ТЕМА: Односот мајка-ќерка

Мислење 05 Јан 2012, 15:25

одличен каков што треба да биде
Аватар на корисникот
s.t.e.f.a.n.j.a

Сино цветче
 
3813
Мислења: 366
Зачленет: 04 Јан 2012, 22:06
Локација: Во дневната на креветот
ЕДНА МИНУТА ТАГА ТИ ОДЗЕНА 60 СЕКУНДИ СРЕЌА

Мислење 05 Јан 2012, 22:19

Ја сакам најмногу на свет и мислам како пола мозок да ми фали ако не ја чујам дента :)
Аватар на корисникот
cecilia

Сино цветче
 
164111
Мислења: 358
Зачленет: 09 Дек 2009, 17:35

Мислење 06 Јан 2012, 15:12

Имајќи ја неа, го имам светот! И благодарам за се. За сите спомени, за сите совети, за сите моменти кои што ми ги има пружено. И благодарам за тоа што секогаш е тука за мене, и благодарам што верува во мене како никој друг. И благодарам што никогаш не си замина. И благодарам што ме израсна во добра девојка.
Мамо, извини за сите кавги досега, за сите непреспани ноќи поради мене. Знај ти си моето се- моето срце, мојата душа.. Не знам што би правела без тебе. Знај дека премногу те сакам. :l: :l: :l:
Слика
Аватар на корисникот
mamma-mia

Зелено цветче
 
852424
Мислења: 651
Зачленет: 08 Јул 2011, 21:20
Локација: The Nutshell, Bury St Edmunds, Suffolk - England
Un buon libro è un buon amico.

Мислење 10 Јан 2012, 12:00

mamma-mia напиша:Имајќи ја неа, го имам светот! И благодарам за се. За сите спомени, за сите совети, за сите моменти кои што ми ги има пружено. И благодарам за тоа што секогаш е тука за мене, и благодарам што верува во мене како никој друг. И благодарам што никогаш не си замина. И благодарам што ме израсна во добра девојка.
Мамо, извини за сите кавги досега, за сите непреспани ноќи поради мене. Знај ти си моето се- моето срце, мојата душа.. Не знам што би правела без тебе. Знај дека премногу те сакам. :l: :l: :l:
Слика

Тоцно така. Многу убаво кажано од твоја страна. Така е и кај мене. И јас сум сега мајка на две деца и знам колку се сака мајка а исто знам колку се сакаат децата, децата за мене секогаш ке останат деца. Поготово керка ми. не затоиа што ми е керка него син ми ке може да се снајде а керка ми малку потешко ке биде.
Аватар на корисникот
inimini

Сино цветче
 
491
Мислења: 169
Зачленет: 20 Авг 2011, 10:00

Мислење 24 Јан 2012, 21:07

Како секоја керка со мајками сум поврзена и кажувам во веза со другарите, школо но никогаш не и кажувам во веза со симпатии, дечковци многу ми е срам. Би сакала да и кажувам и за друго но премногу се карам не за некои големи работи но за глупости многу ме нервира кога ке почне да се дере заради тоа што не ја исчистив собата или не ги измив садовите мислам дека претерува понекугаш ме нервира и заради тоа што стварно знае да ме осрамоти пред луѓе но пред се е важно што неможам да си го представувам животот без неа и си ја сакам најмногу на свет :) :)
Аватар на корисникот
rozy

Сино цветче
 
9438
Мислења: 264
Зачленет: 22 Јул 2011, 10:01
Локација: in the sky
Uvek postoje dva mišljenja, moje i ono pogrešno!

Мислење 26 Јан 2012, 02:37

Подобра другарка од мајка ми-нема! Мајка ми е секогаш тука за мене. Секогаш знае да ме ислуша и да ми го даде не секогаш најдобриот совет, но најкорисниот. Таа уште кога ќе ме погледне знае дали сум тажна или среќна. Знае како да се однесува со мене, знае да ме сака на начин кој никој не може. Таа е единствена. Вечно ќе и бидам благодарна за сите работи што ги направила за мене. Ќе и бидам благодарна за тоа што секој ден се бори за јас да бидам среќна, за ние да бидеме сложно семејство, да имаме што да јадеме.. да имаме среќа и радост во домот. Таа прави да кога ќе отидам некаде, едвај да чекам да се вратам дома.. Те сакам мамичко. :)
Аватар на корисникот
Butterfly15

Зелено цветче
 
1037641
Мислења: 782
Зачленет: 24 Јун 2010, 18:21
Локација: In seventh heaven .. (:
Слика

Мислење 26 Јан 2012, 16:51

Многу ми фалела таа близина, да можам да кажам мамо се заљубив, или тажна сум, успеав, или слични работи. Не знам зошто можеби поради татко ми што имаше психички влијание на нас, за се се тресевме тродупло, можеби затоа не сакав и не можев да се отворам никогаш. Плашејки се да не дознае татко ми, и ошла работава во неповрат. Ама вистински родителски совети како помала немав, сега откако ми се случија многу работи во животов, одкога му се спротиставив на татко ми, одкога виде колку се трудам и сама успевам, станувам поблиска, добивам пораки, ми фалиш чедо, се гордем со тебе.. и за прв пат ја видов пред неполн месец како му се спротистави на татко ми ако уште еднаш изговори или направи нешто против мене, дека ќе превземе нешто, ја видов и доживеав како лавица во вистинска смисла, да се спротистави на стравот.. ја сакам енормно многу, оти кога беше болна и на операција, цело време даваше осмех за да не приметиме дека и тешко. Но сепак имам убава лекција, како не треба да се однесуваш спрема дете и колку мораш да бидеш отворен и во блсика комуникација за да не направи грешки..

Имам ќерка и нашата комуникација е најмоќното нешто, уште сега ја учам дека треба да биде отворена, и мислам дека засега го постигнуваме сите тие работи, си кажуваме тајни, се поучуваме, се караме што треба, а што не.. а таа е мојот заштитник, секогаш кога има маж в близина на мене ми забранува да зборам, и ми има кажано, само моја си, со мажи зборење не, само со другарки може.. хух.. моќна комуникација во секој поглед.. :l:
Аватар на корисникот
ljubam

Жолто цветче
 
102102306
Мислења: 1804
Зачленет: 07 Јан 2011, 09:06
I do not try to dance better than anyone else. I only try to to dance better than myself. - Mikhail Baryshnikov

Мислење 26 Јан 2012, 17:15

Сјаен не е. Ние сме целосно спротивни карактери: таа е брзоплета, не може да мирува, педантна. Додека јас сум сосем спротивното. За мене да побрзам значи да сум готова за половина час, додека за неа да е спремна за три минути. И настанува караница.
Кај неа се мора да е под конец, раска да нема да тепихот, чисто-да блеска. Мене не ми пречи ако садовите не се измиени, ако не е исмухано, ако алиштата чекаат да бидат испеглани, ако собата не ми е сосем средена. И пак караница.
Плус нејзината брзоплетост, мојата груба искреност и неможност да се скријат вистинските мисли=добитна комбинација за нова караница.
И тоа е тоа. Повеќето караници се за ситници, ама за една ситница, за друга ситница, на двете преку глава ќе ни дојде. Ја гледам само за викенд, два дена неделно, во тие два дена 5 пати ќе се скараме.
Тоа ни е најголем проблем во односот.
Освен тоа лесно се лути. Не сфаќа шала жената и не. Одма носот до небеси го крева, како сум можела така да и речам?!
Тоа уште толку ни одзема на комуникација. Не се чувствувам слободно да и речам се од страв дека ќе се налути. Постојано сум воздржана пред неа.
Совет од неа никогаш не сум побарала-ако ми рече нешто добро, ако не здравје. За моите проблеми не можам да и раскажувам бидејки и да сум право ќе рече „ти си крива.“ И? Што да трошам зборови залудно кога одговорот си го знам?! Да си кажам за некоја моја амбиција или желба за понатака, ќе рече „еее, многу леташ ти, чекај смири се, ти не можеш тоа да го направиш.“ Мотивација никаква.
Татко ми е тотална спротивност од неа и со него односот ни е одличен, прекрасен.
Не е лоша личност, но карактените разлики не ни даваат да сме блиски како некои мајки и ќерки.
Знам дека ме сака и јас ја сакам неа, но можеме да имаме и подобар однос...
Аватар на корисникот
WhiteAngel

Жолто цветче
 
1546745
Мислења: 2104
Зачленет: 31 Јан 2011, 20:52
Локација: Таму некаде...во светот на принцезите од бајките
Слика

Keep calm, Shop and wear Heels!!

Мислење 11 Фев 2012, 01:38

Како и со татко ми,така и со мајка ми имам еден преубав однос.За првата љубов,желбите,идеите прво има дознаено таа...Поради страшното минато во моето семејство ме имаат учено никогаш да не се исповедувам на другарка туку на мајка таа никогаш тоа нема да го искористи.Ни се има десено да го поминеме целииот ноќ зборувајќи или кога ни е најтешко да отидеме во дискотека да се изнаиграме пивнеме и да си се вратиме како се да е нај нормално...
Dragana96

Фем почетничка
 
10
Мислења: 18
Зачленет: 04 Сеп 2011, 01:12

Мислење 16 Фев 2012, 20:50


Самото видео трогнува.Ова е вистински начин на покажување љубов спрема мајката....Исто би постапила и јас,кога мајка ми ја нема само пола ден.Не можам без неа,единствена НАЈДОБРА ДРУГАРКА,учител кој успеа да ми го покаже вистинскиот пат во лавиринтов на суровоста од животов,и пред СЕ` МАЈКА за која не постојат такви зборови на светот со кои би можела да ја опишам цела нејзина љубов,разбирање,верба и среќа.
Аватар на корисникот
LaDyDoLl

Сино цветче
 
254129
Мислења: 227
Зачленет: 05 Јул 2011, 21:44
Локација: My favourite place is inside your hug!
Слика

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter