Јас пак со татко ми имам многу подобар однос него ли со мајка ми, што би се рекла татина маза

А и со оглед дека сум единица, моите ме размазиле ептен, особено татко ми, така да немам за што да се пожалам. Инаку би сакала и вие да го имате тој однос што јас го имам со татко ми

Некако пробајте да ги подобрите односите, пробајте да им се доближите. Знам моја блиска другарка имаше исто проблеми со татко и, се си идеа контра, но почна она да не се замара многу многу и да им придава значење на расправиите, да не му возвраќа на секој коментар што и го упатуваше па некако се подобрија и сега односите им се ОК, мноооогу подобри од порано. Пробајте и вие некако, доколку е можно да се среди, јас не би можела да дадам некој конкретен совет, но сепак би ви посакала среќа. И баш ме чуди што пишавте токму односот со татко ви не ви е баш најдобар, зашто општо познато е дека ќерките се многу поблиски со татковците а синовите со мајките, но сепак секоја фамилија, своја политика. Позз