Мојата малечка има 4 години и до сега немала никаков проблем со забите. Секоја вечер ги миеме со паста, а за викенди и наутро (тато нема време да и ги измие преку недела пред да одат во градинка). Вчера прв пат ја однесов на преглед кај стоматолог. Сакав да и ги погледне, да види дали е се ок, а и мислев дека е подобро првата посета на стоматолог да биде пред да се појави некој проблем со забите отколку да се истрауматизира детето, одма да му се работи и да му се поправа. Ќерка ми ме изненади, мислев дека ќе биде исплашена, ама толку беше мирна и послушна, одма си седна на столот и си ја отвори устата без докторот да и каже Ми се допадна тоа што докторот прво и направи муабет, каде оди во градинка, учителки кои се, со што си игра, ја опушти малце па после ја однесе во ординацијата. Имаше прекрасен пристап. Најважно од се е што забите и се супер, нема кариес, непцињата исто така во ред, сите заби се на место (нема искривување) и супер бели и се. Значи, мама завршила добра работа што секој ден ја потсетувала да ги мие убаво и правилно забите. И подарија нова четка за заби затоа што била многу умна. Ме интересира кога за прв пат ги однесовте вашите малечки на преглед кај стоматолог? И како поминавте?
И јас прв пат ги имам однесено на 4-5, не можам да се сетам точно кога. Добро поминавме, без страв. Јас и претходно и кажував дека многу е важно да се посетува стоматолог, а воопшто не станало збор за страв. Сега веќе има 8 години, и ги залеваа 6-ките, еден заб веќе и пломбираа, ама немаше никаков проблем.
Син ми првпат го однесов и јас на 4-5 год.,релативно добро поминавме,јас претходно многу му зборував и го припремав.Сега редовно одиме и немаме проблем. А со ќерка ми,друга приказна.Почнав да ја носам многу мала,на 2 год,имаше циркуларен кариес,и се ронеа запчињата,па многу ја болеа.Не можев да и објаснам,многу беше мала и многу маки видов со неа и нејзиното одење на забар.Плачки,држење со сила,многу тешко беше.Се препотувавме и јас и она на секое одење. Сега е друга приказна.Запчињата,тие расипаните ги сменивме со трајни,редовно одиме и нема проблем.Многу ни е погодена и докторката,знае како со деца и многу ја сакаат.Тоа е многу важно,им објаснува што прави,па брои до 3 и престанува со машинката.И веруваат,тоа е најбитно.
Би сакала да те прашам нешто во врска со оваа тема, бидејќи претпоставувам си имала сличен проблем. Имено син ми има 5 години и гоооооооолем проблем со забчињата, уствари проблемот е што нема забчиња, сите му се изронети. Претпоставувам дека новите заби ќе бидат добри, но дали треба да превземам нешто превентивно, според мене ако досега имал проблем голема е веројатноста и сталните заби да бидат проблематични? фала
Многу е голема веројатноста и трајните заби да бидат проблематични, не само лесно да се расипуваат, туку и неправилно да растат, па да бидат збиени, иако не мора да значи. Плус ќе растат во нездрава средина, каде што млечните заби се расипани или ги нема. Мој совет е веднаш да го однесеш на стоматолог, да се види што може да се направи да се зачува местото за трајните заби. И штом излезат првите трајни заби (6-ки) да се преземе се што е можно за нивно зачувување и превенција на кариесот.
Имаше некоја програма преку градинка као сите да ги однесеме децата на стоматолог. Тогаш имаше тој 3год и не го однесов. Сметав дека е суште мал и не разбира (иако редовно ги миеме забите) и несакав да го истрауматизирам за да после си имам мака. Блиска пријателка е стоматолог и ми кажа дека прво треба да разговараме по дома да му објаснам што е тоа и зошто е тоа. И на нет наоѓав некои интересни снимки и му пуштав со цел да му доловам некоја слика. На 4 год и некој месец го однесов првпат. 2 пати само седнуваше на столчето и отвараше уста за да третиот пат веќе пломбираме заб (иако млечни заби не се пломбираат и као се ставаат некои си пломби на водена база... неопходно беше зашто почна да го боли забот. Мада млечни заби не болат ама тој се жалеше на болка или само беше радознал .
секако дека треба на стоматолог. да отидеме, ма некое искуство ако се може .. кај керка ми која има 6 годинки.. ги смени долните две запчинја но .. пред некој ден забележав флекичка.. на нив како пожолти.. нз. дали е некој недостакот на исхрана .. ја одведов на стоматолог но рекоа дека не е кариес. оставивме да израснат убаво.. но ме фака страв од што може да биде ги миеме . по 2 пати дневно некогаш и 3. во зависност .. дали јаде повекето чоколадо.. .. дали треба флуор. или нз што за појачуванје на забите ако не е доцна.. нз. јас имма убави заби.. бели постарата керка исто и таа. бели убави.. само кај мажот ми неккао. се.. по жолти ама тој е пушач за да биде наследно Ч? Ч!. ке ве молам за некое искуство . еве сега забелезав дека .. има и од внатресната страна .. утре обавезно ја носам на стоматолог . но сакам некој од искуство да ми .. помогне овде далие некој недостаток.а да ке заборавев млечните заби и се сеусте здрави и бели значи нема кариес..
Јас се сеќавам на мојата прва посета на стоматолог. Леле ужасно беше! Бев да го извадам првото запче,арно ама јас уште од тогаш гадлива сум си била. Да ми чепка некој во уста.. ШТО? Нема шанси. Но тогаш морав,некако мајка ми ме убедила (не се сеќавам како точно), и отидовме на забно. Седнувам јас на столчето цела преплашена,сум ја фатила мајка ми за рака и не ја пуштам да не ми избега. И ајде некако ме убедија да ја отворам устата, ми го извади запчето, ама многу почна крв да ми тече и мене ми се згади бидејќи цела уста со крв ми се наполни. И си се навалив да си плукнам во тоа, како се вика незнам, знаете за што зборувам кога наеднаш ми дојде нагон за повраќање, и неможев да издржам и морав да повратам. И докторката почна да ме кара зошто така сум направила, сум и го запушила тоа..за плукање. Многу ме искара Јас како да сум сакала да и повратам... И од тогаш имам страв малку од заболекари, и другите запчиња ми ги вадеше баба ми со конец. Ќе отидев кај нејзе на гости, ќе ме седнеше на едно столче кај неа позади куќа, под една слива.. Ќе намота конче околу забот и ќе повлече. И јас одев потоа да се фалам на мајка ми и тетка ми дека не ме болело.
Внучето имаше проблем ради кој мораше од самото израснување на забите да се носи на стоматолог. Односно имаше деформитет, стручно сега незнам да кажам, имено на местото на првиот заб од еден корен му израснаа два заба. Значи имаше визуелно три единици. Но втор заб, односно двојка немаше, нема ни корен. Се плашевме како ќе биде кога ќе дојдат на ред трајните заби. И сега како со толку мало дете да се објасниш? цела среќа што детето беше и сеуште е многу разумно и со разговор можеш да му објасниш и да се договориш. Првите неколку пати кога ние возрасните одевме на стоматолог го носевме и него само да гледа (и се смеевме како демек леле колку е убаво овде ). Понатаму на секое одење купувавме некое поклонче, нешто што тој сака боички, сликовници, колички и слично, тоа се работи кои и онака би му ги купиле, па и го дававме на докторката па она да му го даде, демек од неа дека бил умен. Него му беше посебна гордост ете он колку е храбар и издржува и си добива поклон, а тие децата други на другите столици што вриштеа и плачеа за нив нема . Но многу е важен и приодот на докторот, како ќе му пристапи.
Денеска бевме за прв пат на заболекар со малата *21месец*! Има 16 забчиња и решивме да ја однесеме и неа со нас на редовен преглед. Беше мирна, седеше кај татко и во скут, ја отвори устата убаво .... докторот и ги прегледа забчињата и супер . Забчињата се супер , да продолжиме понатака со миење два пати дневно . Нареден преглед за 6 месеци
Блазесиви децата како ви седат мирни , ова моево не ми дава заби да и мијам а на стоматолог па мислам ординацијата ќе ја дигне во воздух
Браво за сите мајки што ги носеле децата уште пред да се јави некаков проблем, децата да се запознаат со стоматологот во пријатна ситуација, без да ги боли некој заб и без да се врши некоја интервенција. Јас би ви дала уште една идеја, да ги носите децата со вас кога вие одите на забар. Децата учат преку гледање, и ако ве види вас дека одите на забар со некаква болка и после забарот ви помага да помине таа болка ќе знае дека таму е место каде што ти помагаат, а не дека малтретираат луѓе... Секако доколку можете да останете смирени за време на процедурата. Ако и родителот има страв или би викал од болка додека е таму, тоа секако дека не е добро да го види детето. За разлика од педијатар, каде што даваат инекции и детето не осеќа моментално олеснување од температурата, кога ќе оди на забар со болка после си оди дома со решен проблем. И стравот од стоматолог често потекнува од родителите. Не кажувајте хорор приказни пред децата, како болело додека стругал стоматологот, колкава инекција ви ставил. Дури и ако раскажувате на некои пријатели, детето ве слуша. Ако е доволно големо да запамти, тешко дека ќе го убедите после дека на забар не е страшно. Најдете си стоматолог кој ќе сака да работи со детето. Ако не сака да влезе во ординацијата, нека седи во чекалната. Докторот или сестрата нека и ги покаже инструментите што ги користат, огледалцето за да видиме колку се убави запчињата, и пинцетата/штипката за да го фатиме црвчето што го изело запчето. Следниот пат нека ја научат како е правилната техника за четкање на забите на пример, значи неколку пати да доаѓа без да има било каква интервенција. После може да пробаат со залевање на запчињата, за тоа нема никакво стругање на забите, а на крај може да и се покаже дека нешто и било направено на запчето, а не болело воопшто. Сега има и залевачи во разни бои, нека и дадат сама да си избере каква боја сака да и биде. Ова се само неколку идеи како да почне работата. Најбитно од се е детето да го засака стоматологот и да му верува. Да биде тоа чичкото што му ги поправа запчињата, а не докторот со машината што боли.
моментално слушам за децата и стоматолог... за да не се плашеле децата во градинките требало да ги посетува стоматолог и да им покажува четки,на "вештачки заби" да покажува четкање и тие ќе го прифателе затоа што бил на нивна територија. Да им читале приказни како оде некој на заболекар како оди прегледот,разговорот помеѓу мајката и детето,зада тие не се плашат и пред да седнат на столот да седне родителот и демек му ги прават забите да "забрмче" машинката за заби и потоа да се смее родителот всушност тоа да биде глума за правење заби за детето да не се плаши и да има т.н. херој(ка). И да велиме дада,мама,тато,бато одат на заболекар,не е страшно, не боли може само малку доколку многу боли да дигнете рака и да издржете колку што можете---да ги охрабруваме...за да тие не се плашат и да можат да бидат истрајни
Многу е битно уште кога првото забче ќе никне да се почне со миење . Прво со вода само после и со паста. Ние имаме убава четкичка и секое утро и секоја вечер миеме обавезно заби. Прво сама ги мие после јас . На забар ја носам редовно со мене, го знае докторот ...знае што прави Имаме и убава книга
Можеби не е најдоброто место, но ми треба совет. Ќерка ми е година и три месеца, лани летото и излегоа прво двете единици доле, а потоа почнаа и горните, но доле останаа само тие две запчиња. Е овие денови почнуваат да излегуваат други запчиња доле, но непцата и се многу отечени, а денеска и беа модри. Испаничив и не знаев каде да се обратам дали кај педијатар или на стоматолог. Се јавив на педијатарот ми рече не е страшно и дека нема потреба да ја види. Ме смирува тоа што не плаче туку си е палава како секој ден, но сепак не сум спокојна. Некое слично искуство или совет?
носи од тие ланчињата што се купуваат во аптека за период додека растат забчињата?? Може да се јавиш на заболекар не е срамота,затоа што вчера имаше емисија за првата посета на стоматолог и кажаа дека убаво било да се носи детето уште првото забче кога ќе излезе.
Благодарам, секако ќе ја однесам на стоматолог. Инаку сите запчиња до сега и излегоа без никакви проблеми, ни температура немаше, а сега и излегоа дури 5, од тоа се појавило модрилото. Сега е се во ред.
Не станува збор баш за прва посета на стоматолог ама имаме голем проблем со забите. Син ми има 5 ипол годинки и сите заби му се распаднати. И горе и долу и катници и предни заби и се... Не знам дали има 50% од запчињата. До сега се што сме биле кај стоматолог се ми кажуваат дека не можат да му ги извадат бидејќи млечните заби не се ваделе за да можат трајните „да го најдат патот“. Во било каква ситуација се чекало да паднат сами. Се е ок и разбирам ама на единиците му се прават гнојни кеси и тоа најгоре од непцето. Му ги имаат стискано гнојните кеси два пати и пак се полнат. Сега почнав да забележувам нерамнина на местото каде што му се прават гнојните кеси, како да е нерамна коската. Нон стоп местото го боли еве веќе цела година а ни еден стоматолог не празема ништо. Многу ми е страв да не му останат некои трајни последици за другите запчиња кои ги чекаме Се плашам затоа што запчето не го боли туку коската над забот т.е. повеќе накај носето. Сте имале ли вие некое слично искуство?
Мoже ли некoјa мaјкa дa ми препoрaчa дoбaр детски стoмaтoлoг вo Скoпје, не е вaжнo кaде сaмo дa е oрдинaцијaтa зa децa. Време ни е зa прв преглед. @Annath некoјa препoрaкa?