lolyta777 напиша:Ме интересира на која возраст почнавте сами да ги оставате децата да спијат во соба во текот на ноќта.
Имено ќерка ми се` уште спие со нас во соба, ама на посебен кревет, и летово т.е. пролетва сакам да почнам да ја учам да спие сама. Има 5.5 год. и од септември ќе почне да оди на училиште и до сега ниедна ноќ не преспала без нас т.е. без некој возрасен (со мајка ми или со сестра ми спие кога е кај нив).
Проблемот е тоа што сакам да ја учам да биде самостална, а од друга страна некако и страв ми е да ја оставам сама да не падне од кревет, да не се чукне, да не се исплаши, да не се отскрие во текот на ноќта па да и` биде ладно итн.... навистина сум во голема дилема.![]()
Од друга страна со мм зборувавме дека е време сама да почне да спие (нормално ќе и` биде отворена врата од детска соба и од кај нас и плус планираме да и` ставиме и столна ламбичка) ама свеки се мести да спие со неа.
Значи буквално се мести и се меша во нашата одлука (иако и ние се` уште не сме сигурни како да постапиме) и без да се консултира со нас и вика на малата -баба сега да се стопли и со баба сами ќе си спиеме во соба, ќе го оставиме дедо ти.
Мене ме фаќа нервоза не само поради тоа што се меша во наши одлуки и од сега и` ја полни главата на ќерка ми дека ќе спие со неа, туку ме нервира и тоа што во текот на сите овие години ниту една ноќ не се понудила да спие со неа од причина што малата се будеше во текот на ноќта, па следеа одвикнувања од ноќно будење и мочкање и сега кога таа ја преспива ноќта што би се рекло како трупче без да мрдне сега ќе спие со неа....а ниту една ноќ не ни рекла да ја земе кај неа, ниту кога сме биле болни или јас или маж ми ниту пак кога сме биле преморени, после неколку недели и месеци ноќи не преспани....Сега свекор ми се буди навечер (не можел да спие и и пали ТВ и неа ја буди), па ајде сега свеки се мести пак како неа и` одговора на г*от....стварно се извадив од такт.
Како да постапам... дали извесен период да им дозволиме да спијат заедно (иако тоа свеки го прави од егоистички причини
![]()
) или пак да спие со мене па после некоја ноќ сама? ...или пак ако спие со мене може да се навикне со мене да спие и после и од тоа да се одвикнуваме.
![]()
Секој совет би ми помогнал.


Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости