ТЕМА: Слободните активности на вашиот ученик!

Мислење 22 Сеп 2011, 21:40

Како го минува слободното време вашиот ученик! Дома пред компјутер и ТВ, во двор со другарчињата, цел ден учи, посетува некој курс, спортува или има неорганизирано слободно време?

Која е идеалната возраст за едно дете да започене со свои слобдни активности (курс, спорт...) и кои би биле тие активости (јазик, часови за танцување, музичка школа, спорт, информатика...)

Дали изборот за активноста треба да ја направи самото дете или родителот кој знае што е најдобро за своето дете? Што ако се судрат интересите на детето и желбите на родителот?

Дали е подобро детето да посетува колку е можно повеќе курсеви, тренизи и сл. или е попаметно да се насочи кон активноста која најмногу му ,,лежи,,!

Која е користа од слободните активности за децата во школска возраст? Дали е подобро да си го живеат детството па кога ќе потпораснат (пр. на 10 години) да се насочат кон активност за која покажуваа дарба, или е попаметно од помала возраст да имаат повеќе активности и обврски за да имаат организирано и правилно искористено време!

Ајде мамички, кажето го вашето искуство и мислење во врска со темата! Сигурно сите го посакуваат најдобриот развој на своето дете, а слободните активности влијаат доста врз изградувањето на личноста на детето, и воопшто врз развојот на детето! Би било од корист ако и другите феминки изнесат мислење во врска со темата!
Аватар на корисникот
mina

Жолто цветче
 
484136
Мислења: 1260
Зачленет: 22 Ное 2009, 16:56

Мислење 22 Сеп 2011, 22:37

За жал кај нас нема многу активности кои можат да ги практикуваат децата од предучилишна возраст, па слободните активности почнуваат најчесто со почетокот на училиштето, или евентуално една година пред тоа.

Мислам дека убаво е децата да одат на повеќе различни активности, барем на моите тоа им го посакувам. Со секој спорт се развиваат одредена група мускули повеќе од другите, а и така ќе научат повеќе спортови. Сепак не мислам многу да им се мешам, мое е да им дадам предлози, а нивно е да одлучат.

Сега ги запишав на пливање. Идејата беше моја, затоа што јас многу сакам да пливам, а и затоа што сакав и јас да пливам во истиот термин за да можам да го искористам времето додека ги чекам за нешто попаметно од пиење кафе. Тие ја прифатија идејата, но ако во одреден момент решат да престанат - ќе ја почитувам нивната одлука.

Сега децата поинаку растат од времето кога ние растевме - по улици, сите посетуваат некакви активности, и таму се дружат. Јас сум за активности со движење - спорт или танцување. Всушност ќерката ја запишав во прво одделение на играорна, ама многу се разболуваше, па престана да оди. За јазици и слично не сум, барем не на оваа возраст бидејќи во целодневна цел ден се во училница, и им треба движење. Кога ќе почнат сами да шетаат можеби би ги запишата на некој јазик, или друга слична активност.

Една активност дневно е повеќе од доволно, дури и многу е да имаат активности секој ден. Јас не би започнала со повеќе од една активност во едно полугодие, па и една годишно е доволно, затоа што нема потреба. Има време кога да научат се што треба и се што сакаат.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 26 Сеп 2011, 00:50

Иако не сум родител ќе се изјаснам(ми тргна со темиве)
Која е идеалната возраст за едно дете да започене со свои слобдни активности (курс, спорт...) и кои би биле тие активости (јазик, часови за танцување :dance: , музичка школа :music: , спорт, информатика...)
-Зависи од самото дете и колку е тоа склоно кон нештото, дали е темпераментно, на пример ако од мало е доближено со музика, спорт самото ќе пројави интерес ама над 6 години е најидеално според мене за започнување што било од слободна активност. Значи тука не ги вбројуваме активности од типот друштевни игри(одење во градинка), игри со коцки итн.

Дали изборот за активноста треба да ја направи самото дете или родителот кој знае што е најдобро за своето дете? Што ако се судрат интересите на детето и желбите на родителот?
-Најдобро е самото дете да го направи изборот зошто тоа ќе се занимава со тоа, а не родителот, така да ако е такаречено присислно запишано ќе му се одмили и нема да го прави со желба, ако се судрат(што е многу можно) пак нека биде на волјата на детето или нека оди и на двете, сепак секој родител потајно го гледа неговото дете некако, ама активностите најдобро да си ги одберат самите деца со дозвола од родителите.
Дали е подобро детето да посетува колку е можно повеќе курсеви, тренизи и сл. или е попаметно да се насочи кон активноста која најмногу му ,,лежи,,!
-Секако дека треба да се насочи најмногу кон таа што му лежи најмногу, ама ако тоа има афинитети(секако кога ќе е на поголема возраст) кон повеќе работи, зошто да не посетува повеќе, ама тоа да не му пречи во останатите обврски, да има време и за одмор и за дружба и за школо.
Со посетување на курсеви што му лежат помалку се надоградува во повеќе области плус спортските тренинзи се важни за развојот и се на некој начин рекреативни и ќе му овозможат да ја истроши енергијата, а и ако се е усогласно со време и денови нема да му представува никаков проблем и 3 курсеви да посетува, ама со самата поголема посетеност на курсевите неговите обврски се зголемуваат па може и да му биде напорно. :tmi:
Која е користа од слободните активности за децата во школска возраст? Дали е подобро да си го живеат детството па кога ќе потпораснат (пр. на 10 години) да се насочат кон активност за која покажуваа дарба, или е попаметно од помала возраст да имаат повеќе активности и обврски за да имаат организирано и правилно искористено време!
-Убаво е да имаат обврски и активности од мали, ама до 10 годишна возраст на пример повеќе да бидат насочени кон слободни активности, друштевни игри, логички игри, прошетки во природа, играње во природа, па после постепено да се запише некаде, имам некаде читано дека идеална возраст за започнување на некоја професија(на пример за еден ден да биде успешен фудбалер или свирач на виолина или каратист) е токму десет годишната.
Родители ви посакувам успешно воспитување на вашите деца. :up: :)
Аватар на корисникот
Lux

Жолто цветче
 
19511968
Мислења: 4449
Зачленет: 27 Ное 2009, 16:41
Локација: Право па криво...
Слика
Слика

Мислење 26 Сеп 2011, 01:04

Ariel напиша:
Сега ги запишав на пливање. Идејата беше моја, затоа што јас многу сакам да пливам, а и затоа што сакав и јас да пливам во истиот термин за да можам да го искористам времето додека ги чекам за нешто попаметно од пиење кафе. Тие ја прифатија идејата, но ако во одреден момент решат да престанат - ќе ја почитувам нивната одлука.


Ариел ме интересира каде одите на пливање. Ова со дабл ефект, и за мама и за детето, е многу убаво. Јас истото го планирам, но незнаев дека е остварливо. Ева одеше на пливање од 4 год. и беше повеќеод супер за нејзе, се додека (како и се друго кај нас) непочна да се реновира базенот Карпош, па се префрливме на Олимписки. Таму луѓето водени од желбата за брза заработувачка и користејќи го монополот ( не и условите кои ги нудеа ...работеше само малиот базен), почнаа секојдневно да измислуваат и изнудуваат се поголеми влезници. Најпрвин беше 800 ден. за клубот и секој влез по 50 ден., за да денес таа цена изнесува 900 ден. за клубот и влезница од 120 ден. :o
Аватар на корисникот
sanjaeva

Зелено цветче
 
885419
Мислења: 766
Зачленет: 03 Фев 2011, 01:37

Мислење 26 Сеп 2011, 13:54

^ Убаво е, ама скапо :)

Во Карпош одиме, сега нели под управа на Борис Трајовски дооел.
Месечно чини 2000 ден по лице, а може да се оди секој ден освен недела, само во одередено време, а термините почнуваат на секој час, од 17-20 часот. Во некои од термините има повеќе гужва, особено во 19.00, а во другите е полабаво.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 29 Сеп 2011, 15:42

значи нај добро е да се следи интересот и желбата на детето,да не се форсира во нешто што не го интересира.јас лично сакам за малата моја да оди на пливање или атлетика или гимнастика,ама ја гледам многу ја интересира танцување,само да слушни музика и одма почнува да игра :D а исто мислам дека ќе сака да оди на некои боречки спорт оти само тоа сака да гледа на TV.па сега здравје само,нека наполни 4 години одма ја запишуваме на модерен танц (ballroom and latin dance) и на карате или џудо(јас сум EX-џудистка) :$ или несто слично.и јас се распрашав кои се идеални години за децата да почнат да се занимаваат со активности,и ми кажаа дека нај добро е од 4 годинки
Аватар на корисникот
ane.bella

Сино цветче
 
2457
Мислења: 112
Зачленет: 18 Јун 2011, 14:09
Локација: USA

Be who you are & say what you feel,because those who mind don't matter and those who matter don't mind

Мислење 06 Фев 2012, 11:46

Јас мислам дека малку претерав со активности оваа година, особено ова полугодие, ама ќерка ми има желба за активности, ништо не е со сила. Сега не оси уште на се, ама од први март распоредот ќе и биде:

- два пати неделно вежби на физикална - задолжително оди на вежби, не е прашање на избор туку нешто што ќе го прави додека порасне, ама навикната е зошто од мала оди, и сака да оди.

- два пати неделно балет - многу сакаше да оди, јас малку го одложив одењето за да неи биде напорно, ама сепак сега ја запишав зошто имаше голема желба.

- два пати неделно базен. Рече дека сака да оди и на балет и на базен. Јас и син ми секако ќе се запишеме, а цената за двајца или за тројца од исто семејство е иста (во двата случаи се плаќа 3000 ден месечно), па решив да ја запишам, а да доаѓа кога сака, без никакво форсирање. Иако сум прилично сигурна дека ќе сака да оди.

И јас и таа сакаме да оди на уште милион други работи, ама не се постигнува :D
Здравје, сакам да ја зпаишам и на кошарка - згодно е што имаат во училиште, веднаш после часови, само истите денови со балет е, и не сакам да ја преморам, а и многу се поти, не е за во зима...
Исто така би ја запишала и на цртање и во драмско студио, многу сака да оди, двете се само по еднаш неделно, драмското е во недела, ама тој е единствениот слободен ден што го имаме, и мислам дека навистина ќе биде премногу.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1832749
Мислења: 2219
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter