мисла бев и дали да ги запишам на златно славејче, само поради нивните летни подготовки, ама веќе и без тоа имаат премногу обврски, уште златно салвејче три пати неделно им фали.

Ако разберете за некој ваков камп во Македонија, ве молам пишете.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
54122463
Мислења: 3129
Зачленет: 07 Дек 2009, 00:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!
Ако не можам да променам дел од себе, како ќе го променам светот?

Мислење 17 Апр 2013, 19:56

Ariel напиша:Не го знам овој камп, но генерално мислам дека е многу убаво децата да одат во летен камп. Така полесно ќе стекнат независнот, а и денот ќе им биде исполнет со интересни содржини.

Иако според веб страната ми се чинат ОК, сепак не би ги пратила моите деца до Грција. Едно не ја сакам земјата, друго мали ми се за преку граница.

Јас од лани барам некој камп во Македонија, некоја летна школа, каков и да е организиран престој на деца, но до слабо ми оди. Сакам да бидат со луѓе кои колку-толку ги знам, што значи дека преку училиште би било најдобро, или пак преку некоја дополнителна активност на која одат преку година. Од кошарка знам дека ги носат, ама не ми се пуштаат, тренерите баш и не се некои педагози, плус нема нешто многу девојчиња, па не ми се пушта ќерката.
Дури на мисла бев и дали да ги запишам на златно славејче, само поради нивните летни подготовки, ама веќе и без тоа имаат премногу обврски, уште златно салвејче три пати неделно им фали.

Ако разберете за некој ваков камп во Македонија, ве молам пишете.

Со Ивце Пивце пушти ги :D Јас планирам оваа година да го пуштам син ми,лани беше мал и неспремен ,но оваа година е таман.Кај мене олеснителна околност е што едната негова наставничка е во тимот ,па тоа ми е некоја сигурност.Родителите кои ги пратија нивните деца лани беа презадоволни,како од организацијата,така и од грижата на сите наставници.Минатата година беа на Пелистер,а мислам дека и оваа.
Аватар на корисникот
AIT

Зелено цветче
 
15761978
Мислења: 984
Зачленет: 20 Јан 2011, 16:40
Слика
Слика

Мислење 17 Апр 2013, 20:00

^ Не знаев дека Ивце Пивце организира такво нешто. Ако ти налета некоја информација, пиши те молам. Или веб сајт некој ако има, да видам што и како е.
Само веројатно е рано, јас сакам двајцата да ги пуштам, а штом ти викаш дека твојот е мал, што да кажам за мојот :D Иако научен е сестра му да му води сметка за се, како да му е мајка :D

Едит: најдов веб страна: http://www.kotiledon.com.mk/kotiledonij ... tiledonija
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
54122463
Мислења: 3129
Зачленет: 07 Дек 2009, 00:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!
Ако не можам да променам дел од себе, како ќе го променам светот?

Мислење 17 Апр 2013, 20:06

И мене син ми денес ми кажа за кампов,и веднаш ме праша дали може да оди.

Јас имам слушнато за кампов во Грција,ама не ми се пушта таму,мали ми се сеуште.Далеку ми е,а и воспитувачите кои би ги надгледувале не ги познавам,па некако не сум за.Убаво е да одат,да се дружат,за учење на јазик...може понатаму.Познавам луѓе кои ги праќале децата и генерално се задоволни.

Син ми,на неполни 9 год. ,лани беше со кошаркарски камп во Охрид.Убаво си помина,задоволен беше многу,а и мене ми значеше многу.Тоа му беше прво оделување од нас,се плашев на почетокот како ќе реагира и дали ќе сака да седи.Признавам, :tmi: плачев првата вечер.И пријатно се изненадив.Убаво си помина,запозна многу нови дечиња.Се слушавме еднаш на ден,јас му се јавував,зборував и со тренерите,ми кажуваа како е.
Со оглед на тоа дека беше блиску,отидовме и ние да го видиме,а кога не виде,буквално не откачи,што сме дошле,он си имал тренинг.Баш незвисен од нас.Си реков,па кога ми порасна детево?!
И задоволна бев од тоа како тренерите се грижеа за нив.Си имаа целодневни активности,тренинзи,капење во езеро итн.

Сум слушнала и дека НОВА организира вакви летни кампови,но не сум доволно запозната со програма,цени,место.

И за Ивце-Пивце знам.Готови бевме и ќерка ми лани да оди,но се предомисли,мала ми беше ,6 год.
Аватар на корисникот
ph.orhideja

Сино цветче
 
752593
Мислења: 385
Зачленет: 14 Јан 2011, 16:34

Мислење 17 Апр 2013, 22:15

Муабетот, ми текнува со братучетка ми не пратија на летен одмор во детското одмаралиште во Берово, ние не поголеми од трето одделение. И еве ти ги нашите после неколку дена дошле да не посетат. А ние вакви |( , што им е на овие, па срам ни беше, ние демек големи сме, а види ги нив. И знам ги откачивме дека требаше да се спремаме за маскенбал, а тие поминале 150 километри, и ден денес се смееме за случката. :D

Организираните летни одмори се вистинско уживање за децата, не би ги лишила моите деца од такво искуство.

А зарем веќе не се организираат преку училиште такви летни одмори во детските одмаралишта, не сум баш во тек?
Аватар на корисникот
Mayyya

Зелено цветче
 
17112054
Мислења: 843
Зачленет: 23 Сеп 2010, 23:51
Локација: Во еден чудесен свет...
Трофеи: 1
Слика
Слика
Everyone thinks of changing the world, but no one thinks of changing himself.

Мислење 17 Апр 2013, 22:17

Штета што детските летувалишта кај нас не се во функција. Јас прв пат бев на одмор со деца на 6 год на Шапка, во лето. Во тоа време на родителите им беше генерално проблем кој ќе ги чува децата во текот на летото (не дека сега не е, но немаше тогаш баби и дедовци стечајци, тех.вишок, ... тогаш сите работеа), па сите деца од улица во топтан не запишуваа за летување... и не ретко ни ги дуплираа смените. Најсмешен момент ми е кога едно лето не пратија во Чичино село (да, да). Беше многу убаво и ни беше многу чудно како тоа секој ден ни доаѓаа родителите на посета. Ние и не сваќавме колку сме блиску до дома :)
Скриен текст: покажи
сигурно имало многу гужва по пат до таму па ни се видело возењето долго ... ако сме разбирале што е далечина


За летувањето со Ивце сум за. Познавам родители кои се презадоволни.
За кампов во Грција, одлучив, ќе ја пуштам. Неможе да не и биде убаво, а пред се ќе биде едно ново и поинакво искуство. Не ме фаќа паника што е друга земја (не е далеку). Сметам дека едно вакво летување може да допринесе за самодовербата кај детето.

И уште нешто наумив. Кога ќе заврши школската година, еден викенд ќе и речам да ги покани другарките во викендица и ќе им наместам шаторчиња, да се осеќаат камперски, да спијато во вреќи, да јадат надвор .... :D (ама ако се умни, до тогаш).
Аватар на корисникот
sanjaeva

Жолто цветче
 
1577851
Мислења: 1184
Зачленет: 03 Фев 2011, 00:37

Мислење 18 Апр 2013, 09:16

Во денешно време , не знам, можеби беспарицата е виновна, но можеби и родителите се презаштинички настроени спрема децата.
Јас од 7 години одев на зимување и летовање, преку школо, преку клубови преку и јас нз шо. Се разбира битен беше водичот- нставникот кој ќе дојдеше со нас, да е човек на место, доволно строг а доволно добар, како родителите би ги пратиле децата со него.
А поминот - незаборавен. Се учиш сам да си местиш кревет :D и да одржуваш хигиена на собата (тоа не значи дека си хигиеничар), па избираа најуредна соба.
Па имавме игри без граници, па покажи што знаеш, маскенбал, пеење, триста чуда,а за преку ден , водени лудории или учење да скиеме.
Колку добри спомени а и пријатели имам од тоа време.
Зборот ми беше, некако како слабо да одат дечињата во последно време на вакви работи???
ЈАс би пуштила дете, на летен камп, летна школа, зимување и такви работи.
Аватар на корисникот
Espadrila

Сино цветче
 
5981112
Мислења: 201
Зачленет: 01 Апр 2013, 14:08
Локација: somewhere between heaven and...
feel the rain on your skin, no one else can feel it for you ...

Мислење 18 Апр 2013, 20:27

И јас имам убави спомени од летни кампови, па затоа и сакам да ги пуштам моите. Чудно ми е зошто нема во училиште, но еве, до сега воопшто не понудиле. А најдобра опција би било, и наставничките ќе ги знаат, друго е.

Јас сакам да ги пратам иако има којда ги чува. Наместо да седат цел ден пред телевизор, нека одат да дишат воздух и да осамостојуваат.

Кампот на Ивце Пивце ми личи многу ок, ама пишува дека се организира на почетокот на јули, а тие веќе ќе бидат на одмор тогаш. Мене ми треба нешто во јуни или втора половина на август, а очигледно едвај се наоѓа каков и да е летен камп, а не па да бираш темини.

Во Нова летниот камп е во Скопје. Секој ден ги носиш, мислам дека се од 9 до 3, и ги носат на Водно, во Форца, во Борис Трајковски, имаат различни спортски активности. Имаат и летно училиште, и за моите деца дефинтивно тоа би била подобра варијанта, барем јазик да учат, ама скапо е, па ќе видиме што ќе одлучиме. Училиштето е доста добро, знам неколку деца кои одеа, и навистина многу научија англиски и тоа во прво одделение. Ги поттикна да зборуваат на англиски и сега еве во трето зборуваат англиски без проблем. Најдов и линк, уште немаат објавено за оваа година, информациите се од лани, ама би требало исто е се, и цени и термини. http://www.nova.edu.mk/EN/life_at_nova/ ... chool.aspx
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
54122463
Мислења: 3129
Зачленет: 07 Дек 2009, 00:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!
Ако не можам да променам дел од себе, како ќе го променам светот?

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: kitty267 и 6 гости