Мене ми се мешаат во исхраната на ќерка ми, просто полудувам, особено во зимскиов период. Така беше лани, еве сега гледам дека пак поминуваме низ истото-дежа ву.
Имено на стариве досадно им е и по цел ден само нешто јадат и грицкаат-семки, смоки, наполитанки, чоколади, колачи, тортици итн. итн. ништо хранливо....чкљ храна која дебелее. За нив ми е гајле, ама се вадам од такт кога и на ќерка ми и нудат и и` туткаат.
Само што завршила со редовниот оброк (доручек, ручек или вечера) не поминало половина час тие (а и малава со нив) пак нешто што мелат. Ми го поправија детево три кила, како топче е (таа и онака беше крупна за нејзина возраст, овие три кила беа капак).
Со оглед на тоа дека не сакам детево за некоја година да ме колне дека сум ја испуштила од раце и сум дозволила да се здебели па да мора диети да држи, и реков дека мора мене или татко и` да не` праша пред да јаде нешто.
И сега ваква ни е дома ситуацијава
-
мамо, мамо.... дедо/баба ми рече да те прашам дали може наполитанки да јадам (се еден поглед просто те убива од жал да и` речеш не може

)
-
јас/мм-не може, седи тука или
-
може, ама само едно.
И не и` дозволуваме да оди кај нив во соба.
Ај свеки ја тера да не` праша, ама ова старово (свекор ми) од збор не се разбира, и` вика-
кој ги прашува нив, земи дедо, јади.

Ни го руши авторитетот пред неа.
И сега ние сме лошите, џандари изигриваме.... дури детево го имам затекнато скришум како џвака набрзинка да голтне, па да дојде кај нас во соба. Шизам.
И така фино лепо, ја седнав ќерка ми и` и објаснив дека само се грижиме за нејзиното здравје и затоа не и` дозволуваме се` да јаде, и кажував дека може да има проблеми со срцето, дека нема да може да трча и дека лесно ќе се заморува, дека повеќе ќе се поти, па на сред играње ќе мора да оди дома да се пресоблече, па другарчињата може нема да сакаат да игра со нив на пр. брканица ако е спора и не може да ги стигне и сл....колку-толку ме разбра.
А и стариве си добија воспитна, ама од мм, негови родители се, тој нека си се расправа со нив.

Малку се навредија, ама искрено баш ми е гајле, подобро сега тие да се лутат, отколку за некоја година детево да ми стане гојазно и таа мене да ми се лути.
