Мајка ми е опседната со моето постоење.Дневно се слушаме 10 пати,а уште 20 пропуштени повици имам во телефон,што намерни,што ненамерни.Срцка ми е,многу е загрижена и внимателна мајка.Кога и да сум посакала нешто од неа секогаш сум добивала,дури и сладолед марс во 1 часот по полноќ.
Не споделувам интимни тајни со неа затоа што се плашам од нејзината реакција,а и некако сметам дека навистина тој дел треба да се пропушти затоа што и на 40 таа ќе ме гледа како дете на кое му треба заштита и е сосема невино во секоја смисла.Плус,многу ми е шегаџика па мислам дека и ќе го злоупотреби за да ме зеза.А за се останато е комплетно инфомирана,амбиции,желби,планови,случки,односи со луѓе,размислувања и најситни,незначителни детали од денот кој изминал.Уживам во деталните,советувачки разговори кои ми се смешни затоа што секогаш знае да рече,машките не сакаат така,ти си многу груба или не биди толку критична кон себе и останатите,малку попушти и спушти го моралниот праг...хахаха...За неа се е розово,нежно и завиткано,права шмизла.
За опасна женска како мене (

) поразително е признанието дека не можам да го замислам денот без прегратката и бакнежот на мама! Ама еве признавам...
И ги сакам објективните совети и ги сакам дискусиите за книги,ги сакам нашите прошетки во парк и нашите вечери поминати на кафе после театар!И ја сакам смиреноста и тактичноста,ама секогаш бе мамата во погрешен момент не знае да си го заврзе јазикот и да подизлажне и отиде во јабана цела тактика.
Луда женичка,цел свет ми е!Ама цел!