ТЕМА: Спиењето кај децата

Мислење 18 Јан 2011, 02:16

Мајки барам совет и споделување искуства-кога треба да престане пладневната дремка на детето?
Јас имам 4 год. девојче, до пред неколку недели престана да преспива напладне, и се прашувам дали треба да ја форсирам да преспива.
Кога е дома- викендите или кога не е во градинка обично преспива 2-3 саати пред ручек, а во градинка не спие само си лежи иако станува рано.
Е сега кога напладне ќе преспие не е толку напорна, кенкава и раздразлива, ама навечер легнува околу 24 часот, а во спротвно околу 21 часот.
Моето прашање е дали 10-12 часа што ги спие ноќе се доволни за нејзиниот развој, со оглед на фактот дека не спие на пладне во градинка.Однапред благодарам.
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37055296
Мислења: 1589
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Мислење 18 Јан 2011, 10:35

Па колку што знам, на 4-годишно детенце му е потребно 11-12 часа сон, па ако толку преспива во текот на ноќта, сосема е доволно за неа. Може да и треба одмор во текот на денот, не преспивање, туку одморање, најчесто околу еден час. А ако заспие, сонот може да трае подолго време и со тоа се нарушува вечерното легнување. Знам дека спиењето е важно за одмор, бидејќи децата на оваа возраст се доста активни, ама придонесува и за имунитетот и отпорноста кон болестите. Ако може да издржи без одмор во текот на денот, притоа да си легнува порано навечер, мислам дека ноќното спиење и' е сосема доволно.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21653422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 19 Јан 2011, 01:13

Пладневното спиење е неопходно до 3 години, а после тоа зависи од детето дали часовите што треба да ги отспие ќе ги спие навечер или во 2 дела :) .
Моите престанаат да спијат преку ден на 3 години, кога веќе немаше смисла да ги легнувам преку ден затоа што прво се мачев да ги заспијам, па да ги разбудам, па навечер да ги заспијам.... пола ден во успивање и будење ни поминуваше. Вака им е многу поубаво.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 19 Јан 2011, 11:30

И јас го делам твоето мислење, пола ден се мачам да ја успијам, ја терав да спие со сила иако самата ми викаше- не ми се спие. А да не зборувам за ноќното успивање ако преспиеше на пладне...
Сега напладне ја успивам само ако треба да одиме некаде, пр. на свадба, за да може да издржи.
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37055296
Мислења: 1589
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Мислење 24 Јан 2011, 20:05

Ако детето чувствува потреба за сон самото ќе си заспие, нема потреба од никакво форсирање -мое мислење.

Мојот син е 2 год. па некогаш се случува преку ден да не преспие, вообичаено наредниот ден ќе стане подоцна 1-2 часа, и со тоа ќе надомести во спиењето.
Аватар на корисникот
rainlover

Сино цветче
 
200129
Мислења: 445
Зачленет: 23 Јун 2010, 22:59
Breath. Let go. And remind yourself that this very moment is the only one you know, you have for sure.

As you become more clear about who you really are, you'll be better able to decide what is best for you - the first time around.

Мислење 25 Јан 2011, 04:35

малото мое има проблем со спиење , мн малку спие навечер се буди околу 5 и до 10 дома е како да е сред бел ден во 10 заспива (отприлика). Значи ноќе пред спиење му давам да јаде млеко ( не е гладен ) бањат е , пробавме со сопругот да не му даваме да спие многу преку ден ама кога му се спие заспива и наопаку да го свртис спие како трупче....

дај помагајте како да правиме јас си пореметив ден за ноќ....

чаеви , музика , се пробавме ама џабе


Фала мајки .......

Искрено една повампирена мама на 13 месечно бебе.....

заборавив да напишам дека и легнува околу 1 навечер.......
Аватар на корисникот
rjgdm

Фем почетничка
 
1812
Мислења: 42
Зачленет: 14 Дек 2009, 04:59

Мислење 25 Јан 2011, 10:33

Па мислам дека не треба да го оставаш,да спие преку ден. Играј го закачкај го направи се што треба за да не заспие, во тој случај ке нема друга опција освен да спие преку ноќ кога спијат мама и тато.
Ова го кажувам бидејки го имам видено на дело, кај една моја братучетка.
Аватар на корисникот
Symona

Бело цветче
 
497
Мислења: 94
Зачленет: 25 Дек 2010, 18:42
Што јас можам да направам со една насмевка, дури ни најмоќните мажи не го можат тоа ни со плачење
Слика

Мислење 25 Јан 2011, 15:23

rjgdm напиша:малото мое има проблем со спиење , мн малку спие навечер се буди околу 5 и до 10 дома е како да е сред бел ден во 10 заспива (отприлика). Значи ноќе пред спиење му давам да јаде млеко ( не е гладен ) бањат е , пробавме со сопругот да не му даваме да спие многу преку ден ама кога му се спие заспива и наопаку да го свртис спие како трупче....

дај помагајте како да правиме јас си пореметив ден за ноќ....

чаеви , музика , се пробавме ама џабе


Фала мајки .......

Искрено една повампирена мама на 13 месечно бебе.....

заборавив да напишам дека и легнува околу 1 навечер.......

Прво имам една забелешка околу хранењето, викаш јадело а во заграда пишуваш дека пиело млеко. За промена пробај околу 20-21:00 навечер да му дадеш да јаде палента, макарони или гриз, а кога ќе го заспиваш значи околу 21:30 дајму шише со млеко. Во собата бидете вие двајца и немора да биде темно, направи му пригушена светлина, за да може да те гледа и раскажувај му приказна, или чешкај го по грпчето. Е сега сеуште е мн мало за да спие цела вечер. Може да се разбуди околу 3 сабајле и дај му шише млеко. Јас вака со ќерка ми правев, и искрена да бидам до 3 години се будеше околу 3-4 сабајле. Мислам дека се зависи од детето. Поздрав.
Аватар на корисникот
nesa

Зелено цветче
 
841900
Мислења: 679
Зачленет: 23 Јул 2010, 14:08
Локација: Al Ain
Слика
Слика

Мислење 26 Јан 2011, 07:38

Symona напиша:Па мислам дека не треба да го оставаш,да спие преку ден. Играј го закачкај го направи се што треба за да не заспие, во тој случај ке нема друга опција освен да спие преку ноќ кога спијат мама и тато.
Ова го кажувам бидејки го имам видено на дело, кај една моја братучетка.

пробано верувај кога му се спие кога ќе заспие го закачаме , го миеме лицето со ладна вода ништо не помага, еве пак заспа во 5 сабајле а спиеше само 1 саат преку ден !
Аватар на корисникот
rjgdm

Фем почетничка
 
1812
Мислења: 42
Зачленет: 14 Дек 2009, 04:59

Мислење 26 Јан 2011, 10:32

помести му го бањањето за еден час покасно (всушност види дали тоа го расонува или успива,па според тоа бањај го).од искуство со мојот син знам дека за било каква промена се потребни 3 дена(период на навикнување). Среќно
п.с. доколку не работиш и си дома пробај и ти да легнуваш да спиеш кога спие и детето.
Аватар на корисникот
AIT

Сино цветче
 
469640
Мислења: 446
Зачленет: 20 Јан 2011, 17:40
Слика

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter