ТЕМА: Родителите и зависностите

Мислење 02 Фев 2012, 01:28

Не ми текнуваше како на друг начин да го преформулирам насловот.

Речиси половина и повеќе од луѓето имаме зависности дали позитивни или не, тоа е индивидуално.
Темата ми беше за зависностите што негативно резултираат на здравјето, околината.Од типот на алкохол, цигари или евентуално дроги.

Еве тука можат да се искажат пример пушачите.
Дали родителите знаат дека пушите?
Дали ве ‘фатија‘ или им кажавте дека пушите?
Како реагираа? Викаа, следеа лекции, казни..

Наместо пушачите, тие што конзумираат марихурана, или тие што се љубители на алкохолот што почесто во друштво го конзумираат.
И тука следат истите прашања од горенаведените.

Ако темата не поттикнува дискусија, заклучете ја.
Аватар на корисникот
innablood

Зелено цветче
 
944425
Мислења: 748
Зачленет: 23 Фев 2011, 14:01
Локација: фреквенција на љубовта.

Мислење 02 Фев 2012, 01:59

леле татко ми е зависен од кладилница, кладење со ливчиња, трки на кучиња (увек става на пинчери и фатил повеќе пати :rofl: ) само тоа е

Eве, за моите зависности иако не е тоа темата- Kафе и цигари
и обавезно грепки, сега и лото па и бинго

:)

edit-Cега видов поубаво

да да, моите знаеја дека пушам... :)

други зависноти како алкохол или недај боже дроги тоа HE!
Аватар на корисникот
ludoto19

Жолто цветче
 
50064068
Мислења: 3958
Зачленет: 01 Мар 2010, 05:05
Локација: South Park,во кревет со Butters :)))))))
I'd Rather Go Naked Than Wear Fur

Мислење 02 Фев 2012, 02:11

Најгрозна зависност ми е пушењето, ама ваљда немам желба (читај доволна) да ги оставам цигарите Пушач сум скоро 2 години, моите знаат ама никогаш не пушам пред нив. Не можам, незгдно ми е :tmi:
Тие знаат ама се прават дека не знаат, не ме фатиле, ниту сум им признала ама наоѓале ,,туѓи‘‘ пакли по фиоки :lol:

Кога имам потреба а тие се дома, излегувам надвор или одам на гости :) Иако тоа е ретко, освен ако не сум излегла од дома неколку дена (причина испити :D)

Друга зависност - кафе, тука нема некој проблем :) а и можам да издржам 2-3 ајде и 4 дена без кафе :)
Аватар на корисникот
Springy

Сино цветче
 
230794
Мислења: 237
Зачленет: 22 Окт 2010, 23:00
Локација: микрокосмос
Догорчиња од цигари, згужвани мисли на подот и пластична насмевка, извиткана од пречеста употреба.

Мислење 02 Фев 2012, 02:16

за цигарите- Hе кратко и јасно Hе, не планирам да ги оставам!
уживам во нив, татко ми знае да ме закара, многу пушиш, поготово периодов со сите околности сум знаела и до 2 кутии да отидам.

едноставно уживам, и ниедна кампања не допрела до мене, ниедна слика, ни најмалку не се припотресувам :)
Mожеби на почетокот да, ама веќе ич ама ич. ќе ги оставам само кога ќе бидам бремена, и после пак на старата навика
обожавам цигари, јак порок ми се, еве сега ќе запалам една :D
Аватар на корисникот
ludoto19

Жолто цветче
 
50064068
Мислења: 3958
Зачленет: 01 Мар 2010, 05:05
Локација: South Park,во кревет со Butters :)))))))
I'd Rather Go Naked Than Wear Fur

Мислење 02 Фев 2012, 02:22

Јас ги оставав неколку пати, ме маваат некои филмови од време на време, (може оти околу мене повеќето се непушачи) ама не ги оставив. Пијам кафе и не ми иде без цигара бе! Не иде и не! Посебно не сега кога ги открив ронхил ментол, ах
Аватар на корисникот
Springy

Сино цветче
 
230794
Мислења: 237
Зачленет: 22 Окт 2010, 23:00
Локација: микрокосмос
Догорчиња од цигари, згужвани мисли на подот и пластична насмевка, извиткана од пречеста употреба.

Мислење 02 Фев 2012, 02:25

Што пушачишта ќе не имало, ццц :lol:
Знае дека пушам, еве веќе трета година!
Сама и кажав, мајка мие полицајско дете, ма немаше шанси да не ме открие, и затоа јас паметно самата си кажав :D Ништо не ми рече, дека и она е страствен пушач, али имаше кисела фаца, како, не и ти :doh:
Не, и јас не планирам да се откажам, ама НАМАЛУВАМ :!:
Тоа е битно ;)
Пушам пред неа, не се кријам во никој случај.
Дрога фала богу не конзумирам, а за тој еден експеримет со марата ни мртва не планирам да и кажам.
Ма два дима на 18 години, каде реално уште летав високо со мозокот, не се ни во споредба со тоа што може мајката да го направи. Трагедија. Тоа беше прв и последен пат, колку да се каже дека сум прбала, бидејќи мислев дека кузнај што е. Веќа фала не, сум одбила 100 пати.
Не пијам многу, мислам здраво е да се пие, по малку винце.
Аватар на корисникот
Hipster

Жолто цветче
 
18401479
Мислења: 1565
Зачленет: 08 Јул 2011, 20:21
Локација: Свирипичино!
If you don't get why by now, pal, you ain't ever gonna get it.
Frank Sinatra :music:

Мислење 02 Фев 2012, 02:53

Моиве дома којзнае за колку поштена ме мислат :D

Ниту пушам, ниту ме приметуваат пијана кога се враќам дома, третиот порок па ич :)
Додуше, пред некоја година мајка ми ме фати доста пивната, до толку што по грешка
Скриен текст: покажи
ја бацив во уста :D :$
. И ништо, ама баш ништо не ми кажала за тоа. Инаку, секогаш многу вешто сум успевала да се пикнам во соба или ве-це и така ништо да не приметат.

Кога еден ден би пушела, нема да им биде драго, но нема ни да се кријам, а и ако слушам многу бунење ќе ги потсетам какви страствени пушачи се самите, особено мајка ми.
Аватар на корисникот
femina90

Жолто цветче
 
1659813
Мислења: 3582
Зачленет: 25 Дек 2009, 01:21
Локација: Скопје
Not every brigde wants to be crossed :)

Мислење 02 Фев 2012, 14:50

Јас бев прилично зависна од цигари, еден ден без кутија не ми поминуваше, ама за среќа се освестив, па ги намалив. Сега издржувам и по неколку дена без да запалам... и ок ми е. :) Инаку моите знаат, ме фатија еднаш одамна и ме караа малку, ме советуваа секој ден дека било лошо итн итн, но дека на крајот на краиштата тоа е мој избор. Сепак пред нив избегнувам, непријатно ми е и до ден денес.

За алкохолот... па ме фатиле неколку пати малку повеќе пивната, одржувањето лекции секогаш следуваше другото утро, прво ме оставаа да се освестам. :D Ама и тоа ми се случува доста ретко, во последно време па ич.

А она најлошото-никогаш... Самата сум свесна без никој да ми кажува.
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
14761377
Мислења: 3086
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 02 Фев 2012, 15:07

ludoto19 напиша:Mожеби на почетокот да, ама веќе ич ама ич. ќе ги оставам само кога ќе бидам бремена, и после пак на старата навика
обожавам цигари, јак порок ми се, еве сега ќе запалам една :D

Лелее како самата да сум го пишувала ова . И така е останав бремена и не запалив цигара . сега како се ближи крајот ме фака некоја криза и се мислам дали да продолжам после бременоста со пушење ама подобро НЕ

Иначе од пороци цигарите ми беа и моите ме знаеа Пошто и мајками е пушаЧ Не и беше сеедно ама прифати :D . алкохол ретко само на искаЧања ама во одредени колиЧини .
Аватар на корисникот
MacenceEna

Сино цветче
 
588700
Мислења: 295
Зачленет: 08 Дек 2010, 22:48
Слика

Мислење 02 Фев 2012, 16:28

И јас се приклучувам на зависник од цигари! :D
Не бре зависник, многу груб збор е тоа за моето конзумирање на цигари.
Можам да издржам и неколку дена без цигари без проблем, не ме фаќаат никакви кризи еве баш периодов се случило неколку дена да не излезам надвор пошто учам и немам потреба од цигара.
Значи не сум до толку страствен пушач, али кога ќе се заредам знам да се заборавам, кога ме фаќаат некои флешеви во глава па да се издувам. :D

Е сега за моите родители.
Мајка ми и брат ми знаат дека пушам, пред брат ми сум пушела, пред мајка ми сеуште не. Татко ми за сва среќа сеуште не знае дека пушам. Малце е тежок по тоа прашање. :D
Мајка ми ме фати на дело дека пушам во 2ра година, ме начека како џиткам цигара и така дозна. Па имав некоја апстиненција тогаш од 20 и кусур дена, ама попуштив под притисокот и пак запалив. Сега немам проблем со тоа. Она пак им се врати на цигарите, си чурка по 2-3 на ден, знае некогаш да ми побара кога нема, знае упаљач да ми побара, брат ми такоџе.
За алкохолот се случило малку дрмната да се вратам дома, ништо страшно. А чудно, веднаш се враќам во нормала кога ќе го здогледам татко ми. :D Тогаш ни се клатам, ни се смеам ко печена.
Дома за празници кога сме сите заедно на трпеза ќе ме понуди со чаша вино, но последнава година и пол одбивам да се напијам и чашка што не беше случај со мене во моите луди зелени години. :)

Мара имам 2 пати пробано, од љубопитност сум пробала и на тоа сум останала. Неколку димчиња биле, не цел кец. :D
За ова немам кажано на никој од родителите и немам зашто, кога останало само на еден мој пубертетски експеримент. ;)
Аватар на корисникот
LilBaby

Жолто цветче
 
16252810
Мислења: 1364
Зачленет: 11 Мај 2011, 17:01
Локација: Венера.
It's easy now to see that we were always meant to be ...

Слика

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter