ТЕМА: Не го сакам татко ми

Мислење 31 Јан 2012, 20:08

:o
Секоја чест како издржуваш.Имаш право да не го сакаш!Јас стварно незнам што повеќе да кажам да не сум ти во кожа.. :x :x
Аватар на корисникот
song

Сино цветче
 
4329
Мислења: 120
Зачленет: 08 Јан 2012, 19:02
Локација: Vo potraga.. ;)

Мислење 03 Фев 2012, 17:37

......Секогаш кога се нервира ни се истура на мајка ми и мене! Многу ја жалам мајка ми секој ден плачам за неа таа оди на работа за да ни донесе леб дома а тој по цел ден дома со скрстени нозе ништо не прави и пак ние криви што немало пари и што тој немал убав живот..и јас немам убав живот..ни мајка ми но што ние да кажеме!Пред некој ден татко ми многу ме повреди толку зборови ми изнакажа што тој ден и ќе се убиев но тоа нне го правам само заради мама не сакам да ја оставам сама, да ја повредам,да тагува по мене ..дури и за прв пат таа заплаче пред мене и реков најдобро е да се разведат ДАЈ БОЖЕ тоа да се деси тоа кје ми биде најсреќниот ден у мојот живот! Татко ми знае на моменти да не насмее но кога е нервозен како што реков се на нас ни се наврла :sweat:
Со денови размислув да си ги спакувам работите и да одам кај баба..но мама неможам да ја оставам без неа неможам ;( :l:
Аватар на корисникот
SarahTayMomsen

Зелено цветче
 
242219
Мислења: 576
Зачленет: 15 Јул 2011, 17:40
Локација: Lost in space.
Слика

Мислење 03 Фев 2012, 17:40

Па заминете заедно со мајка ви бе девојче ... побарајте мислење од некој нешто било што .
Аватар на корисникот
WildCherry

Зелено цветче
 
505723
Мислења: 821
Зачленет: 20 Авг 2011, 22:03
Локација: Somewhere I Belong
Need a hug ?

Мислење 03 Фев 2012, 17:47

Најдобро е да разговарате со него и да му кажете да почне и тој да бара работа ,вината за таквата состојба не е само до вас ,ако веќе ни со разговор не бива подобро е да заминете некаде на страна и да живеете сами
Аватар на корисникот
fallenangel

Сино цветче
 
67159
Мислења: 355
Зачленет: 23 Јун 2010, 18:36
http://www.youtube.com/watch?v=NWixUIMTjYc&feature=related
*Секогаш посакувај ги убавите работи со искрено срце и верба само така ќе ти се оствари тоа што го посакуваш *

Мислење 03 Фев 2012, 18:04

Јас стварно..незнам зошто таквите мажи земаат жена на душа...па после и децата да страдаат...Разговарај со твојот татко (остај шо знам дека нема да помогне ич разговорот)ако не па замини заедно со мајка ти кај баба ти...нема зошто да трпите таков "маж" и "татко" затоа е најдобро развод да остане сам..па да видиме шо ќе јади кога не работи и на кого ќе му вика...среќно женска...и многу нерви не затоашто ќе ти требаат кога ќе имаш свое дете
Аватар на корисникот
Ulata

Сино цветче
 
9138
Мислења: 369
Зачленет: 19 Апр 2011, 16:55
Локација: Во светот на бајките
Вистината е вистина дури кога никој не верува во неа
Лагата е лага дури и кога секој верува во неа

Мислење 03 Фев 2012, 20:34

Татко ми планира оваа година да одиме во странство со надеж дека се ќе се подобри..Проблемот е татко ми неможе да си најде работа(единствена желба му е да работи,но не ми е јасно зошто кога се нервира се истура на мајка ми и мене)пред една година се си беше ок си бевме среќни се беше најубаво но откога престане да работи бидејки платата беше мала а работата што ја работеше беше многу изморувачка почна многу да се нервира!..Има брат во странство вози и бараат работа и коа ќе најде ќе одиме некаде во странство.Не го мразам татко ми...сакам да го мразам но душава не ми дава! :| Многу ви благодарам за подршката..многу! Што би правела без вас :lol: :inlove: :*
Аватар на корисникот
SarahTayMomsen

Зелено цветче
 
242219
Мислења: 576
Зачленет: 15 Јул 2011, 17:40
Локација: Lost in space.
Слика

Мислење 09 Фев 2012, 18:05

Се мислев дали да пишам во темава.
Од поодамна ми се смени мислењето за татко кое го имав цел живот, дека тој е најпаметен, дека е мојот херој и сл. Го гледав како што повеќето девојчиња ги гледаат своите татковци, како вистински заштитници на домот и семејството. Но поради неговите постапки, се тоа се смени рпед неколку години.
Имено, немам никакви проблеми со него од типот дека не малтретира мене, мајка ми или брат ми, не пие, не се коцка. Тој е најпасивниот човек и најнеснаодливиот кој го имам сретнато. 12 години оди сезонски на работа во Италија со прекини, никогаш не може да најде стална и сигурна работа па да ја одведе и мајка ми со него. Всушност, јас и брат ми израснавме со мајка ми, таа не воспита, ни даде се што сакавме и сме и благодарни за тоа бескрајно. Времето и раздлебите си го направија своето, и сега немам никаква блискост со татко ми, дури ми е антипатичен, и едвај чекам пак да замине во Италија. Еве сега, наместо 15 дена, веќе 2 месеци седи дома и не презема ништо за да отиде пак таму. Или барем тука да бара работа. Само седи дома, гледа тв, и ништо не помага. За се во животот тој ја чека мајка ми, никогаш не преземал иницијатива за ништо. Ми прекисна од таквото негово однесување, и иако сите 3ца му го имаме кажано тоа, тој само ќе одговори, е што да правам, таква ми била судбината да не се снајдам. Не ми се верува како може да се помири толку лесно со работите и за се да чека од небото да му падне. Ме нервира премногу, заради него дома има огромна тензија и нема никаква атмосфера. Гледам што почесто да сум надвор и да не разговарам со него, ме иритира.
Пред 2 години, додека не можеше да отиде во Итл, работеше во Скопска пивара за мизерна плата. Цело време преживувавме буквално, а тој иако има бугарски пасош, никако не замина некаде на страна. Животот ни беше катастрофа, на моменти немавме ниту за леб. Ама ајде помина некако тоа. Ете го сега, пак исто се однесува. Не сакам да дојде до таа приказна како полани, ама што да правам? Дајте ми некој совет како да го натераме со мајка ми и брат ми да оди да работи некаде. Не е мрзлив, но треба некој да му ја најде работата, а потоа тој ќе рмба цело време. Што да правам? Не го поднесувам веќе во моја близина :@
Аватар на корисникот
happygirl

Жолто цветче
 
658392
Мислења: 1358
Зачленет: 27 Јул 2010, 12:30
Слика

Мислење 09 Фев 2012, 19:17

Happygirl жал ми е што имаш такви чувства кон татко ти. Ама ете како што велиш времето си го направило своето, додека си растела не бил до тебе блиску довлоно, а далечината си го прави своето. Но сепак, од тоа што го кажуваш, извини што ќе ти речам вака, ама малку луто го напаѓаш. Велиш имал и бугарски пасош а не заминал настрана, па еве заминувал, работил, 12 години на сезонска работа во Италија. Вам ви било тешко кога не бил со вас, ама и нему како родител сигурно не му било сеедно. Јас почнав со ништо во странство, и ќе ти кажам дека верувај ми многу, многу е тешко настрана ако не си стабилизиран во средината, и тоа јас девојче бев, а не пак да се ставам на негово место, да оставам деца и млада жена со месеци секој нареден пат.

Ако годините на профил ти се точни, не си маленка да ме сфатиш. Можби човекот е и малку депресиран, па затоа сеедно му е. Кога излегол толку пати од земјата, можеби и видел некој кој се снајдел, но не е лесно за секој да се снајде. Ти требаат пријатели, контакти, снаодливот, знаење и малку среќа. Ако се чуствува како губитник, дека не е од оние што се снајдел, а имал шанса еве, не мора да е он крив затоа, некогаш и најамбициозните се разочаруваат.
Дека ти е антипатичен и „бегаш„ од него, па дури и ако сте му кажале сите тројца колку сте разочарани од него, што мотивација има овој човек да стане и да рмба ко што велиш? Не знам колкав е брат ти, ама ако двајцата сте полнолетни, законски и не мора да ве издржува повеќе(што не значи дека така мисли ама ако му се завртело во глава во право е). Штом не е мрзлив значи не е мрзлив, од друго не му е до работа.

Ова ти давам малку идеја за друга песпектива, пробај погледни го неговиот живот од негова страна со сите факти што ги имаш, и можеби подобро ќе дознаеш зошто се однесува како што се однесува, и можеби и ќе можеш со тоа свежо разбирање да помогнеш да се ситуацијата подобри за сите дома.
Аватар на корисникот
imelda

Сино цветче
 
380330
Мислења: 307
Зачленет: 24 Мар 2011, 16:56

Мислење 09 Фев 2012, 19:56

Милион пати сум пробала да се ставам на негово место. Дали ти се верува дека тој нема никакви контакти што се вели ни овде, а камоли пак таму. Има работено по 2-3 месеци во лозјето, и знаеме дека не се заработува којзнае што од таму. Ама не се труди за нешто повеќе, па макар да бара работа по хотелите, друго е таму.
Ако е тој во депресија нека се лечи, а не сите покрај него да паѓаме полека во истата. Брат ми има 17 години, во најбурниот период за него, тој воопшто не се чувствува заштитено и сигурно, дека има татко кој ќе стори се за да не останеме гладни и без кров над глава (што се има случено неколку пати). Јас имам 21 година, многу работи поминав без татко ми, ама не сакам брат ми да појде по лош пат. А ние цело време го мотивиравме, ама верувај нон стоп на некој да му збориш дека треба повеќе да се труди, да излегува, да запознава луѓе, и тебе ќе ти скисне. А за издржување, мајка ми работи сега фала му на Господ, зема и добра плата, јас кај и да е ќе завршам за една година со факсот.
Не знам како да му помогнам, премногу сум разочарана од него. Имало моменти кога му кажувавме дека ги даваме последните 20 ден. за леб и тој велеше Епа што да правам, толку можам да ви дадам јас. Ако не ви е доволно барајте на друго место.
А всушност ништо во животот не ни има дадено. Да не беше мајка ми, многу работи немаше да имаме јас и брат ми.

п.с. Пред неколку дена случајно отворив Хистори на Хромот, и има што да видам. Додека јас сум во Штип на факс, а брат ми втора смена на школо, тој си гледал порничи цело време. Со баби, лезбејки, педери, па дури и со животни. Не сакам ни да замислам што прави после тоа. Ми се гади од него. Никому не сум кажала за ова последново, ама ме убива од внатре. Ставив сега пасворд на компјутерот, да не може своите фрустрации и болести да ги лечи овде, во собата на брат ми и мене. Ќе полудам. Не сака да најде работа, а сака да гледа глупости пред пц. :@ :@ :@
Аватар на корисникот
happygirl

Жолто цветче
 
658392
Мислења: 1358
Зачленет: 27 Јул 2010, 12:30
Слика

Мислење 10 Фев 2012, 12:13

Јас имам еден вујко, што е трчи-лажи и лежи лебу. Е тој така цел живот од ден за ден, чека цел живот друг да му ги среди работите, да го викне да поработи за да си ги нахрани децата, од атер за нив. Ама он е мрзлив со потпис. И кога го викнат да работи негде, толку работи, само прашува што има за јадење, кога ќе јадеме, забушава, удара вицови, се за него е една голема шала. Неговите деца, мои братучеди, откако почнав да ја разбирам ситуацијата како постара од нив, за нив сум си викала, каде и овие деца со таков неодговорен татко.
Ама вујна, жена и половина. :bow: Тотална спротивност од него. Немаше кој знае колку платена работа, ама одеше работеше и за децата секогаш имаше од неа. Едниот братучед дипломира пред две години и сега и тој работи, другиот уште студира, си тераат работа, си градат живот и од деца станаа добри луѓе, а вујко, он е уште таков каков што си беше, флегма, нема енос да се смени.

И твојата мајка е таква силна жена по тоа што кажуваш, штом успеала досега да ве израсне и воспита на своја рака, при маж како него, нема да дозволи таа сега брат ти да тргне по лош пат, сигурно. А и ти си тука за неа и за брат ти. И се со што тој тебе досега те разочарал, на некој начин те направил посилна, ти немаше да се бориш вака да бараш начин да се ситуацијата дома подобри ако не е така. Само не можеш да му помогеш на човек ако и тој не сака да си помогне. Ако веќе и покрај сите разговори и поддршка тој не прифаќа ништо од тоа и си гледа само за себе и своите потреби, па уште и те срами и згрозува со неговите интернет активности, тогаш и јас би дигнала раце од него додека не се освести сам и согледа што прави. Чувај си ги нервите, не си троши енергија на него и биди тука за мајка ти, а он ако има трошка совест еден ден тој ќе е оној што ќе се покае.
Аватар на корисникот
imelda

Сино цветче
 
380330
Мислења: 307
Зачленет: 24 Мар 2011, 16:56

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 5 гости

Site Meter